Дополнителен безжичен сабвуфер SA-SW3 од 200 W
Компактниот безжичен сабвуфер SA-SW3 ги надополнува нашите системи за домашно кино и звучници во вид на лента со посилен бас за да уживате во филмовите и музиката уште повеќе. Уживајте во посилен и појасен бас за филмско доживување со опкружувачки звук.
Со длабок бас од 200 W и моќен звучник од 160 мм, овој сабвуфер со рефлективен бас ги засилува сите содржини што ги гледате и слушате. Почувствувајте ги силните грмотевици и песните со длабок бас без изобличување. Ќе слушате и појасни гласови со поголема реалистичност за навистина да уживате во песните.
Нашите системи за домашно кино, звучници во вид на лента и изборни звучници се дизајнирани со ист концепт за повеќенасочен блок. Дизајнот на SA-SW3 е совршен за овие системи. Неговите модерни и заоблени рабови оформуваат цврст блок што нуди распространувачки звук. Комбинацијата од текстури на скапи материјали овозможува вклопување во сите опкружувања за дневен престој.
Ексклузивната технологија за магнетно коло Σ (сигма) од Sony создава длабок и моќен бас преку максимално зголемување на магнетната сила што ја поместува звучната намотка. За разлика од неа, кај стандардните кола се губи голем дел од магнетната сила.
Засеците на работ се уште една ексклузивна технологија на Sony за подобрување на симетријата на вертикалната амплитуда. Тоа се реализира со концентрични засеци на работ што помагаат во контролата на оптоварувањето на внатре и надвор од работ на мембраната.
Вклучете го сабвуферот SA-SW3 и тој автоматски ќе се поврзе безжично со системот за домашно кино или звучникот во вид на лента. Брзо е и едноставно, а не се потребни ниту кабли.