LinkBuds

Постојано со вас

Со LinkBuds, секогаш сте поврзани со секојдневниот живот. Удобно носете ги преку целиот ден и јасно слушајте ги звуците околу вас без да чувствувате притисок врз ушите. Останете во контакт со луѓето и местата без да треба да ја паузирате вашата лична придружна музика. LinkBuds ги спојуваат секојдневниот живот и забавата што ја сакате, без разлика каде одите и што правите.

Лого за LinkBuds
Останете во чекор со светот

LinkBuds се доволно удобни за да ги носите цело време и паметни за да се прилагодат на вашиот живот и да ви понудат поврзување со луѓето и забавата што ја сакате.

Разгледајте ги LinkBuds
Сите ваши светови, постојано поврзани

Погледнете како LinkBuds ви овозможуваат да бидете поврзани и да ја контролирате музиката благодарение на комбинацијата на извонредно удобното вметнување, дизајнот од отворен вид и високиот квалитет на повиците и звукот.

Останете во чекор со светот

Мали и лесни со прстенест дизајн од отворен вид, LinkBuds постојано ги поврзуваат сите ваши светови.

Јасно слушајте ги повиците и музиката

Разговорите се извонредно јасни и овозможуваат реалистично доживување при слушањето, а целата ваша музика е подобрена.

Секојдневна едноставност

Нашите паметни функции го прават користењето на LinkBuds навистина едноставно и нудат контрола без напор.

Создадени без штета по околината

LinkBuds користат рециклирани пластични материјали за естетските делови и амбалажа без пластика.

Подготвени за прскање и денот пред вас

Благодарение на водоотпорноста IPX4 и долгoто траење на батеријата, LinkBuds може да ги користите секогаш и секаде.

Останете во чекор со светот

LinkBuds совршено ги поврзуваат сите ваши светови благодарение на прстенестиот дизајн од отворен вид што ви овозможува да ги слушате повиците, музиката и другите онлајн содржини во секое време, а истовремено транспарентно да ги слушате и амбиенталните звуци околу вас, без никаков притисок врз вашите уши. Мали и извонредно лесни, со стил што нуди извонредно удобно вметнување и пријатно носење со часови, тие постојано ве поврзуваат со вашиот живот и ви овозможуваат да не пропуштите ништо.

Поврзани и свесни

Новиот прстенест звучник, во кој центарот на дијафрагмата е отворен за звучна транспарентност, овозможува јасно да ги слушате звуците околу вас. Ќе може да чуете ако некој ве довикнува за време на повик или да разговарате со пријателите додека слушате музика.

Извонредно мали и лесни

Со тежина од приближно четири грама и извонредно мали димензии, LinkBuds се минијатурно чудо. За разлика од стандардните слушалки за во уво, заштитната површина што ја покрива мембраната на звучникот е вградена во куќиштето, со што се заштедува простор.

Бела футрола за LinkBuds од која е изваден еден LinkBud
Слика од сива LinkBud-слушалка во уво
Удобно и безбедно вметнување

LinkBuds комбинираат облик што совршено одговара на човечкото уво и ергономски дизајн за постабилно вметнување. Ги дизајниравме LinkBuds од опширните податоци за формата на ушите собирани од првото појавување на слушалките за во уво во 1982 година.

Јасно слушајте ги повиците и музиката

Воспоставувајте повици без шум за кристално чисти разговори. Слушајте музика со висококвалитетен звук, при што процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги обновува песните со компресија, така што вашите омилени бендови и изведувачи секогаш ќе звучат одлично.

внатрешен приказ од LinkBud
Извонредно јасни повици без шум

Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови што нуди напредна обработка на аудио сигнали, соговорникот ќе може јасно да го чуе вашиот глас при повиците, дури и кога се наоѓате во бучни опкружувања. Нашиот алгоритам за намалување на шум беше развиен со машинско учење со AI со користење на над 500 милиони примероци од гласови за да го потиснат амбиенталниот шум и јасно да го истакнат вашиот глас во разни опкружувања.

Веродостоен и природен звук

Уживајте во добро балансиран, висококвалитетен звук со јасен опсег на средните и високите тонови. Нашиот вграден процесор V1 ги репродуцира сите детали од вашата музика со минимално изобличување и ви овозможува реалистично доживување при слушањето. Специјално дизајнираниот прстенест звучник од 12 мм со приспособлива мембрана (ниско одбивање) нуди богат и добро балансиран звук.

Жена носи сив LinkBud
Лого за DSEE
Засилете ја вашата омилена музика

Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.

Секојдневна едноставност

Нашите паметни функции овозможуваат полесно да уживате во забавата и да останете во контакт.

Едноставно допрете во близина на увото

LinkBuds можеби се мали, но тоа не значи дека се тешки за користење. Со функцијата за широка површина за допир, може да допрете двапати или три пати пред вашите уши за да ја контролирате репродукцијата на музика, така што нема потреба да ги допирате самите LinkBuds за да ракувате со нив.

Маж го доближува прстот кон бела LinkBud-слушалка во неговото уво
Слика од човек на улица со илустрации околу главата што прикажуваат различни јачини на звукот
Автоматски ја прилагодува јачината на звукот според вашето опкружување

Приспособливата контрола на звукот е паметна функција што автоматски ја оптимизира јачината на звукот во зависност од местото каде што се наоѓате. Јачината на звукот е помала на потивките места и поголема во побучните опкружувања.

Зборувајте и слушајте го само амбиенталниот звук

Штом почнете да разговарате со некого, може да ја поставите функцијата Speak-to-Chat автоматски да ја паузира музиката и да пропушта само амбиентален звук - практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи.

Двајца разговараат. Едниот носи LinkBuds
Лого ознаки за вграден Google Assistant и Alexa
Контролирајте со вашиот глас

Добијте помош без да ги користите рацете. Изговорете „OK Google“ или „Alexa“ за да го активирате гласовниот помошник. Забавувајте се, разговарајте, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и друго. Контролирајте ги функциите како што е проверката за преостанато ниво на батеријата со помош на гласот. Може и да реагирате на е-пораките во Microsoft Outlook и да користите Microsoft Teams преку Google Assistant или Siri.

Лого за Google Fast Pair
Најдете ги вашите слушалки со Fast Pair

LinkBuds ја поддржуваат новата функција за брзо впарување на Google. Со еден допир и со прикажани упатства, LinkBuds нудат брзо и лесно впарување со уреди со Android™ преку Bluetooth®. Лесно може да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку вашиот паметен телефон. Ќе добиете дури и известување кога батеријата на слушалките има малку енергија за да знаете дека треба да ги наполните.

Лого за Swift Pair
Лесно впарување со вашиот компјутер

Функцијата Swift Pair нуди брзо и лесно впарување на LinkBuds со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.

Икони од лаптоп и паметен телефон
Поврзување со повеќе уреди

Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Ако добиете дојдовен повик, слушалките знаат кој уред ѕвони и автоматски се поврзуваат со него. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.

Лого за Spotify Tap
Брз пристап до вашата омилен музика

Со брзиот пристап може да ги поставите LinkBuds да продолжат со репродукција на Spotify со неколку допири, без паметен телефон.

Маж со ранец стои на градска улица и се насмевнува кон својот телефон. Околу него лебдат три меури со сцени од видеоигри.
Ново аудиодоживување за AR-игри

За нови можности за забава покрај музиката и повиците, LinkBuds користат нов сензор и технологија за просторен звук за прекрасен звук во игрите со Augmented Reality како „Ingress“ од Niantic.

Кога играте „Ingress“ и користите LinkBuds, сензорот и технологијата за просторен звук нудат ново доживување, а звукот се испорачува од различни правци во зависност од случувањата во играта која ги следи движењата на главата.

Создадени без штета по околината

Вашите LinkBuds се дизајнирани не само да имаат стилски дизајн, туку и да бидат еколошки, за што се користат рециклирани пластични материјали за естетските делови и амбалажа без пластика.

Сива футрола за LinkBuds со LinkBuds покрај неа, опкружени со сиви парчиња пластика
Рециклирани пластични материјали

За LinkBuds се употребуваат рециклирани пластични материјали од автомобилски делови.

Без пластика во пакувањето

Материјалот за пакување на LinkBuds не содржи пластика, што е доказ за нашата посветеност да го намалиме влијанието на нашите производи врз животната средина.

Кутија за LinkBuds
Подготвени за прскање и денот пред вас

Слушајте секогаш и секаде благодарение на водоотпорноста IPX4 и батеријата што трае цел ден.

Лого за IPX4
Отпорност на вода за секојдневно користење

Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - продолжете да се движите по ритамот на музиката.

Појасен и постабилен Bluetooth-сигнал

Bluetooth®-сигналот се испраќа до двете уши во исто време, дури и кога има пречки, со што се овозможува мало доцнење и висококвалитетен звук. Благодарение на моќниот вграден процесор V1, ќе може да уживате во стабилен безжичен звук без прескокнување.

Слика од двајца кои слушаат музика преку LinkBud-слушалки, прикажана е разликата помеѓу стандарден пренос преку Bluetooth и истовремен пренос преку BT со LinkBud-слушалки

(A) Стандарден пренос од лево кон десно преку BT. (B) Истовремен пренос лево и десно преку BT кај LinkBuds

Икони за траење на батеријата, брзо полнење и репродукција
Слушајте цел ден, полнете неколку минути

Добијте енергија за цел работен ден - 5,5 часа од слушалките и уште 12 часа во футролата. Тоа е енергија за вкупно 17,5 часа слушање секогаш кога ќе излезете од домот. Се брзате? Со брзото полнење од само 10 минути ќе добиете време за репродукција до 90 минути, а апликацијата Sony | Headphones Connect ќе ве извести кога енергијата во футролата за полнење ќе падне под 30%.

Мала, совршено обликувана футрола

Благодарение на извонредно малите димензии и стилскиот заоблен дизајн, футролата за полнење може удобно да се носи во џеб или да се држи во рака, за живот во движење. Отворете ја со едноставно притиснување на копче.

Сива футрола за LinkBud-слушалки
Слика од сива футрола за LinkBud-слушалки со LinkBud-слушалки, заоблени прицврстувачи во 5 големини и кабел за полнење USB-C
Што има во пакетот

Отворете го пакувањето на вашите LinkBuds и ќе пронајдете потпори за поставување во 5 големини што одговараат на различни форми на уши, како и USB-C-кабел за полнење.

Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Headphones Connect, оптимизирајте го слушањето преку анализа на формата на вашите уши, а потоа уживајте во врвно доживување.

Слика од човек кој слуша со затворени очи, друг човек кој се истегнува и трет човек во инвалидска количка кој црта
Пристапност

Веруваме дека технологијата треба да го направи светот поинтерактивен, покреативен, позабавен и сеопфатен. Сеопфатниот дизајн што ги зема предвид потребите на луѓето и што го применуваме за нашите аудиопроизводи, ни помага да го пренесеме нашето доживување Kando на сите корисници, независно од нивната возраст, способност или опкружување.

Спецификации и функции

Бидете поврзани и свесни за луѓето и местата од секојдневниот живот без да мора да ја паузирате личната придружна музика. LinkBuds ги спојуваат секојдневниот живот и забавата што ја сакате, без разлика каде одите и што правите.
  • Прстенестиот дизајн од отворен вид со звучна транспарентност ги поврзува вашиот онлајн и офлајн свет

  • Извонредно мали, лесни и удобни

  • Јасно слушајте ги повиците и музиката

  • Траење на батеријата од 5,5 часа или вкупно 17,5 часа со футролата за полнење, брзо полнење

  • Отпорност на прскање и пот, со ознака IPX4

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина