Создаден за лесно снимање видеоблогови

Работи одлично со вашиот паметен телефон

Вертикални видеоснимки на едноставен начин

Снимајте вертикални видеоснимки0 за социјални медиуми, исто како со телефон. ZV-1F ви нуди и опција за ротирање хоризонтални видеоснимки во самиот фотоапарат, без потреба од дополнително уредување. Вертикалните видеоснимки се означуваат автоматски за да можете да ги префрлите директно во вашиот телефон и брзо да ги споделите со светот.
Слика од човек кој снима вертикално видео

Поврзете го вашиот паметен телефон за да направите повеќе

Префрлете ги сите снимени слики и видеоснимки во вашиот паметен телефон преку Wi-Fi со помош на Creators’ App. Таа го претвора вашиот телефон во далечински управувач за далечинско снимање.
Слика од паметен телефон поврзан со фотоапарат, прикажува слика од фотоапаратот

Изберете ги најдобрите сцени

Префрлете ги само сцените што ви требаат и заштедете време и простор во телефонот. Со додавање ознаки за снимки додека снимате или гледате видеозаписи, може да отсечете видео од 15, 30 или 60 секунди0 што ќе го пратите директно во телефонот1. Ознаките за снимки ви овозможуваат и полесно пронаоѓање на сцените што сакате да ги искористите.
Слика на која се прикажани ознаките за снимки

Едноставен пристап

Едноставна и интуитивна контрола

Дури и корисниците кои прв пат користат фотоапарат ќе можат веднаш да почнат да фотографираат со ZV-1F. Нема потреба да учите сложени поставки. Иконите за контрола се прикажуваат на екранот и лесно се прилагодуваат со само еден допир.
Слика од ситуација во која човек контролира фотоапарат со допир

Не заборавајте да го притиснете копчето за снимање

Заборавете на случајното пропуштање на случувањата. Кога ќе притиснете за да снимате, светилката за снимање ќе почне да свети во црвена боја и на екранот ќе се прикаже црвена рамка, за веднаш да утврдите дека ги снимате важните моменти.
Слика од производот со вклучена сигнална светилка и црвена рамка

Исклучително пренослив

Фотоапаратот е мал, лесен и дизајниран да се носи секаде - исто како вашиот паметен телефон. Снимајте го секојдневниот живот без напор и доловувајте содржини во движење.
Слика од производот во рака
Лого за Creators' Cloud

Cloud-услуги на Sony

Најавете се на Creators' Cloud за да извлечете максимум од алатките за снимање од Sony. Со тоа ќе добиете пристап до услугите на Cloud како Master Cut (Beta), која ги користи метаподатоците од фотоапаратот и Cloud AI за ефикасно создавање на грубо обработени видеоснимки, што ќе ви заштеди многу време. Или, пак, користете Ci Media Cloud за полесно и попрактично снимање и соработка со тимовите.
Дознајте за Creators' Cloud
Лого за Creators' App

Creators' App

Creators' App е апликација за паметни телефони која ви овозможува да го поврзете вашиот фотоапарат од Sony со Cloud, што ја подобрува функционалноста и ја зголемува практичноста за фотографирање и споделување.
Дознајте повеќе за Creators' App