Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.
Full Array LED, со помош на Cognitive Processor XR™, го контролира задното осветлување во зони за да создаде реален контраст и во светлите и во темните површини истовремено. Паметниот процесор го гледа светот исто како и вие, а сликите ги подобрува со реални бои и длабочина.
Уживајте во звук што е прецизно усогласен со случувањата на екранот благодарение на технологијата Acoustic Multi-Audio™. Високотонците за позиционирање на звукот создаваат хармонија од сликите и звукот за прекрасно доживување при гледањето.
Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете.
Телевизорите BRAVIA XR се дизајнирани за врвни доживувања и не штетат на животната средина. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за телевизорите и пакувањата. За рамката на X90K е користена рециклирана пластика. Технологиите за задно осветлување, BRAVIA CAM и сензорите нудат квалитетна слика и мала потрошувачка.
Благодарение на Cognitive Processor XR™, нашиот екран со Full Array LED, нова уникатна структура на LED-светилки и XR Triluminos Pro му овозможува на X90K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики како во реалниот свет. Тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.
Нашиот Cognitive Processor XR™ ги подобрува сликите исто како што фокусираат вашите очи, за да создаде реални бои и длабочина. Со прецизно балансирање на светлината низ екранот, XR Contrast Booster нуди посветли тонови во одблесоците и подлабоки црни тонови во сенките. Сцените изгледаат пореални и имаат повеќе длабочина и детали.
Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со квалитет до 4K. Нашиот Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики.
Гледањето спорт и акциони филмови штотуку стана многу подобро. Нашиот Cognitive Processor XR™ со XR Motion Clarity™ ги анализира движењата во повеќе кадри за да создаде јасни, осветлени и остри движења.
Acoustic Multi-Audio™ користи високотонци за позиционирање на звукот за да репродуцира високофреквентни звуци од соодветно место на екранот. Со звучниците X-Balanced Speaker ќе слушате јасен и висококвалитетен звук.
Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.
Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA XR со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат ново и ненадминато аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.
Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина.
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со BRAVIA CAM, што се продава посебно, за да добиете уште повозбудливо доживување при гледањето. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Звукот е појасен, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.
Со BRAVIA CAM секогаш имате најдобро место за седење во домот. Препознава каде седите и соодветно ги оптимизира сликата и звукот. Достапни се и контроли со гестикулации и други нови искуства што чекаат да ги откриете.
Дознајте за BRAVIA CAM
Пристапете лесно до сите ваши омилени содржини и услуги. Гледајте повеќе од 700.000 филмови и серии на едно место. Google TV ви ги нуди и организира омилените содржини од сите ваши апликации и претплати.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Далечинскиот управувач е редизајниран за полесна контрола. Нашиот нов врвен далечински управувач е лесен за користење, има поедноставни копчиња и задно осветлување за да имате одлична прегледност дури и во темнина. Овој далечински управувач со компактен и алуминиумски дизајн има префинет изглед и е удобен за држење во рака.
Веќе никогаш нема да го изгубите далечинскиот управувач. Изговорете „OK Google, find my remote“ или притиснете го копчето на телевизорот за да го активирате изгубениот управувач. Далечинскиот управувач ќе почне да ѕвони за да можете брзо да го најдете.
Дизајниран со рамна површина со ниски копчиња и специјален полиуретански слој, нашиот далечински управувач лесно се брише и чисти. Сите копчиња се специјално обложени со антибактериски материјал.
Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.
Нашиот минималистички дизајн во вид на плоча нуди максимални димензии на екранот и минимална рамка за да се фокусирате на тоа што е важно - сликата. Уживајте во реална слика на голем екран, без пречки.
Изгледот може да се разликува според големината на телевизорот.
3-насочниот држач со повеќе положби ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата, потесно поставување за помали полици и поставување за звучник во вид на лента што е идеално за вашиот систем за звук.
Одликувајќи се со технологии што ја задржуваат намерата на креаторите, вклучувајќи и голем избор на режими калибрирани од креаторите, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. Тој е Calman Ready и креаторите можат да го калибрираат за уредување снимени материјали.
Уживајте во содржини од Netflix со спектакуларен квалитет, така како што ги замислиле креаторите. Netflix Adaptive Calibrated Mode е создаден специјално за содржини од Netflix, а заедно со функцијата за оптимизација според амбиенталното осветлување кај телевизорите BRAVIA XR, ви овозможува да уживате во омилените серии преку оптимизирање на светлината на сликата според осветлувањето во вашата соба.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот