Дознајте за функциите на WF-1000XM5

Слушалки со најдобро поништување на шум

WF-1000XM5

WF-1000XM5 имаат најсовремена технологија што нуди звук со врвен квалитет и најдобри перформанси за поништување шум на пазарот. Процесорите за звук во реално време и микрофоните со високи перформанси му овозможуваат на специјално дизајнираниот звучник Dynamic Driver X да репродуцира широк опсег на фреквенции, длабок бас и јасни вокали. Тие се дизајнирани да ви понудат звук што е толку добар, што ќе се чувствувате како во музичко студио со вашите омилени изведувачи. Слушалките WF-1000XM5 го подигнуваат стандардот за слушање без пречки и остар звук.

()
Боја :
  • 1 Платинеста сребрена боја
  • 2 Црна
  • WF-1000XM5

    • 1
    • 2
    НОВО


Разгледајте ги слушалките WF-1000XM5

Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Приказ од 360 степени на слушалките WF-1000XM5
Слика од човек со затворени очи, стои на железничка платформа и ги носи слушалките WF-1000XM5

Најдоброто поништување на шум

Слушалките WF-1000XM5 го намалуваат надворешниот шум во широк опсег, почнувајќи од ниски па сè до високи фреквенции. Имаат два ексклузивни процесори што поништуваат најмногу надворешен шум досега, нов звучник Dynamic Driver X со високи перформанси, два повратни микрофони и иновативни ушни влошки за изолација на шум и постабилно вметнување. Поништувањето на шумот во реално време може да се оптимизира за да добиете најдобри перформанси според вашето опкружување, така што ќе забележите огромна разлика при слушањето, особено ако сте во авион, воз или автобус. 
 

Неверојатен квалитет на звук

Специјално дизајнираниот звучник Dynamic Driver X нуди репродукција на широк опсег на фреквенции за подлабок бас, дискретни вокали и врвни детали, особено од инструменти за високи тонови. Извонредните перформанси, низ целиот опсег на фреквенции, овозможуваат јасен и природен звук, независно од содржините што ги слушате.
Слика од WF-1000XM5, со раздвојување на внатрешните компоненти на посебни делови, позиционирани едни покрај други

Најдобриот квалитет за повици од Sony0

Благодарение на алгоритамот за намалување шум врз основа на AI со обработка преку длабока невронска мрежа (DNN), како и на сензорите за пренос преку коските, вашиот глас ќе биде јасен и поприроден, дури и во бучно опкружување. А кога сте надвор, структурата за намалување шум ќе ги минимизира сите шумови од ветер, што значи дека секогаш ќе бидете слушнати.
Слика од човек кој разговара на телефон, стои на станица за јавен транспорт со многу луѓе и ги носи слушалките WF-100XM5

Мал и прекрасен дизајн

Овие слушалки, со подобрена сјајна текстура и полуксузен изглед, удобно се вметнуваат во вашите уши и ги блокираат надворешните звуци. Со намалување на димензиите на куќиштето на слушалките и оптимизирање на распоредот на компонентите, слушалката е приближно 25% помала и 20% полесна од WF-1000XM4. Исто така, ја намаливме големината на футролата за полнење, за да биде уште понезабележителна кога ја носите во џеб.
Слика од слушалка WF-1000XM5 позиционирана во 3D-слика од уво

Слика со икона од звучник во круг со линија низ средината

Најдоброто поништување на шум со два процесори со високи перформанси и два повратни микрофони

Слика со икона од музичка нота

Неверојатен квалитет на звук со специјално дизајниран звучник

Слика со икона од мобилен телефон

Одлични повици без шум со помош на сензор за пренос преку коските и систем за намалување на шумот (со помош на AI)

Слика со икона од слушалки

Врвен ергономски дизајн за стабилно и удобно вметнување

Слика со икона од батерија со 3 ленти

Водоотпорност и издржлива батерија за секојдневно користење

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.