Наградувани
360 Spatial Sound се прилагодува кон вашето опкружување
Со изборни задни звучници од Sony
Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping и задните звучници од Sony создаваат повеќе фантомски звучници користејќи го звучникот во вид на лента и задните звучници. Со повеќе фантомски звучници околу вас подредени во оптимално звучно поле за вашата просторија, добивате ново звучно доживување. Уживајте во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X® и слушнете го секој здив, чекор и збор како да сте дел од филмот.
Уживајте во простран 360 Spatial Sound
Со изборни задни звучници од Sony
Широка површина за слушање што ќе го исполни секој дел од вашиот простор на живеење за да може вашето семејство и пријателите да уживаат во звукот подеднакво. Површината за слушање не е ограничена во делот пред телевизорот, туку опфаќа многу поширок простор.
Погледнете го видеозаписот за 360 Spatial Sound Mapping
Дали сакате да дознаете како звучи 360 Spatial Sound од звучник во вид на лента со изборни задни звучници? Ставете ги вашите слушалки и уживајте.
Иновативни технологии за оптимизација на звучното поле
Оптимизиран за положбата на звучниците
Не е потребно прецизно позиционирање на изборните звучници. Звучникот во вид на лента со вградените микрофони ќе ја измери положбата на сите звучници и ќе го оптимизира звукот според собата. Тој ќе ви овозможи да уживате во оптимизација на звучното поле со или без изборни звучници. Активирајте го процесот на калибрација при почетното поставување или во почетното мени.
Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Врвен опкружувачки звук од нашиот најдобар звучник во вид на лента
HT-A7000 има 7.1.2 канали, два звучници насочени нагоре што репродуцираат звук над вас, два beam-високотонци и пет предни звучници за поширок опкружувачки звук, како и два вградени сабвуфери за длабок бас. Благодарение на Vertical Surround Engine и S-Force PRO Front Surround, HT-A7000 создава виртуелен опкружувачки звук што ќе ве обвитка од сите страни за потполно уживање во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X®.
Уживајте во звук одозгора
Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот во вертикален простор за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот. Освен Dolby Atmos и DTS:X, Vertical Surround Engine придонесува за пореален и повеќедимензионален звук од другите формати.
Опкружувачки звук на едноставен начин
Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Модерна технологија на звучници
Опуштете се и уживајте во акустика што ја исполнува просторијата со помош на два звучници насочени нагоре што репродуцираат звук над вас, два beam-високотонци и пет предни звучници за поширок опкружувачки звук, како и сабвуфер за длабок бас.
X-Balanced Speaker Unit
Звучниците насочени нагоре, вградениот сабвуфер и предниот звучник ја користат технологијата X-Balanced Speaker Unit. Уникатната правоаголна форма на овие звучници максимално ја зголемува површината на мембраната за да добиете посилен бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок што резултира со помало изобличување и поголема острина на вокалите.
Уживајте во музика со врвен квалитет
Уживајте во музиката така како што замислиле изведувачите, со звук со висока резолуција и кристално чиста прецизност. Или, пак, откријте нов начин на слушање со 360 Reality Audio што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио. Со HT-A7000, вашата музика ќе биде реалистична како никогаш досега.
A = Проширена динамика на звукот (жици и детали тивки како шепот)
B = Обновени високи фреквенции (реални вокали и акустика)
Обновување на сите компресирани датотеки во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Филмовите и игрите се многу реални
Гледајте живописни сцени исполнети со реални бои и длабочина. Оригиналниот квалитет на сликата се зачувува при репродукција преку звучникот во вид на лента HT-A7000 за да можете да уживате максимално во филмовите. И игрите се повозбудливи и пореални поради поддршката за најновите формати, како што се променливата стапка на освежување (VRR) и автоматскиот режим со мало доцнење (ALLM) на HDMI 2.1.
Уживајте во прекрасно доживување со игрите и филмовите
Уживајте во прекрасни игри и филмови со оптимизирани поставки за слика од автоматскиот HDR со мапирање на тонови и режимот на слика со автоматски жанр, кога ќе поврзете телевизор BRAVIA XR™ и PlayStation®5 преку овој производ.
Добијте поширок и побогат звук со безжичниот сабвуфер и задните звучници
Ако користите изборен безжичен сабвуфер, тогаш двата сабвуфери вградени во звучникот во вид на лента ќе репродуцираат бас и вокали, а изборниот безжичен сабвуфер ќе репродуцира нискофреквентни звуци. Додајте ги нашите изборни безжични задни звучници за да добиете подобро филмско доживување со звук што се репродуцира директно зад вас.
SA-SW5
Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.
SA-SW3
Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.
BRAVIA Theatre Sub 7
Моќен бас преку звучник од 130 мм.
Задни звучници SA-RS5
Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 180 W и звучници насочени нагоре со внатрешни батерии.
BRAVIA Theatre Rear 8
Простран опкружувачки звук со моќност од 100 W и двосистемски звучници.
Задни звучници SA-RS3S
Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 100 W.
Најдобри перформанси со телевизори од Sony
Ако го впарите со телевизор BRAVIA™, HT-A7000 ќе ви понуди прекрасно аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен звучник во вид на лента за телевизори BRAVIA.
Уште поголемо уживање со BRAVIA Acoustic Center Sync
Ако го поврзете со телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync тогаш и звучникот во вид на лента и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник во системот за домашно кино. Ако го поврзете звучникот во вид на лента со изборни безжични звучници, тогаш телевизорот и звучникот во вид на лента ќе добијат улога на централен канал во системот со 360 Spatial Sound Mapping. Звукот се усогласува со сликата на екранот.
Лесна контрола преку телевизори BRAVIA
Благодарение на корисничкиот интерфејс, поставките за звук на звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA заради лесна контрола на функциите како звучно поле и јачина на звукот.
Положба на звучникот во вид на лента
Ако имате телевизор BRAVIA со држач со повеќе положби, тогаш променете ја положбата на држачот на телевизорот за да го поставите HT-A7000 под телевизорот и да добиете модерен изглед.
Блок за повеќенасочен дизајн
HT-A7000 и изборните звучници се дизајнирани со ист концепт за повеќенасочен блок. Дизајнот на HT-A7000 одговара совршено на изборните звучници. Неговите модерни и заоблени рабови оформуваат цврст блок што нуди распространувачки звук. Комбинацијата од текстури на скапи материјали овозможува вклопување во сите опкружувања за дневен престој.
Поврзување преку Bluetooth®
Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®.
Проследување преку Wi-Fi
Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.
Spotify Connect™
Репродуцирајте од Spotify директно преку вашиот звучник користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред како далечински управувач.
Chromecast built-in
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Apple AirPlay 2
Споделувајте музика и други содржини од вашите уреди од Apple кон вашиот звучник во вид на лента. Сето тоа е можно со допир.
Гласовна контрола
Звучникот во вид на лента е компатибилен со уреди со Google Assistant и Chromecast built-in и уреди со Amazon Alexa. Додајте го HT-A7000 во вашата група звучници преку Google Home за да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции со помош на вашиот глас.
Спецификации и функции
Откријте потполно ново ниво на уживање со HT-A7000. Ако го користите само звучникот во вид на лента ќе ве обвитка реален 7.1.2-канален опкружувачки звук со S-Force PRO Front Surround и Vertical Surround Engine. Или може да додадете изборни задни звучници за да уживате во 360 Spatial Sound Mapping со повеќе фантомски звучници.