LINKBUDS

Сите спецификации и функции

WF-L900

Големина и тежина

ТЕЖИНА
Прибл. 4,1 гр. x 2

Општи карактеристики

ВИД НА СЛУШАЛКИ
Отворени, динамички
МАГНЕТ
Неодимиумски магнети со голема моќ
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
ВОДООТПОРНОСТ
Да (IPX4)
DSEE
Да

Батерија

МЕТОД ЗА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Полнење преку USB (со футролата)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (КОНТИНУИРАНО ВРЕМЕ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА)
Макс. 5,5 часа
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
Макс. 2,5 часа
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ВРЕМЕ НА МИРУВАЊЕ)
Макс. 11 часа

Bluetooth® спецификации

ВЕРЗИЈА НА BLUETOOTH®
Спецификација на Bluetooth® верзија 5.2
ЕФЕКТИВЕН ОПСЕГ
10 м
ФРЕКВЕНТЕН ОПСЕГ
2.4 GHz појас (2,4000 GHz - 2,4835 GHz)
ПРОФИЛ
A2DP, AVRCP, HFP, HSP / TMAP, CSIP, MCP, VCP, CCP
ПОДДРЖАН(И) ФОРМАТ(И) ЗА ЗВУК
SBC, AAC, LC3
ЗАШТИТА НА ПОДДРЖАНИ СОДРЖИНИ
SCMS-T

Торбичка за полнење

ТЕЖИНА
Прибл. 34 гр.
ДИМЕНЗИИ
Прибл. 41,4 x 48,5 x 30,9 мм

Опции на бои

whitegray

Што има во пакетот

  • USB-кабел: USB Type-C®-кабел
Placeholder

Функции

Останете во чекор со светот

LinkBuds совршено ги поврзуваат сите ваши светови благодарение на прстенестиот дизајн од отворен вид што ви овозможува да ги слушате повиците, музиката и другите онлајн содржини во секое време, а истовремено транспарентно да ги слушате и амбиенталните звуци околу вас, без никаков притисок врз вашите уши. Мали и извонредно лесни, со стил што нуди извонредно удобно вметнување и пријатно носење со часови, тие постојано ве поврзуваат со вашиот живот и ви овозможуваат да не пропуштите ништо.

Бела кутија со LinkBud-слушалки, едната LinkBud-слушалка е извадена

Извонредно мали и лесни

Со тежина од приближно четири грама и извонредно мали димензии, LinkBuds се минијатурно чудо. За разлика од стандардните слушалки за во уво, заштитната површина што ја покрива мембраната на звучникот е вградена во куќиштето, со што се заштедува простор.

Слика од сива LinkBud-слушалка во уво

Удобно и безбедно вметнување

LinkBuds го комбинираат обликот што совршено одговара на човечкото уво со ергономски дизајн што овозможува постабилно вметнување. Ги дизајниравме LinkBuds со помош на опширни податоци за формата на ушите собирани уште од првото појавување на слушалките за во уво во светот во 1982 година. Погледнете го нашиот видеозапис „Како да“ за подобро да ги носите и да слушате.

Репродуцирајте го видеозаписот "Како да"

Поврзани и свесни

Новосоздадениот звучник од прстенест вид, во кој центарот на дијафрагмата е отворен за транспарентност на звукот, ви овозможува јасно да ги слушате звуците околу вас. Ќе може да чуете кога некој ве довикнува за време на повик или да разговарате со пријателите додека слушате музика.

Две сиви LinkBud-слушалки покрај телефон Xperia од Sony наспроти кремаста заднина

Извонредно јасни повици без шум

Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови што нуди напредна обработка на аудио сигнали, соговорникот ќе може јасно да го чуе вашиот глас при повиците, дури и кога се наоѓате во бучни опкружувања. Нашиот алгоритам за намалување на шум беше развиен со машинско учење со AI со користење на над 500 милиони примероци од гласови за да го потиснат амбиенталниот шум и јасно да го истакнат вашиот глас во разни опкружувања.

Веродостоен и природен звук

Уживајте во добро балансиран, висококвалитетен звук со јасен опсег на средните и високите тонови. Нашиот вграден процесор V1 ги репродуцира сите детали од вашата музика со минимално изобличување и ви овозможува реалистично доживување при слушањето. Специјално дизајнираниот прстенест звучник од 12 мм со приспособлива мембрана (ниско одбивање) нуди богат и добро балансиран звук.

Лого за DSEE

Засилете ја вашата омилена музика

Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.

Едноставно допрете во близина на увото

LinkBuds можеби се мали, но тоа не значи дека се тешки за користење. Со функцијата за широка површина за допир, може да допрете двапати или три пати пред вашите уши за да ја контролирате репродукцијата на музика, така што нема потреба да ги допирате самите LinkBuds за да ракувате со нив.

Слика од човек на улица со илустрации околу главата што прикажуваат различни јачини на звукот

Автоматски ја прилагодува јачината на звукот според вашето опкружување

Приспособливата контрола на звукот е паметна функција што автоматски ја оптимизира јачината на звукот во зависност од местото каде што се наоѓате. Уживајте во помалата јачина на звукот на потивките места и во поголемата јачина на звукот во побучните опкружувања.

Зборувајте и слушајте го само амбиенталниот звук

Штом почнете да разговарате со некого, може да ја поставите функцијата Speak-to-Chat автоматски да ја паузира музиката и да го пропушта само амбиенталниот звук за да можете да разговарате - ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира. Таа се основа врз технологијата за прецизно откривање гласови што нуди напредна обработка на аудио сигнали.

Лого ознаки за вграден Google Assistant и Alexa

Контролирајте со вашиот глас

Добијте помош без да ги користите рацете. Изговорете „OK Google“ или „Alexa“ за да го активирате гласовниот помошник. Забавувајте се, разговарајте, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Може да ги контролирате функциите на слушалките, како што е проверката за преостаната енергија во батеријата, со помош на вашиот глас. Може и да ги слушате и да воспоставите интеракција со вашите е-пораки во Microsoft Outlook и да се придружувате во Microsoft Teams преку Google Assistant или Siri.

Лого за Google Fast Pair

Најдете ги вашите слушалки со Fast Pair

LinkBuds ја поддржуваат новата функција за брзо впарување на Google. Со еден допир и со прикажани упатства, LinkBuds нудат брзо и лесно впарување со уреди со Android™ преку Bluetooth®. Лесно може да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку вашиот паметен телефон. Ќе добиете дури и известување кога батеријата на слушалките има малку енергија за да знаете дека треба да ги наполните.

Лого за Swift Pair

Лесно впарување со вашиот компјутер

Функцијата Swift Pair нуди брзо и лесно впарување на LinkBuds со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.

Лого за Spotify Tap

Брз пристап до вашата омилен музика

Благодарение на брзиот пристап, може да ги конфигурирате LinkBuds за да продолжат со репродукцијата на Spotify со само неколку допири, без да го користите паметниот телефон.

Сива футрола за LinkBud-слушалки со Linkbud-слушалки ставени покрај неа, опкружени со сиви пластични делови

Рециклирани пластични материјали

За LinkBuds се употребуваат рециклирани пластични материјали од автомобилски делови.

Футрола за LinkBud-слушалки

Без пластика во пакувањето

Материјалот за пакување на LinkBuds не содржи пластика, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи врз животната средина.

Бели LinkBud-слушалки наспроти розова заднина со капки вода

Отпорност на вода за секојдневно користење

Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - продолжете да се движите по ритамот на музиката.

Слика од двајца кои слушаат музика преку LinkBud-слушалки, прикажана е разликата помеѓу стандарден пренос преку Bluetooth и истовремен пренос преку BT со LinkBud-слушалки

Појасен и постабилен Bluetooth-сигнал

Bluetooth®-сигналот се испраќа до двете уши во исто време, дури и кога има пречки, со што се овозможува мало доцнење и висококвалитетен звук. Благодарение на моќниот вграден процесор V1, ќе може да уживате во стабилен безжичен звук без прескокнување. (A) Стандарден пренос од лево кон десно преку BT. (B) Истовремен пренос лево и десно преку BT кај LinkBuds.

Икони за траење на батеријата, брзо полнење и репродукција

Слушајте цел ден, полнете неколку минути

Добијте енергија за цел работен ден - 5,5 часа - од слушалките и складирајте енергија за уште 12 часа во футролата. Тоа е енергија за вкупно 17,5 часа слушање секогаш кога ќе излезете од домот. Се брзате? Со брзото полнење од само 10 минути ќе добиете време за репродукција до 90 минути, а апликацијата Sony | Sound Connect ќе ве извести кога енергијата во футролата за полнење ќе падне под 30%.

Отворена сива футрола за LinkBud-слушалки

Мала, совршено обликувана футрола

Благодарение на извонредно малите димензии и стилскиот заоблен дизајн, футролата за полнење може удобно да се носи во џеб или да се држи во рака, за живот во движење. Отворете ја со едноставно притиснување на копче.

Слика од сива футрола за LinkBud-слушалки со LinkBud-слушалки, заоблени прицврстувачи во 5 големини и кабел за полнење USB-C

Што има во пакетот

Отворете го пакувањето на вашите LinkBuds и ќе пронајдете заоблени прицврстувачи во 5 големини што одговараат на различни форми на уши, како и USB-C-кабел за полнење.

Лого за 360 Reality Audio

Прекрасно. Реално.

Опкружете се со звук од сите страни. Тој е толку реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио. Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со овие слушалки ќе уживате во 360 Reality Audio.

Слика од LinkBuds

Поврзување со повеќе уреди

Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Ако добиете дојдовен повик, слушалките знаат кој уред ѕвони и автоматски се поврзуваат со него. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.

Слика од LinkBuds

Scene-based listening

Создава аудиодоживување кое е приспособено само за вас, преку откривање на тековната ситуација и сцената, како одење, трчање и вежбање.

Слика од LinkBuds

Репродуцира музика автоматски.

Уживајте во музиката токму тогаш кога ви е потребна, со вклучување на функцијата „носете за да слушате“ која се приспособува според сцената. Репродукцијата започнува автоматски кога ќе ги ставите слушалките - нема потреба да го допирате паметниот телефон - и ќе слушате соодветна музика која се одредува според вашите секојдневни рутини или според вашите активности, како секојдневна прошетка, вежбање во сала или патување. Со Voice Cue, пак, ќе добивате известувања за важни информации како закажани термини и потсетници, за да може секогаш да бидете поврзани и со реалноста и со забавата, каде и да сте.