Првиот безжичен звучник со лента за на врат и Dolby Atmos® во светот што е компатибилен со моделите BRAVIA XR од Sony. Дознајте колку реален може да биде 360 Spatial Sound кога гледате филмови со Dolby Atmos® преку нашите најнови телевизори BRAVIA XR со најдобри функции за звук.
360 Spatial Sound Personalizer
SRS-NS7 го анализира обликот на вашите уши и заедно со испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 создава идеална комбинација на виртуелни звучници со Dolby Atmos насекаде околу вас. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.
Missing Video data!
Дали сакате да слушнете симулација на 360 Spatial Sound преку 360 Spatial Sound Personalizer? Ставете ги слушалките и дознајте како звучи.
Уживајте во звук што е оптимизиран за вас благодарение на Sony | 360 Spatial Sound Personalizer. Апликацијата го снима и анализира обликот на вашите уши, а потоа создава уникатно звучно поле за вас при впарување со телевизорите BRAVIA XR.
Поврзете го испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 со вашиот телевизор BRAVIA XR преку оптички кабел и USB-кабел.
Впарете го звучникот со лента за на врат SRS-NS7 со испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 преку Bluetooth®-врска.
Снимете го обликот на вашето уво со апликацијата Sony | 360 Spatial Sound Personalizer и уживајте во приспособен звук.
360 Reality Audio
Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била пореална. Отворете компатибилна услуга за музика на паметниот телефон и уживајте максимално, исто како да сте на концерт.
Missing Video data!
Кристално јасна акустика и моќен звучен притисок за побогато, подлабоко и позадоволително доживување при слушањето.
Оптимална големина на звучник во компактно куќиште. Го зголемува звучниот притисок и го намалува изобличувањето за да добиете јасни вокали и музика.
Создава јасен звук што се насочува директно кон вас и не им пречи на другите. Уживајте максимално во вашите филмови и музика, дури и на полноќ.
Го зголемува ниско-фреквентниот одзив за да добиете јасен бас. Слушајте моќни звучни ефекти од филмовите и песни со длабок бас.
Испорачан безжичен предавател
Испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 помага во минимизирање на доцнењето на звукот за да можете максимално да уживате во филмови со Dolby Atmos каде што звукот и сликата ќе бидат прецизно усогласени.
Одликувајќи се со флексибилен и ергономски дизајн што сигурно стои околу вашиот врат, овој безжичен звучник е практичен за носење и овозможува удобно гледање филмови, серии и концерти со часови.
Флексибилен стил
Флексибилната лента на задната страна на звучникот овозможува совршено поставување заради потполна удобност додека уживате во вашата забава.
Не грижете се за батеријата дури и при маратонско гледање. Благодарение на енергијата за користење максимум 12 часа или максимум 5 часа при максимална јачина на звукот, ќе уживате дури и во најдолгите филмови и серии без прекин.
Ако случајно ви снема енергија додека гледате, со брзо полнење од 10 минути преку USB type-C ќе добиете енергија за репродукција до еден час.
Завршната обработка со текстилен материјал нуди чувство на удобност што предизвикува задоволство при носењето и користењето.
Благодарение на силиконската завршна обработка на лентата за на врат и мекото обложување на задната страна, овој звучник со лента за на врат е практичен за секојдневна употреба и лесен за чистење.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Пластиката сочинува помалку од пет проценти од материјалот за пакување на SRS-NS7, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
КОМПАТИБИЛНИ ТЕЛЕВИЗОРИ BRAVIA XR
Спецификации и функции
- ВИД НА ЗВУЧНИК
- Целосен опсег
- ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
- 32X33 мм
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 12 часа
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- USB Type-C®
- ОПСЕГ НА ПРЕНОС НА ФРЕКВЕНЦИИ
- 20 Hz - 20.000 Hz(семплирање со 44,1 kHz)