Дизајн и практично носење

Мал и прекрасен дизајн

Овие слушалки, со подобрена сјајна текстура и полуксузен изглед, удобно се вметнуваат во вашите уши и ги блокираат надворешните звуци.

Со намалување на димензиите на куќиштето на слушалките и оптимизирање на распоредот на компонентите, слушалката е приближно 25% помала и 20% полесна од WF-1000XM4. Исто така, ја намаливме големината на футролата за полнење, за да биде уште понезабележителна кога ја носите во џеб.

Слика од слушалките WF-1000XM5 во нивната футрола со отворен капак
Слика од слушалките WF-1000XM5 во нивната футрола со отворен капак, едната слушалка лебди над футролата

Вашата нова, сиво-розова боја

Нежна и софистицирана розова боја со елегантен и придушен тон кој се вклопува во вашата личност.

Зрнестата мат текстура и бојата со нежна розова нијанса создаваат умерена сјајност, а притоа се усогласуваат со тонот на вашата кожа и модниот стил.

Удобни и сигурни

Нашите слушалки WF-1000XM5 имаат форма што совршено одговара на човечкото уво и ергономски дизајн за постабилно вметнување. Ги дизајниравме WF-1000XM5 користејќи обемни податоци за облици на уши собирани уште од нашите први слушалки за во уво од 1982 година. Нашата континуирана обработка на различни податоци за форма и чувствителност на уши ни помогна да дизајнираме слушалки за во уво со идеална форма, што се сигурни и удобни за речиси секого.
Слика од слушалка WF-1000XM5 позиционирана во 3-D-слика од уво

Удобно вметнување и подобра изолација на звукот

Новите ушни влошки за изолација на шум се направени од ексклузивен материјал што го подобрува вметнувањето и ја зголемува удобноста благодарение на помалиот притисок во ушите што е резултат на нивната новодизајнирана форма. Ушните влошки се испорачуваат во четири големини, вклучувајќи и SS.
Две ушни влошки за слушалките WF-1000XM5. Левата ушна влошка е целосна, а десната е делумно отсечена заради приказ на внатрешните компоненти