Поврзете ги омилените уреди за поголемо уживање со BRAVIA

BRAVIA ви ветува нова ера на гледање. Со нашата технологија може да ги поврзете вашите најдобри уреди со BRAVIA и да уживате во слики и звук што не се од овој свет. ​

Звучник во вид на лента

Претворете го домот во кино со звучници во вид на лента



Сакате звук како во кино во вашата дневна соба? Поврзете звучник во вид на лента од Sony опремен со напредна технологија со телевизорот BRAVIA, без сложено поврзување со кабли или инсталација.

Едноставно поврзување со испорачаниот HDMI-кабел. Тоа може брзо да го направите при поставувањето на вашиот телевизор BRAVIA.


Придобивки од поврзување звучник во вид на лента со вашиот телевизор
Најдобар можен квалитет на звук
Најдобар можен квалитет на звук

Чувствувајте се како на концерт во живо или во филмска сцена. Ремек-дело за реалноста.

Уживајте во опкружувачки звук
Уживајте во опкружувачки звук

Светла, камера, акција - динамичкиот звук ќе ве внесе во сцената!

Прекрасен и реален звук
Прекрасен и реален звук

Чувствувајте ја неизвесноста, брзиот срцев пулс и паниката во вашите омилени трилери и акциони филмови.

BRAVIA Theatre Bar 9

Чувствувајте се како да сте во кино со технологијата 360 Spatial Sound Mapping која создава фантомски звучници околу вас, распоредени како во кино - сето ова со еден долгнавест звучник! Dolby Atmos и DTS:X се најнови формати кои се користат во кината, па затоа ќе ви овозможат да го пренесете киното во вашиот дом.

BRAVIA CAM

Со BRAVIA CAM ќе добиете многу нови и забавни доживувања преку телевизорот, како контрола со гестикулации и многу повеќе.​

Нови начини за уживање во телевизијата со BRAVIA CAM

BRAVIA CAM со Ambient Optimization Pro, автоматско приспособување на Voice Zoom, контрола со гестикулации и автоматски режим за заштеда на енергија нуди потполно ново ниво на уживање во телевизијата

Сликите ќе се оптимизираат според вашата положба во собата

BRAVIA CAM го мери растојанието помеѓу вас и телевизорот и ја прилагодува неговата светлина за да уживате во слика со совршен квалитет. Сензорот за светлина и бои на телевизорот ги оптимизира сликите според осветлувањето за да обезбеди најдобро можно доживување при гледањето.

Автоматски режим за заштеда на енергија

Автоматскиот режим за заштеда на енергија ја оптимизира потрошувачката на енергија преку автоматско затемнување на екранот кога не сте пред телевизорот.

Конзола PlayStation®5

Совршен за PlayStation®5 - уживајте во уникатно доживување при играњето игри.



Ве очекува најдоброто доживување со конзола од новата генерација. BRAVIA XR ви нуди најдобро доживување при играњето игри со PlayStation®5*.

Дури и во сцените со брзи движења, сликите се неверојатно реални и звукот е моќен. Подгответе се за реално доживување при играњето игри, што е уникатно за голем екран со висока резолуција.

*Horizon Forbidden West™: Достапно на 18.2.2022. ©2021 Sony Interactive Entertainment Europe. Horizon Forbidden West е заштитен знак на Sony Interactive Entertainment.

Придобивки од поврзување PS5™ со вашиот телевизор

Важи за моделите: сите модели на BRAVIA XR

Играње игри во 4K со 120 fps и брз одзив
Играње игри во 4K со 120 fps и брз одзив

Уживајте во брзи движења со игрите за кои се потребни врвни вештини.

Режим на слика со автоматски жанр
Режим на слика со автоматски жанр

Гледајте живописни слики кога играте игри на конзолата PS5™ или ја користите за друга забава.

Автоматски HDR со мапирање на тонови
Автоматски HDR со мапирање на тонови

Преминувајте автоматски од режим за игри во стандарден режим за да добиете подобар квалитет на слика за гледање филмови и поголема стапка на слики кога ја користите конзолата PS5™.



*Компатибилни модели: серии A90J, A80J, X95J, X90J.

Погледнете зошто BRAVIA XR работи одлично со PS5™
Погледнете зошто BRAVIA XR работи одлично со PS5™

Само телевизорите BRAVIA XR можат автоматски да ја прилагодат и оптимизираат сликата со најдобри поставки за вашиот PS5™ независно дали играте игри или гледате филмови.



*GRAN TURISMO ©1997-2021 Sony Interactive Entertainment Inc. „Gran Turismo“ е регистриран заштитен знак на Sony Interactive Entertainment Europe. Во развој за PlayStation®.

Звучник со лента за на врат

360 Spatial Sound се приспособува според вашите уши за да добиете уникатен звук со Dolby Atmos®

Добијте сопствено кино со звучникот со лента за на врат BRAVIA Theatre U.
BRAVIA Theatre U е компатибилен со Dolby Atmos® и 360 Reality Audio и ги прави филмовите и музиката пореални, а звучниците насочени нагоре не дозволуваат да им пречите на другите. За да уживате во звук со Dolby Atmos® треба само да го поврзете BRAVIA XR со безжичниот предавател што се испорачува со звучникот со лента за на врат. Придобивки од користење на звучникот со лента за на врат со вашиот телевизор

Придобивки од користење на звучникот со лента за на врат со вашиот телевизор
Човек седи во фотелја во дневна соба и го носи BRAVIA Theatre U додека гледа филм на телевизор со голем екран што прикажува авион што слетува и човек кој спие на кревет во преден план
Непрекинат звук. Непречено слушање.

Нашиот звучник со лента за на врат создава прекрасен звук што ги опкружува вашите уши за да овозможи лично слушање од отворен вид. Репродуцирајте филмови со голема јачина на звук без да се грижите дека ќе ги вознемирите заспаните партнери или деца.

Човек седи на сив кревет во дневна соба и го носи BRAVIA Theatre U додека гледа филм, со сина сфера од фантомски звучници од сите страни
Влезете во центарот на сцената

Филмовите не треба само да се гледаат - треба и да се доживеат. Уживајте во опкружувачки звук со Dolby Atmos® кога ќе го поврзете уредот со нашите компатибилни телевизори BRAVIA со 360 Spatial Sound, за да уживате во прекрасни филмски ноќи.

Човек седи во фотелја во дневна соба и го носи BRAVIA Theatre U додека игра видеоигра на телевизор со голем екран што прикажува улична сцена од Spider-Man 2, во долниот лев агол има лого PEGI 16
Подготвен за игри или работа

Од играње игри со мало доцнење преку жична врска, до кристално јасни повици на повеќе уреди и слушање музика додека перете, BRAVIA Theatre U ќе се синхронизира совршено со вашиот животен стил.

BRAVIA Theatre U 

BRAVIA Theatre U е личен звучник со кој ќе уживате во филмови без да вознемирувате никого. Користете го звучникот со лента за на врат заедно со Dolby Atmos® и компатибилен телевизор BRAVIA за да добиете прекрасен 360 Spatial Sound, моќни песни и кристално јасни дијалози

Безжични слушалки

Блокирајте ги надворешните звуци и уживајте во моментот



Блокирајте уште повеќе шум во заднина и уживајте во прекрасен опкружувачки звук со слушалки со поништување на шум од Sony. Уживајте во извонреден опкружувачки звук без да им пречите на другите членови од семејството користејќи безжични слушалки. Совршено во случаи кога тие спијат или работат, а вие треба да бидете тивки.


Придобивки од користење слушалки со вашиот телевизор
Звук со извонредна острина
Звук со извонредна острина

Слушајте моќен и динамички звук дури и навечер, без да го вознемирувате семејството и соседите.

Блокирајте го надворешниот шум
Блокирајте го надворешниот шум

Фокусирајте се на содржината и уживајте во неа, дури и при амбиентален шум од семејството или соседите.

Уживајте во телевизијата додека другите работат
Уживајте во телевизијата додека другите работат

Кога членовите од семејството работат од дома или учат, уживајте во своето време без да им пречите.

Безжични слушалки со поништување на шум WH-1000XM4

Слушалките WH-1000XM4 нудат најдобри перформанси за поништување на шум досега. Блокирајте повеќе звуци со високи и средни фреквенции за да уживате во звуците што ги сакате. ​

Безжичен предавател WLA-NS7: Dolby Atmos®-звук со слушалки од Sony

Безжичниот предавател WLA-NS7, со одредени слушалки и телевизори BRAVIA XR од Sony, ви нуди потполно нов начин на слушање со опкружувачки звук 360 Spatial Sound.

WLA-NS7
Дигитален фотоапарат

Гледајте фотографии и видеоснимки во 4K-резолуција на вашиот телевизор BRAVIA. Уживајте додека гледате семејни спомени заедно на големиот екран.

Претворете ги сликите од фотоапаратот во забава на голем ТВ
Претворете ги сликите од фотоапаратот во забава на голем ТВ

Споделете ги прекрасните спомени снимени со дигитален фотоапарат на голем екран.
Поврзете ги дигиталниот фотоапарат и телевизорот BRAVIA со HDMI-кабел и гледајте HDR ready-фотографии и видеоснимки со 4K-резолуција на голем екран со остри детали.

Компактен фотоапарат за целосна слика Alpha 7C

Компактен, а ги исполнува очекувањата за квалитет на слика, автоматски фокус и брзина - α7C е повеќенаменски уред со врвни перформанси што е подготвен да ја збогати вашата креативност каде и да одите.