Контролирајте ги BRAVIA и BRAVIA Theatre преку вашиот паметен телефон со апликацијата Sony | BRAVIA Connect. Од поедноставување на почетното поставување па сè до решавање проблеми, таа овозможува уште полесно користење на нашите телевизори и производи за домашно кино.012
Преземете ја контролата преку вашиот паметен телефон
Може да ја поставите апликацијата да работи и со телевизори и со аудиоуреди за во домот. Повеќе нема потреба да го барате соодветниот далечински управувач - правете сè преку паметниот телефон. Менувајте јачина на звукот, прилагодувајте поставки и многу повеќе.012
Поставување без упатство за користење
Заборавете на упатството за користење - треба само да ги следите анимираните чекори што ги прикажува апликацијата за да го завршите поставувањето. Кога ќе поставувате други уреди, апликацијата автоматски ќе ги сподели информациите за Wi-Fi за да не ја внесувате лозинката. Исто така, апликацијата ви овозможува да го оптимизирате звучното поле и да го приспособите во однос на положбата каде што вообичаено седите.012
Технички службеник за вашето домашно кино
Со нашата апликација ќе имате бесплатен технички службеник во домот. Добивајте технички препораки, откривајте практични функции и дознајте за најновите ажурирања на софтверот за да го подобрите вашето приватно кино.01