Првиот телевизор во светот со когнитивна интелигенција - нова димензија на слика и звук

 За слика и звук што може да ги почувствувате - Cognitive Processor XR 

Телевизорите BRAVIA со Cognitive Processor XR™ ги анализираат содржините и ги репродуцираат на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето. На пример, тие знаат на кое место во сликата се фокусираат луѓето - како главниот лик во филмот. Исто така, знаат дека звукот треба да доаѓа кон вас одозгора кога лета некој авион и така го репродуцираат звукот во вашата дневна соба. Како резултат ги добивате омилените содржини репродуцирани на начин што може да го почувствувате.

Како функционира Cognitive Processor XR

Стандардната AI може да открива и анализира само елементи на сликата како бои, контраст и острина, поединечно. Тоа значи дека елементите на сликата се подобруваат само до одредено ниво. Но, начинот на кој го перципираме светот се основа врз секакви видови на информации што ги добиваме од очите и ушите во мозокот. Cognitive Processor XR™ работи на ист начин и врши вкрстена анализа на стотици илјадници елементи одеднаш. Еден од овие елементи е и фокусната точка која може да открие каде луѓето се фокусираат најмногу. Со вкрстена анализа на сите елементи на сликата, вклучувајќи ја и фокусната точка, тој генерира информации за длабочина и ги прилагодува сите делови за да внесе максимална длабочина и реалност во сликата.

(1) Оригинал (2) Бои (3) Острина (4) Фокусна точка (5) Контраст (6) Длабочина (7) Движење (8) Вкрстена анализа

Што е фокусна точка?

Фокусна точка е местото на сликата каде што го насочувате вниманието, каде што очите природно се насочуваат во самата сцена. Телевизорите со Cognitive Processor XR ја препознаваат таа фокусна точка и го подобруваат тој дел од сликата, исто како што би направиле нашите очи во реалниот свет. Така се добива поголема длабочина за фудбалерот или главниот лик, а табелите со резултати се полесни за гледање.

Две слики на екранот, левата прикажува сончогледи во поле со облаци на небото, а десната прикажува како когнитивната интелигенција ја анализира и генерира мапата за длабочина на сцената за да ги подобри текстурите и длабочината
Што значи мапирање на длабочината?

Телевизорите BRAVIA XR користат когнитивна интелигенција за да ги подобрат текстурите и длабочината и да создадат реални доживувања. Когнитивната интелигенција ја анализира и генерира мапата за длабочина. Длабочината во преден план се подобрува, а заднината се прилагодува, за целата слика да изгледа пореална и поприродна.

Погледнете како функционира фокусната точка кај Cognitive Processor XR 

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Создавање пореално и неверојатно звучно поле, исто како што слушате во реалноста
Телевизор што прикажува жена која пее и звучни бранови што излегуваат од микрофонот на екранот
Позициониран звук што ве задлабочува во случувањата

Со напредната обработка на звук што го симулира човечкото уво преку одредување од каде доаѓа звукот и негово позиционирање во соодветната точка на екранот, телевизорите BRAVIA XR ќе ве внесат во центарот на случувањата.

Жена гледа телевизија во дневна соба со звучни бранови од виртуелните звучници што доаѓаат кон неа одозгора, одзади и однапред
Виртуелно аудио доживување со повеќе димензии 

Телевизорите BRAVIA XR репродуцираат звук во хоризонтална и вертикална насока за да создадат реално и повеќедимензионално доживување. Тие го анализираат и конвертираат звукот во 5.1.2-кан. опкружувачки звук, создавајќи реално 3D-звучно поле.