Три телевизори Bravia од Sony прикажани на црвен килим во гламурозен амбиент. Три телевизори Bravia од Sony прикажани на црвен килим во гламурозен амбиент.

Разгледајте ја најновата палета на телевизори BRAVIA

Кино во вашиот дом. ​

Кино во Вашиот дом

Седнете сите пред екранот и уживајте заедно во сцени со реална слика и опкружувачки звук, кои се создадени за филмови. Дозволете им на филмовите да ве воодушеват. Гледајте ги во поинакво светло и слушајте ги на нов начин. Исполнете ја собата со приказни и внесете чувство на реалистичност во дневната соба.

Иднината на боите

Нашите најоригинални бои досега. Откријте го целосниот спектар на филмското доживување. Врвната технологија True RGB ги создава нашите најреалистични бои досега, со независно контролирани RGB LED-светилки во три бои, откривајќи ја секоја приказна на реален начин, дури и во најтемните сцени.

Краток филм „IS THIS REAL“
од Laurence Sher

Технологијата на Sony се спојува со кинематографскиот талент за да го покаже целиот потенцијал на телевизорите BRAVIA и BRAVIA Theatre од Sony. Во овој краток филм, снимен од кинематографот Lawrence Sher, погледнете како BRAVIA внесува емотивна длабочина, прекрасен звук и визуелна убавина во вашиот дом. Во секоја сцена се нагласува богатиот филмски звук, како и боите и деталите, благодарение на напредните технологии за слика на BRAVIA.

Сценарист и режисер на Is this real?

Lawrence Sher, ASC.

„Во кинематографијата нема ништо пофрустрирачко од трошењето неброени часови за усовршување на нашите слики за големото платно, а потоа да ги видиме на телевизори кои не само што не ги прикажуваат точно нивните реални бои и нивниот контраст, туку и ги претвораат во нешто сосема поинакво.
Брендот BRAVIA отсекогаш ги претставувал најдобрите телевизори, преку реално зачувување и одржување на интегритетот на сликата. Тие ги имаат најдобрите бои, контраст и светлина, а сега со најновиот BRAVIA, границата се подигнува највисоко досега за елиминирање на разликите помеѓу киното и домот - ова е несомнено најдобриот телевизор што сум го видел досега“.

Lawrence Sher, ASC е наградуван кинематограф и режисер.
Неговата кинематографија на Џокерот му донесе номинација за Оскар.

Од објектив до дневна соба

Sony учествува во сите аспекти на снимањето филмови, почнувајќи од снимање на филмот и уредување по снимањето, па сè до емитувања и филмски проекции. Нашето професионално искуство ни овозможува да создадеме доживување како во кино во вашиот дом.

Големината е важна

Проширете ги вашите хоризонти. Од привлечни слики одблиску до раскошни пејзажи, поголемиот екран ќе ја прикаже вашата забава во најдобро издание. Впарете го со BRAVIA Theatre Trio за да добиете кристално чисти дијалози и филмски звук, кој ќе ја исполни собата и ќе ги доближи сите моменти.

Прекрасни бои од секое место на седење, во
сите опкружувања

Дури и во светла просторија во текот на денот, рефлектирањата се намалени и сликата е јасна и живописна, што ви овозможува да уживате целосно во светот на филмот. Специјалната фолија поставена врз екранот ги минимизира рефлектирањата од надворешните извори на светлина и од внатрешното осветлување.

Звукот на киното

Приклучете BRAVIA Theatre за вистинско домашно кино. 360 Spatial Sound Mapping создава повеќе фантомски звучници, со кои ќе се чувствувате како звукот да доаѓа кон вас од сите страни - дури и од местата каде што нема звучници - за да уживате во филмовите.

НОВИ ВОЗБУДЛИВИ ПРОИЗВОДИ

НОВИ ВОЗБУДЛИВИ ПРОИЗВОДИ