Слика од човек кој ги носи слушалките WF-1000XM5 и ги допира со еден прст

Интуитивно ракување

Нашите паметни функции овозможуваат полесно да пристапувате и да уживате во забавата во текот на целиот ден. На пример, допрете ги слушалките два пати за да ја контролирате јачината на звукот без да го отворате вашиот телефон, а во зависност од поставките, може да пристапите и до вашата најчесто користена услуга за музика без да ја отворите апликацијата. Едноставното приспособување што го нуди бесплатната апликација Sound Connect ќе ви овозможи да доделувате функции по ваш избор на секоја слушалка. Ракувањето со овие слушалки е лесно и тие совршено ќе се вклопат во вашиот живот.

Quick Access

Директен пристап до вашата музика со допир - нема потреба да го допирате паметниот телефон012Почнете да уживате во вашата музика без напор.
Слика од човек кој ја допира својата слушалка со еден прст, на левата страна се прикажува текстот „Брз пристап“
Слика од човек кој ги носи слушалките WF-1000XM5 додека разговара со друг човек

Зборувајте и слушајте го само амбиенталниот звук

Поставете ја функцијата Speak-to-Chat да ја паузира музиката штом почнете да разговарате со некого, за да слушате само амбиентален звук и да разговарате - ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.

Моментална пауза. Моментална репродукција.

1. Само извадете ги слушалките од вашите уши и музиката ќе запре - сензорот за близина знае кога носите една или две слушалки.

2. Вратете ги слушалките во ушите и музиката ќе продолжи.

Слика од глава, на левата страна има икона за пауза и дланка ја вади слушалката од увото
Слика од глава, на левата страна има икона за репродукција и дланка ја става слушалката во уво

Контролирајте ги слушалките со гестикулации со глава

Ракувајте со слушалките користејќи обични гестикулации со глава, како одговарање или отфрлање повици0 или, пак, активирајте Auto Play12 со наведнување или поместување на вашата глава.
Слика од две глави, левата прифаќа повик со стрелки за нагоре и надолу, десната отфрла повик со стрелки за лево и десно

Максимална практичност, максимално приспособување

Слушалките WF-1000XM5 се уште подобри со апликацијата Sound Connect. Едноставниот и интуитивен интерфејс ви овозможува да добиете идеален звук и поставки за кратенки, и да ја прегледувате вашата неодамнешна историја на слушање. Безбедното слушање ви овозможува да проверите дали ги почитувате навиките за здраво слушање од СЗО.
Лого за Sound Connect
Слика од човек кој седи во кафе-бар, ги носи слушалките WF-100XM5 и гледа во својот телефон

Контролирајте со вашиот глас

Добијте помош без да ги користите рацете со изговарање „Ok Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник0. Потоа, слушајте музика, поврзете се со пријателите, добивајте известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Може да ги контролирате и функциите на слушалките, како поништување шум, со помош на вашиот глас1.
Слика од логото „Ok Google“ и логото „alexa built-in“

Најдете ги вашите слушалки со Fast Pair

Со само еден допир, WF-1000XM5 овозможуваат брзо и лесно впарување со вашите уреди со Android™ преку Bluetooth®0.

Можете дури и да проверите каде сте ги оставиле по последното користење.

Слика од икона од лаптоп покрај симбол за безжично поврзување

Лесно впарување со вашиот компјутер

Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Слика од икона од лаптоп покрај симбол за безжично поврзување