Поврзувајте се и уживајте без напор

Нашите паметни функции овозможуваат полесно да пристапувате и да уживате во забавата во текот на целиот ден. Заедно со нашите партнери, ќе ви понудиме аудиодоживување на повисоко ниво.

Што добивате кога ќе ги споите водечките брендови во светот и производите за звук од Sony? Ќе добиете персонализирано доживување на звукот во секое време.

Уживајте во паметните функции во „Sony | Sound Connect“

1. Инсталирајте ја апликацијата Sony | Sound Connect на вашиот паметен телефон.
2. Поставете ги услугите според инструкциите во апликацијата.
 

Слика од апликацијата и иконата на SoundConnect
Добијте повеќе од услугите што ги сакате
Quick Access

Пристап до вашата музика со само неколку допири, без потреба да го допирате вашиот паметен телефон. Почнете да уживате во вашата музика без напор.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Amazon Music Play Now

Уживајте во Amazon Music без да го допирате вашиот телефон. Допрете ги слушалките или копче на звучникот за да ја репродуцирате музиката. Сакате нова песна? Допрете повторно за да пронајдете нешто друго. Со Amazon Music Play Now ќе уживате во музика препорачана за вас, на лесен и практичен начин, во секое време.

Spotify Tap

Ставете ги слушалките и почнете да слушате со еден допир. Благодарение на звучникот, ќе може да репродуцирате песни со само едно притиснување на копче. Ќе почнеме да репродуцираме препорака врз основа на вашиот вкус. Не ви се допаѓа? Со уште еден допир ќе добиете нова препорака приспособена само за вас.

Лого за Spotify Tap
Лого за Youtube Music
YouTube Music Quick Access

Со YouTube Music Quick Access, ако го допрете наменското копче на вашите слушалки, веднаш ќе активирате листа за репродукција приспособена по ваша желба. Допрете повторно за непречена мешана репродукција на нов избор на песни, што ќе ви овозможи секогаш да ја пронаоѓате совршената песна за вашиот момент.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Endel Quick Access

Endel ќе ви помогне да се концентрирате, опуштите и заспиете, врз основа на невронаука. Тој создава звучно поле што се приспособува кон вашата срцева фреквенција, движење, период во денот, времето и циркадијалниот ритам. Поставете ја опцијата Quick Access на Endel за да се вратите на последното звучно поле што сте го слушале. Продолжете да го слушате последното звучно поле со само неколку допири на слушалките или притиснување на копче на звучникот. 

За да пробате Endel × серијата LinkBuds од Sony, добијте целосен пристап до Endel за цел месец.

Слушање според сцената

Создава аудиодоживување кое е приспособено само за вас, преку откривање на тековната ситуација и сцената, како одење, трчање и вежбање.

Репродуцира музика автоматски.

Уживајте во музиката токму тогаш кога ви е потребна, со вклучување на функцијата „носете за да слушате“ која се приспособува според сцената. Репродукцијата започнува автоматски кога ќе ги ставите слушалките - нема потреба да го допирате паметниот телефон - и ќе слушате соодветна музика која се одредува според вашите секојдневни рутини или според вашите активности, како секојдневна прошетка, вежбање во сала или патување. Со Voice Cue, пак, ќе добивате известувања за важни информации како закажани термини и потсетници, за да може секогаш да бидете поврзани и со реалноста и со забавата, каде и да сте.

Млада жена оди и носи слушалки, наоколу летаат музички ноти.
Препорачани функции
Слика од човек кој носи безжични слушалки за во уво.
Ставете ги за да почне музиката

Музиката почнува да се репродуцира кога ќе ги ставите вашите слушалки. Уживајте во омилените мелодии без да ракувате со вашиот телефон!

Слика од човек кој се подготвува пред огледало.
Пеш

Музиката почнува да се репродуцира кога ќе тргнете на прошетка. Чувствувајте се подобро со вашите мелодии!

Слика од човек кој трча по мост.
Трчање

Музиката почнува да се репродуцира кога трчате. Почнете да вежбате со одлична енергија!

Слика од човек кој вежба со тегови во сала за вежбање.
Сала за вежбање

Музиката почнува да се репродуцира кога ќе пристигнете во салата за вежбање зачувана во My Places (Мои места). Подобрете го расположението!

Слика од човек кој се подготвува пред огледало.
Подгответе се

Музиката почнува да се репродуцира на однапред поставени времиња. Збогатете ја вашата утринска рутина со музика!

Слика од човек кој седи на кревет.
Време за спиење

Музиката почнува да се репродуцира на однапред поставени времиња. Опуштете се и заспијте со вашата омилена музика!

Компатибилни услуги*

*Достапноста на услугите зависи од оперативниот систем и регионот или земјата.

Се прилагодува кон светот околу вас

Приспособливата контрола на звук открива каде се наоѓате и што правите, а потоа користи AI за да ги промени поставките за амбиентален звук и да создаде идеално доживување при слушањето. Со тек на време може да ги научи вашите навики, ќе ги препознава локациите што често ги посетувате и ќе го прилагодува звукот според вашата локација.

Вештачка интелигенција поврзана со икони за одење, седење, трчање, локација и такси во кружен дијаграм.
AR-звук

Спојте го виртуелниот звук со реалниот свет.

Ingress Prime

Ingress Prime ја изменува вашата реалност со тоа што прикажува неверојатна игра и приказна врз реалниот свет што го гледате околу вас. Ставете ги слушалките за да ја слушнете порталната мрежа со просторен звук и следење на главата. Изберете страна, а потоа координирајте се со вашата факција за да се одбраните, да споделувате ресурси и да истражувате. Време е за движење.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).