Слушалките WF-1000XM5 го намалуваат надворешниот шум во широк опсег, почнувајќи од ниски па сè до високи фреквенции. Имаат два ексклузивни процесори што поништуваат најмногу надворешен шум досега, нов звучник Dynamic Driver X со високи перформанси, два повратни микрофони и иновативни ушни влошки за изолација на шум и постабилно вметнување. Поништувањето на шумот во реално време може да се оптимизира за да добиете најдобри перформанси според вашето опкружување, така што ќе забележите огромна разлика при слушањето, особено ако сте во авион, воз или автобус.
Технологија за повеќе сензори за шум
Трите микрофони на секоја слушалка, заедно со два повратни микрофони, ги подобруваат перформансите за поништување ниски фреквенции. Ова е нашиот најголем напредок во поништувањето на шумот, што резултира со уште попрецизно доловување на амбиенталниот звук. На тој начин ќе уживате во нашите најчисти звуци.
Ненадминато поништување на шум0
Ексклузивно дизајниран од Sony, вградениот процесор V2 го искористува целиот потенцијал на нашиот процесор QN2e за HD-поништување на шум. Оваа уникатна комбинација од технологии контролира шест микрофони, вкупно за двете уши, за да обезбеди поништување на шум со ненадминат квалитет, што може да се прилагоди и да овозможи најдобри перформанси за вашето опкружување.
Нов звучник за висококвалитетен звук и поништување на шум
Специјално дизајнираниот звучник Dynamic Driver X што репродуцира пониски фреквенции има подобра структура со купола направена од различни материјали, што овозможува попрецизно генерирање на бранови за поништување шум кај пониските фреквенции.
Почувствувајте го стабилното вметнување на ушните влошки
Ушните влошки за изолација на шум се направени од уникатна полиуретанска пена што го намалува шумот во опсегот на високи фреквенции. Тие се меки и еластични, овозможуваат максималнаконтактна површина помеѓу ушната влошка и ушниот канал, го изолираат звукот и го намалуваат шумот. Исто така, го подобруваат прилепувањето со ушниот канал заради посигурно и постабилно вметнување.