Пребарувајте повеќе од 400.000 филмови и серии во вашите услуги за проследување на едно место, организирани во теми и жанрови според вашите интереси.012
Над 10.000 апликации и игри, директно на вашиот телевизор0123
Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите што ги добивате со BRAVIA™
Уживајте во најдобрите филмови веднаш со SONY PICTURES CORE. Вашиот телевизор BRAVIA го добивате со кредити за филмови за да можете веднаш да погледнете едни од најновите изданија. Изнајмете најмногу 15 филмови и добијте 24-месечен пристап до одличен избор на максимум 100 филмови, што редовно се ажурира.01234
SONY PICTURES CORE го пренесува филмското доживување во домот
Вака треба да уживате во филмовите. SONY PICTURES CORE Calibrated Mode е резултат на соработката помеѓу нашите инженери за телевизори и експертите на Sony Pictures, за да добиете слика со филмски квалитет во вашата дневна соба.
Гледајте Netflix со филмски квалитет што се оптимизира автоматски
Гледајте од Netflix на потполно нов начин. Нашиот Netflix Adaptive Calibrated Mode, дизајниран од Sony и Netflix, нуди слика како од филмско студио во вашиот дом, со светлина што автоматски се прилагодува според амбиенталните услови во вашата соба.
Sony и Prime Video ви нудат слики како од филмско студио во вашиот дом
Гледајте филмови, серии, па дури и спорт во живо на ист начин како што замислиле режисерите и телевизиските куќи. Со Prime Video Calibrated Mode, поставките за слика се калибрираат автоматски според содржините што ги гледате, како спорт во живо, за да добиете Prime Video со квалитет како од филмско студио во вашиот дом.01
Звук IMAX Enhanced со DTS:X
Уживајте во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ преку BRAVIA и BRAVIA Theatre, овозможено со технологијата IMAX® Enhanced0.
Реално филмско доживување
Уживајте во навистина незаборавни филмови во домот. Нашиот телевизор ги исполнува строгите стандарди за IMAX® Enhanced, DTS:X®, Dolby Vision® и Dolby Atmos® за да овозможи неверојатно амбиентално и реално доживување при гледањето.
Продолжете да гледате. Останете смирени.
Гледајте ги сите содржини со попријатна светлина за да не се вознемирите. Поставката за слика за смирување е режим за квалитет на слика што ја намалува светлината и применува помеки бои и контраст.
Контрола
Кажете што сакате да гледате
Пронајдете ги омилените содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за гласовна контрола на далечинскиот управувач за да започнете.0123
Chromecast built-in™
Проследувајте од вашиот уред. Лесно проследувајте филмови, серии, фотографии и многу повеќе од вашиот телефон или таблет-уред, директно кон телевизорот.01
Компатибилност со Apple AirPlay 2
Проследувајте без напор од вашиот iPhone, iPad или Mac кон вашиот телевизор. Гледајте филмови од апликации или од Safari. Споделувајте фотографии со пријателите во просторијата.012
Контролирајте го телевизорот со вашиот глас преку Siri
Контролирајте телевизор од Sony лесно и безбедно преку апликацијата Apple Home и Siri на вашиот уред од Apple, благодарение на технологијата Home. Поставете го телевизорот во неколку едноставни чекори и контролирајте го со допир или разговарајќи со Siri.01
Apple Fitness+. Сега на BRAVIA.
Проследувајте од Apple Fitness+ и гледајте мерења на вашиот телевизор BRAVIA, како тајмери и совети од тренери, со Apple AirPlay. Ако имате Apple Watch, тогаш може да гледате и лични мерења како срцев пулс и согорени калории.01
Поинтуитивен. Модерен интерфејс.
Ракувањето штотуку стана полесно. Одново го дизајниравме нашиот кориснички интерфејс заради полесно ракување, за да можете лесно да добивате информации за влезните приклучоци и да ги гледате поставките.0
Камера
Најдоброто место за седење. На секое место. Во секое време.
Сè е совршено, каде и да сте. Со откривање на вашата положба, светлината во вашата просторија и рефлектираната светлина од амбиенталното осветлување, BRAVIA Cam™ ги прилагодува светлината, контрастот, балансот и јачината на звукот за да го оптимизира вашето доживување според местото каде што седите.01234
Автоматска заштеда на енергија
Заштедува енергија. Со помош на BRAVIA Cam™, автоматскиот режим за заштеда на енергија ја оптимизира потрошувачката на енергија преку автоматско затемнување на екранот кога не сте пред телевизорот.01234
Предупредување за близина
Оддалечете ги децата од телевизорот. Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и го предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.01
Практичен начин за контрола на вашиот телевизор
Едноставно како мрдање со прстите. Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја приспособите јачината на звукот и многу повеќе со помош на едноставни гестикулации, не ви треба далечински управувач.01
Камерата е затворена, приватноста е заштитена
Заштитете ја вашата приватност со едно движење на прстот. Преклопникот на горната страна на BRAVIA Cam™ го затвора капакот на камерата. Прикачувањето и откачувањето на BRAVIA Cam™ е многу лесно.01
Далечински управувач
Еко далечински управувач. Лесен за пронаоѓање, чистење и користење во секое време.0
Навистина повеќефункционален. За нашиот компактен и врвен еко далечински управувач со можност за полнење се користи приближно 80%0 рециклирана пластика. Сепак, лесно може да го користите во темнина, лесен е за пронаоѓање и за чистење и може да ги контролира поврзаните уреди.12
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
За користење на овој телевизор се потребни задолжително ажурирање на софтверот од Google при поставувањето на телевизорот и согласност за правилата за користење на услугата и политиката за приватност на Google.