Слика одблиску од предната страна на SA-SW5
Слика одблиску од предната страна на звучникот SA-SW5
Слика под агол од звучникот SA-SW5
Страничен приказ одблиску од звучникот SA-SW5
Приказ на звучникот SA-SW5 од задна страна
Збогатете ја вашата забава со моќен бас

Безжичниот сабвуфер SA-SW5 ги надополнува нашите системи за домашно кино и звучници во вид на лента со подлабок бас за да уживате во филмовите и музиката уште повеќе. Почувствувајте колку реална ќе стане забавата со јасниот и моќен бас и дискретните нискофреквентни звуци.


Длабок и експлозивен бас

Одликувајќи се со длабок бас од 300 W, моќен звучник од 180 мм и пасивен радијатор, овој сабвуфер ги засилува сите содржини што ги гледате и слушате. Уживајте во најмоќните експлозии и најдлабоките ритми што сте ги слушнале досега, без изобличување. Ќе слушате и појасни гласови со поголема реалистичност за навистина да уживате во песните.

Блок за повеќенасочен дизајн

Нашите системи за домашно кино, звучници во вид на лента и изборни звучници се дизајнирани со ист концепт за повеќенасочен блок. Дизајнот на SA-SW5 е совршен за овие системи. Неговите модерни и заоблени рабови оформуваат цврст блок што нуди распространувачки звук. Комбинацијата од текстури на скапи материјали овозможува вклопување во сите опкружувања за дневен престој.

Погледнете ја вградената технологија

Одликувајќи се со најсовремени технологии за звук како магнетно коло Σ и засеци на работ, SA-SW5 ќе ја збогати вашата забава со длабок и богат бас и јасни нискофреквентни звуци.

Технологии за звук со врвен квалитет
Слика со пресек од структурата на магнетното поле Σ
Магнетно поле Σ за длабок и моќен бас

Ексклузивната технологија за магнетно коло Σ (сигма) од Sony создава длабок и моќен бас преку максимално зголемување на магнетната сила што ја поместува звучната намотка. За разлика од неа, кај стандардните кола се губи голем дел од магнетната сила.

Слика одблиску од засеците на работ
Засеци на работ

Засеците на работ се уште една ексклузивна технологија на Sony за подобрување на симетријата на вертикалната амплитуда. Тоа се реализира со концентрични засеци на работ што помагаат во контролата на оптоварувањето на внатре и надвор од работ на мембраната.

Икона за Wi-Fi
Едноставно поставување

Вклучете го сабвуферот SA-SW5 и тој автоматски ќе се поврзе безжично со вашиот систем за домашно кино или звучник во вид на лента. Брзо е и едноставно, а не се потребни ниту кабли.

Спецификации и функции

Зголемете ја јачината на вашиот систем за домашно кино и звучник во вид на лента. Овој безжичен сабвуфер ги репродуцира сите скриени длабочини во вашите филмови и музика со богат и моќен бас од 300 W што го генерира звучникот од 180 мм.
  • Богат и моќен бас од 300 W преку звучник од 180 мм

  • Пасивен радијатор за посилен бас без шум

  • Магнетно коло Σ за длабок и јасен бас со помало изобличување

  • Безжично поврзување за лесно поставување

  • Врвниот дизајн одговара на нашите системи за домашно кино и звучници во вид на лента

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина