Дизајниран за креатори на содржини

Слика од маж кој фотографира од низок агол Слика од маж кој фотографира од низок агол

Дизајниран за креатори на содржини

Нов LCD-екран што се врти по 4 оски

Ненадмината флексибилност за следење

Новосоздадениот екран што се врти по 4 оски од Sony нуди комбинација од стандардно закосување и флексибилно странично отворање. Овозможува поголема слобода при снимањето со неограничено прилагодување на аголот и во хоризонтална и во вертикална ориентација0.
Слика од α7R V со својот LCD-екран

LCD-екран од тип 3,2 со детален приказ

LCD-екранот на α7R V нуди сооднос на слика од 3:2, 2,1 милиони точки, ракување на допир и широка палета на бои (еквивалент на DCI-P3). Достапен е режим за надворешно користење наменет за јасна слика во светли надворешни услови.
Слика од визирот на фотоапаратот

QXGA-визир со најголема резолуција во својата класа0

Електронскиот OLED-визир со 9,44 милиони точки нуди 1,6x подобра резолуција, зголемување до 0,90x што е светски рекорд, дијагонално видно поле од 41° и опција за 120 fps за минимално заматување на движењата.
Слика од фотоапарат со CFexpress-картички и SD-картички

Два отвори за медиуми CFexpress Type A

Двата отвори за медиуми на α7R V поддржуваат картички CFexpress Type A и картички UHS-I и UHS-II SDXC/SDHC. Брзото запишување на картичките Type A овозможуваат обработување големи количини на податоци без напор. Достапни се посебни режими за снимање со пренасочување и истовремено снимање.
Слика од вртливото копче S&Q

Наменско вртливо копче за фотографии/видео/S&Q

Вртливото копче за фотографии/видео/S&Q нуди брзо и независно избирање, овозможува брз пристап до најпрактичните поставки за фотографирање за секој режим.
Слика од LCD-екранот на фотоапаратот и прст што допира по него

Ракување на допир при фотографирање и репродукција

Функциите за фокусирање со допир, следење со допир и бленда на допир може да се активираат последователно со допирање икони на екранот. При репродукција, сликите може да се избираат со допир.