Фотоапарати со заменливи објективи

Фотоапарати со заменливи објективи

Фотоапарати со заменливи објективи

Видеоснимки со врвни детали и карактер

Слика од маж кој снима видео во кое субјектот е жена Слика од маж кој снима видео во кое субјектот е жена

Видеоснимки со врвни детали и карактер

Снимање висококвалитетни 8K-видеоснимки 0

Форматот XAVC HS овозможува снимање висококвалитетни видеоснимки со 8K-резолуција (7680 x 4320), 24p (25p)0 и ефикасна компресија со HEVC/H.265, што максимално ги искористува објективите од Sony и резолуцијата што ја нуди сензорот и функцијата за обработката на сите точки. Дури и најмалите детали на субјектот се доловуваат реалистично.

Снимање неверојатни 4K-видеоснимки со 60p(50p)0

За снимање 4K-видеоснимки може да ги изберете форматите за целосна слика и Super 35 мм. Обработката на сите точки во режимот Super 35 мм без потреба од соединување на точките0 овозможува прекумерно семплирање до 2,6x за 4K-видеоснимките1. Поддржани се форматите XAVC S-I (All-Intra) и XAVC HS со семплирање на бои од 4:2:2 и 10 бита.
Слика од жена која пешачи во шума

Expressive S-Cinetone™

Опцијата S-Cinetone, создадена врз основа на технологијата CineAlta™ за камери како што е познатата VENICE, нуди природни средни тонови што се неопходни за природниот изглед на тоновите на кожата, како и меки бои и прекрасни светли тонови. 
Слика од две жени кои одат

Крива за гама S-Log3 со опсег од 14+ чекори

Кривата за гама S-Log3 ја нагласува градацијата од сенки до средни сиви тонови (18% сива боја), создавајќи маргина на грешка од 14+ чекори заради ефикасно уредување.
Слика од две жени кои одат една кон друга

Следење во реално време за видеоснимки

Благодарение на подобрувањата во препознавањето субјекти, следењето во реално време е уште подобро и автоматски ги следи наведените субјекти со прецизен фокус, а ги фокусира и очите на субјектите.
Слика од маж кој држи фотоапарат

Активен режим за подобра стабилизација при снимање

Активниот режим нуди моќна стабилизација на слика при рачно снимање видео. Освен вградената стабилизација, компатибилните објективи со сопствена стабилизација на слика се координираат со фотоапаратот заради ефикасна контрола, овозможувајќи рачно снимање дури и на телефото слики.
Слика од цвеќиња во фокус, со жена во заматена заднина

Компензација на дишење за постојан агол на гледање

При снимање видео, компензацијата на промените во фокусната должина обезбедува доследен агол на гледање и спречува промени предизвикани од поместување на положбата на фокусот. Метаподатоците се користат при обработката по снимањето.
Екран на фотоапарат што прикажува полиња со јачмен, со текст врз сликата што укажува дека е поставена ознака за снимка

Сеопфатни алатки за снимање видео

α7R V нуди алатки за снимање како провидна сигнална рамка за снимање што се прикажува на екранот, режим за флексибилна експозиција, прилагодување на балансот на белата боја при снимање, нови ознаки за снимки за соодносот на слика и тајмер за снимање.