Избран текст за видео за WF-1000XM5
Во ова видео се прикажани потполно безжичните слушалки WF-1000XM5 од Sony со дигитално поништување на шум.
Следиме три љубители на различна музика кои се движат низ типичните бучни опкружувања во кои живееме - на улица, во транзит и дома - и откриваме колку е поголемо уживањето во музиката со процесорот QN2e за HD-поништување на шум, вградениот процесор V2, технологијата со повеќе сензори за шум и специјално дизајнираниот звучник.
Прикажани се придобивките во квалитетот на звукот со технологиите за безжичен звук со висока резолуција, 360 Reality Audio, подобрување на музиката со DSEE Extreme™ и иновативните звучници на слушалките.
Дадени се различни сценарија за сите љубители на музиката за да се објаснат функциите како Speak-to-chat и приспособливата контрола на звукот. Прикажана е интеракцијата на љубителите на музиката со опкружувањето и со други луѓе додека ги носат слушалките, за да се објаснат функциите дизајнирани за поврзување на слушателот со важните амбиентални звуци.
Прикажани се удобноста и практичноста, како и примената на WF-1000XM5 за телефонски повици, благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови и сензорите за пренос преку коските.
Освен овие функции, истакнати се и безжичното и брзото полнење, долгото траење на батеријата и футролата за полнење, како и водоотпорноста IPX4 на слушалките за да се прикаже дека овие слушалки се соодветни за активен животен стил.
Видеозаписот завршува со слика од производот и анимираното лого на Sony.
За повеќе детали за сцените во видеозаписот, ве молиме погледнете подолу.
"Серија 1000X
Слушалки со најдоброто поништување на шум
WF-1000X M5"
Жена во воз ги става слушалките за во уво.
Ги допира на едната страна.
Најдоброто поништување на шум
Луѓето околу неа исчезнуваат.
Таа ужива во музиката додека оди.
Слика одблиску од слушалките за во уво.
"6 микрофони
што доловуваат повеќе амбиентални звуци"
Ја гледаме нивната внатрешна структура.
"2 процесори со високи перформанси
ги контролираат сите звуци"
"Специјално дизајниран звучник
за моќен и богат звук"
"Звук со висока резолуција
за неверојатен звук"
"DSEE Extreme
за подобар звук"
"Сега е во кафе-бар.
Сфера од музички форми околу жена."
"360 Reality Audio
ве опкружува со музика"
"Следење на главата
исто како во реалниот свет"
Најдобриот квалитет за повици од Sony
"Алгоритам за намалување шум со AI
што го стишува надворешниот свет"
"Сензори за пренос преку коските
што ја зголемуваат острината на гласовите"
Звуците од устата патуваат директно кон слушалката за во уво.
Маж трча со слушалки во ушите.
Мали и лесни,
"стабилно и удобно вметнување
и ергономски дизајн"
"Отпорност на вода
со ознака IPX4 "
Жена одговара на повик преку паметен телефон додека користи лаптоп.
Поврзување со повеќе уреди за непречено користење повеќе уреди
Жена слуша музика надвор.
Автоматски се прилагодува според амбиенталниот звук кога патувате
одите на прошетка
и додека чекате
Таа се релаксира во кафе-бар.
Сега се прикажува канцеларија.
"Speak-to-Chat
автоматски ја паузира вашата музика "
Футролата е ставена врз полнач.
Безжично полнење
"Полнење од 3 минути за
репродукција од 60 минути"
"Траење на батеријата до 8 часа
24 часа со футролата"
"Слушалки со најдоброто поништување на шум
WF-1000X M5"
Достапни во платинеста сребрена и црна боја.