Нашиот најсветол 4K-телевизор досега

Најдобриот модел. Нашиот најсветол BRAVIA 4K-телевизор досега нуди извонреден контраст за да создаде најдобро и најреално филмско доживување.

BRAVIA 9 (дизајн на телевизори од 75 инчи) /
Кино

Ваш дом. Ваше кино.

Сите детали, сите бои, токму така како што ги замислил креаторот. BRAVIA ја доловува целосната длабочина на приказната и репродуцира богати и реални слики кои уште повеќе ќе ве задлабочат во секоја сцена.

Слика

Ненадмината светлина, неспоредливо прекрасни бои

Зачекорете во нов свет на реалистичност. За разлика од другите телевизори, нашата проширена палета на бои овозможува сликите да бидат живописни и заситени дури и при високи нивоа на осветленост, за да ги гледате сликите исто како што ги замислиле креаторите на содржини.

Природна светлина, прекрасни и живописни светови

Замислете си прекрасно осветлен планински пејзаж прекриен со снег. Одликувајќи се со најголема осветленост досега, овој извонредно светол телевизор може да ги репродуцира сцените со природа реално и детално, дури и при најсилна сончева светлина.

Врвен контраст. Професионална технологија за екрани.

Уживајте во нова ера на контраст. Слично на технологијата за контрола на задното осветлување кај нашите филмски монитори (професионални монитори), XR Backlight Master Drive со уникатен алгоритам за локално затемнување ги контролира илјадниците LED-светилки прецизно за да создаде реален контраст.

Повеќе од милијарда живописни и реални бои

Погледнете ги боите на светот исполнети со реална живописност. Нашата технологија XR Triluminos Pro™ репродуцира повеќе од милијарда бои со дискретни разлики во заситеноста и тоновите, создавајќи природни нијанси во сите детали.

Кристално јасни слики. Со технологија за AI.

Откријте ги деталите одново. XR Clear Image користи приспособена база на податоци за интелигентно да го подобри квалитетот на вашите омилени содржини приближно до 4K. Шумот се минимизира со XR Clear Image преку поделба во зони и динамичка анализа на кадрите.

Дури и брзите движења се јасни, светли и остри

Заборавете на заматувањето. XR Motion Clarity™ ги анализира движењата низ повеќе кадри и прецизно го синхронизира задното осветлување со движењата на екранот за да гледате јасни и светли слики, независно колку се брзи движењата.

Ненадмината реалистичност со XR Processor™ и AI-технологија

Подготвени за прецизност. Нашиот XR Processor™ користи AI-систем за препознавање сцени кој ги открива и анализира податоците со беспрекорна прецизност, а потоа ја оптимизира сликата за да изгледа реална.

Дознајте за XR-процесорот™

Прекрасни бои. Од сите агли. Во сите опкружувања.

Секое место за гледање е најдобро. Со X-Anti Reflection™, сликите се појасни и имаат помалку одблесоци и отсјај. X-Wide Angle™ овозможува сликите да изгледаат прекрасно и од страните и од центарот.

Пренесете ја сликата од кино салите во вашиот дом

Нурнете во слики како од кино во вашиот дом. Нашето професионално искуство за квалитет на слика на домашната забава ни помага верно да ја репродуцираме замислата на креаторот на содржини, користејќи режими од типот Studio Calibrated создадени од соработката на Sony со најдобрите услуги за проследување во светот.

Погледнете ги нашите калибрирани режими
Звук

Нашиот најдобар филмски звук. Првиот телевизор во светот со Beam-високотонец.

Уживајте во простран филмски звук. Благодарение на првиот Beam-високотонец во светот што е насочен нагоре и вграден во телевизор, како и двата високотонци во рамката, ќе слушате звук што излегува од екранот исто како во кино.

Опкружувачки звук како во кино, сликите и звукот се во хармонија

Чувствувајте се како да сте во кино. Acoustic Multi-Audio+™, со Beam-високотонец поставен на горната страна и високотонци во рамката поставени странично, создава филмски опкружувачки звук. Сите звуци се репродуцираат од соодветно место.

Beam-високотонец за врвен опкружувачки звук што се движи над вас

Звук без граници. Нашиот Beam-високотонец го проектира звукот нагоре и го одбива од таванот, па затоа навистина изгледа како воздушните ефекти да се случуваат над вас. Исто така, високотонецот во рамката ја вибрира рамката и проектира реален звук нанапред.

Кристално јасен глас. Со технологија за AI.

Нема повеќе придушени гласови. Нашата нова технологија Voice Zoom 3™ препознава човечки дијалози користејќи машинско учење со AI и соодветно ја зголемува или намалува јачината на звукот за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно. Може да се користи и со нашите производи за домашно кино.

Интелигентната обработка го претвора стерео звукот во извонреден 3D-опкружувачки звук.

Уживајте во реален звук. Нашата технологија за конверзија во 3D-опкружувачки звук создава виртуелен опкружувачки звук од горната, левата и десната страна користејќи ги само звучниците на телевизорот. Дури и звукот со 2 и 5.1 канали се претвора во реален 5.1.2-канален звук. Освен тоа, поддршката за Dolby Atmos® и DTS:X® нуди незаборавен просторен звук.

Домашна забава

Со BRAVIA Theatre, домот се претвора во кино

Исполнете ги сите делови на просторијата со возбудлив филмски звук. Спојувањето на BRAVIA со BRAVIA Theatre ги пренесува чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом, создавајќи ненадминато аудиовизуелно доживување.

Најдобро е со слушалки

Изберете различни комбинации на производи за да видите каков ефект ќе имаат врз вашиот филмски звук.

Сеопфатен филмски звук, подобар од стандардниот виртуелен опкружувачки звук

Тоа е револуционерно. Нашата технологија 360 Spatial Sound Mapping создава фантомски звучници како дополнување на физичките звучници, за да создаде распоред на звучници како во кино и реална забава како од кино во вашиот дом.

Звукот е прецизно усогласен со случувањата на екранот

Звукот се прилагодува како интегриран систем на звучници. Acoustic Center Sync ѝ овозможува на нашата опрема за домашно кино да го користи BRAVIA како централен звучник, за звукот да излегува директно од екранот наместо само од звучникот во вид на лента.

Кристално јасен глас. Со технологија за AI.

Нема повеќе придушени гласови. Нашата нова технологија Voice Zoom 3™ препознава човечки дијалози користејќи машинско учење со AI и соодветно ја зголемува или намалува јачината на звукот за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно. Може да се користи и со нашите производи за домашно кино.

Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® и DTS:X® преку спојување на нашиот пренослив звучник или BRAVIA Theatre U со BRAVIA за да добиете простран опкружувачки звук. Може да се користи и со одредени слушалки од Sony.

Контролирајте го вашиот BRAVIA Theatre без напор

Функциите, како што се звучното поле и јачината на звукот, може лесно да ги контролирате преку далечинскиот управувач на телевизорот. Благодарение на вградениот кориснички интерфејс, поставките за звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на BRAVIA.

Една слика, паралелна репродукција на звук

Нашиот телевизор со истовремена репродукција на звук ви овозможува да слушате серија на вашите слушалки, а вашиот партнер да ја слуша истата серија преку звучниците на телевизорот. Исто така, може посебно да ја менувате јачината на звукот преку уредите со Bluetooth.

Smart

Забава што ја сакате. Со помош од Google.

Google TV™ ги обединува филмовите, сериите и другите содржини од вашите апликации и претплати и ги организира специјално за вас.

Дизајн

Хармонично присуство. Се вклопува совршено.

Сè е во хармонија. Нашите нови дизајни на телевизори го разубавуваат вашиот животен простор со форми, материјали, бои и завршни обработки што прекрасно се вклопуваат со ентериерот, ѕидовите и производите за домашно кино.

Дизајн во вид на плоча. Совршен од сите страни.

Целосно обединет. Нашиот концепт за дизајн во вид на плоча ги спојува екранот и рамката во една плоча, ги минимизира пречките и максимално го подобрува вашето доживување. Челичниот држач се витка навнатре за да добиете прекрасен изглед од секој агол.

Фатете ја рачката за да го вклучите телевизорот

Заоблени рабови. Хармонија со вашиот дом.

Дизајниран со речиси невидлива рамка. Неговата текстура со природна топлина и отпорност на дамки совршено одговара на ентериерот, ѕидовите и BRAVIA Theatre.

Совршено ги интегрира телевизорот и звучникот во вид на лента, држачот речиси воопшто не се гледа

Паметно скриен. Нашиот дискретен држач е тенка и рамна челична плоча дизајнирана со метална завршна обработка со паралелни вдлабнатини. Ставете го BRAVIA Theatre врз држачот и тој ќе исчезне.

Повеќенаменскиот држач одговара на вашиот стил

Апсолутна флексибилност. Нашиот 4-насочен држач ви нуди избор на надворешно поставување, внатрешно поставување за помали полици или две положби за звучник во вид на лента за да ги задоволи вашите потреби.

Нема неред, независно од кој агол гледате

Без грди кабли врз масите. Задниот капак и држачите за кабли уредно ги кријат каблите за да спречат неред од сите страни.

Игри

Play Like Never Before™

BRAVIA ги доловува извонредната графика и звучните ефекти на денешните игри. Желни за повеќе? Поврзете конзола PlayStation®5 за максимално уживање.

Животна средина и пристапност

Сакајте ја планетата, паметен избор за сите

Производите BRAVIA се дизајнирани да се хармонизираат со потребите на луѓето, а притоа да водат сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да користат уреди од Sony и ги прошируваме нашите иницијативи за животната средина преку употреба на рециклирани пластики во нашите производи. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот