Човек во движење носи црни безжични слушалки WH-1000XM6 Човек во движење носи црни безжични слушалки WH-1000XM6

Пристапност за сите,
независно од вашите потреби

Веруваме дека технологијата треба да го направи светот поинтерактивен, покреативен, позабавен и сеопфатен. Сеопфатниот дизајн што ги зема предвид потребите на луѓето и што го применуваме за нашите аудиопроизводи, ни помага да го пренесеме нашето доживување Kando на сите корисници, независно од нивната возраст, способност или опкружување.

Слики со икони од око, уво и дланка Слики со икони од око, уво и дланка

Помош при гледање

Добијте визуелна поддршка со овие функции и апликации

Интуитивно пакување

Нашето пакување го дизајнираме да биде практично за отворање и лесно за читање. Текстот со поголем контраст и подобрениот дизајн на сечење го олеснуваат отворањето.0
Три кутии LinkBuds од Sony, меѓу кои и моделите LinkBuds Open и LinkBuds Fit, една од кутиите е отворена и во неа има црни слушалки и картичка за поставување со QR-кодови

Водич за QR-кодот

За да им помогнеме на луѓето со оштетен вид да го пронајдат QR Code, кој нуди инструкции за поставување, додадовме опиплив раб околу кодот, за да може лесно да се пронајде со допир.
Две лица со оштетување на видот отпакуваат и користат слушалки LinkBuds Open од Sony, смеејќи се и комуницирајќи покрај маса

Слушалки за во уво во вид на штипка со отворен дизајн

LinkBuds Clip се отворени слушалки за во уво во вид на штипка, кои ви овозможуваат да уживате во музиката, а воедно и да бидете свесни за вашето опкружување. Тие се удобни и безбедни за сите, вклучувајќи ги и луѓето со оштетен вид или луѓето кои не сакаат да носат слушалки за во уво.
Човек носи отворени слушалки во вид на штипка, во виолетова боја.

Практични за носење

Нашите слушалки се внимателно дизајнирани за да бидат лесно препознатливи на допир, без разлика дали допирате лево и десно, горе и долу, или напред и назад. На пример, предната и задната страна на слушалките WH-1000XM6 се лесно препознатливи на допир, слушалките 1000X THE COLLEXION имаат ознаки L и R на куќиштата, а нашите потполно безжични модели имаат опиплива точка на левата слушалка за во уво, за да ја разликувате левата од десната страна.
Слушалки WF-1000XM6 со зумиран дел на кој е означен опипливиот маркер на левата слушалка за во уво, за да ја разликувате левата од десната страна, а се прикажува и страничниот дизајн на слушалките WH-1000XM6.
Слушалки за поставување преку уво 1000X THE COLLEXION во платинеста боја, прикажани од задната страна, се гледаат левото и десното куќиште на слушалките.

Потпомогната контрола за вашиот Walkman®

Функцијата за читач на екранот TalkBack0 ќе ви овозможи пристап до информациите и функциите на екранот без потреба да гледате во екранот и без прецизна контрола на допир врз екранот. Откако ќе ја вклучите функцијата за читач на екранот TalkBack, со движење два прсти нагоре или надолу по екранот ќе го промените приказот на екранот и уредот ќе ви ги прочита имињата на функциите и поставките што може да ги користите. Имајте предвид дека со стандардните копчиња на уредот сè уште ќе можете да ги активирате функциите како прилагодување јачина на звукот, повторна репродукција, запирање, премотување нанапред и премотување наназад.
Слика од златен Walkman од Sony, снимен под агол за да се прикажат страничните копчиња
Слика од логото на апликацијата Sony Sound Connect

Едноставна контрола на слушалките со Sony | Sound Connect

Апликацијата Sony | Sound Connect ја поддржува функцијата за читач на екранот која е достапна кај паметните телефони, за да овозможи пристапна контрола. Приспособете ги поставките и звукот на вашите слушалки според вашите желби и потреби со помош на апликацијата Sony | Sound Connect.
Дознајте за Sony | Sound Connect
Слика од логото на апликацијата Sony Music Center

Едноставна и безжична контрола на звучниците преку Sony | Music Center

Sony | Music Center ја поддржува функцијата за читач на екранот што е достапна кај паметните телефони. Таа ги обединува сите функции за слушање на едно место и ви нуди лесна контрола на функциите на безжичниот звучник, овозможувајќи ви директно управување со уредите преку вашиот паметен телефон.
Дознајте за Sony | Music Center

Помош при слушање

Контролирајте го звукот и прилагодувајте го по ваша желба

Приспособен звук за сите слушатели

Слушалките од Sony издадени по WH-1000XM6, вклучувајќи ги и потполно безжичните модели, поддржуваат 10-појасен еквалајзер. Тој им овозможува на корисниците да го приспособат звукот со нивниот личен профил за слушање, вклучувајќи ги и луѓето со оштетен слух, што резултира со подобрување и на пристапноста и на удобноста при слушањето.
TBC

Слушајте повеќе звуци од светот околу вас

Режимот за амбиентален звук0 ќе ви овозможи да го слушате светот што ве опкружува, дури и кога уживате во вашата музика. Апликацијата Sony | Sound Connect ќе ви овозможи да го приспособувате амбиенталниот звук во 20 нивоа, а може и да ја користите опцијата за фокусирање гласови за да разговарате без да ги вадите слушалките.
Лого за Sound Connect покрај телефонски екран. Телефонскиот екран прикажува слика од слушалки за поставување преку уво, со опции за контрола на амбиенталниот звук и режимот за слушање.

Безбедно слушање со препораки од СЗО

Вашите слушалки се уште подобри со апликацијата Sound Connect. Нејзиниот едноставен и интуитивен интерфејс ви овозможува да го приспособувате звукот детално, да поставувате кратенки и да ја прегледувате вашата неодамнешна историја на слушање. Исто така, безбедното слушање ви помага да ги почитувате навиките за здраво слушање препорачани од СЗО.
Лого за Sound Connect покрај два телефонски екрани. Едниот екран прикажува информации за навиките за слушање, а другиот прикажува информации за безбедно слушање.

Помош при движење

Ракувајте полесно со вашиот уред благодарение на многубројните практични функции

Отворање, затворање и носење без напор

Слушалките 1000X THE COLLEXION имаат дизајн кој наликува на торба со рачка за држење и магнетно затворање за брз пристап. Сите можат лесно да ги користат, вклучувајќи ги и луѓето со ослабен вид или со попреченост во движењето на рацете.

Пакување кое лесно се отвора

Пристапното пакување го олеснува првото истражување на вашите нови слушалки. Лесно подигнете го капакот од едната страна и откријте го интуитивниот дизајн.

Гласовна контрола

Користете го вашиот глас за репродукција и паузирање на музиката, за прескокнување песни, за приспособување на јачината на звукот и за избирање помеѓу функцијата за поништување шум или режимот за амбиентален звук, без да го користите вашиот паметен телефон. Гласовната контрола функционира кога се приклучени компатибилни уреди, вклучувајќи паметни телефони, компјутери и уреди за играње игри.0
Слика од човек кој носи слушалки за поставување преку уво и зборува, со икона за микрофон која означува гласовна контрола

Зборувајте и слушајте го само амбиенталниот звук

Поставете ја функцијата Speak-to-Chat да ја намали јачината на звукот на музиката автоматски штом почнете да разговарате со некого, за да може да ги слушате амбиенталните звуци додека разговарате0 - ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, јачината на звукот на вашата музика автоматски ќе се врати на нормално ниво1.
Цртеж од човек кој носи слушалки и разговара со друг човек кој не носи слушалки. Во горниот лев агол има икона за пауза

Функцијата за слушање врз основа на сцената автоматски се приспособува кон тоа што го правите

Функцијата за слушање врз основа на сцената ви помага да слушате музика и информации, без потреба да интервенирате. Таа го открива вашето однесување и автоматски избира помеѓу поништување шум и режим за амбиентален звук, и ја адаптира репродукцијата на музиката според вашето опкружување, вашите активности и вашите регистрирани локации, без потреба да ги контролирате слушалките.
Колаж слики на кои се прикажани луѓе кои слушаат музика и извршуваат различни надворешни активности

Контрола на дофат на вашите прсти

Нашите слушалки нудат интуитивна контрола на допир за репродукција и повици, како и приспособливи контроли за јачината на звукот и режимите за поништување шум.0 Quick Access ви овозможува да ја активирате репродукцијата преку компатибилни апликации, со само еден допир на вашите слушалки.
Слика од икона на која има дланка со испружен показател што допира круг

Контрола без напор, само со мрдање на главата

Контролата со гестикулации со глава ви овозможува да одговарате или отфрлате повици0 и да користите Auto Play1, без да го подигнете прстот. Останете поврзани и имајте контрола, каде и да сте.2
Слика од човек кој ги контролира повиците со гестикулации со главата

Брзо внимание

Ако треба да ги слушате звуците од вашето опкружување, тогаш ставете ја дланката врз куќиштето на слушалката или самата слушалка0 и со тоа ќе ја намалите музиката за да ги слушате амбиенталните звуци.
Цртеж од двајца кои разговараат, едниот ја допира својата слушалка со прст, а во горниот лев агол има икона за пауза

Разгледајте ги нашите преносливи аудиоплеери Walkman®

Разгледајте ги нашите безжични звучници

Дознајте повеќе за функциите за пристапност од Sony