Perfect for PlayStation®5

Телевизорите BRAVIA XR™ се дизајнирани да работат одлично со конзолите PlayStation®5. Заедно, BRAVIA XR и PS5™ создаваат неверојатно доживување со прекрасна слика и звук со кои ќе се чувствувате како да сте во центарот на случувањата.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Погледнете зошто BRAVIA XR работи одлично со PS5™ 

Само телевизорите BRAVIA XR можат автоматски да ја прилагодат и оптимизираат сликата со најдобри поставки за вашиот PlayStation®5, независно дали играте игри или гледате филмови.

Две слики од игра со возење автомобили што прикажуваат разлика помеѓу вклучен и исклучен автоматски HDR со мапирање на тонови
Доловете повеќе детали во сцените со голем контраст

Автоматски HDR со мапирање на тонови

Автоматскиот HDR со мапирање на тонови ги оптимизира поставките за HDR при првичното поставување на PS5™. Конзолата PS5™ автоматски препознава некои модели на телевизори BRAVIA XR и ги избира најдобрите поставки за HDR според вашиот телевизор. Затоа, дури и во сцените со голем контраст, ќе можете да ги видите најважните детали и бои во најсветлите и најтемните делови од екранот   

Потребно е ажурирање на софтверите на PlayStation®5 и BRAVIA што ќе стане достапно до крајот на 2021 година.

Уживајте во игри и многу повеќе со вашата конзола PS5™
Уживајте во игри и многу повеќе со вашата конзола PS5™

Режим на слика со автоматски жанр

Телевизорите BRAVIA XR можат да откријат дали играте игри или гледате филмови и серии. Со режимот на слика со автоматски жанр, телевизорот автоматски преминува во режим за игри кога играте игри, со што се минимизира доцнењето на влезниот сигнал или, пак, преминува во стандарден режим кога гледате филмови преку услуга за проследување или од Ultra HD Blu-ray™-диск на PS5, за да добиете подобри слики. 

Потребно е ажурирање на софтверите на PlayStation®5 и BRAVIA што ќе стане достапно до крајот на 2021 година.

Со 4K/120 fps ќе бидете победник

Со 4K/120 fps, како што е наведено во HDMI 2.1, нашите телевизори ви нудат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри.

Слика за споредба што ја прикажува разликата во бројот на слики помеѓу 4K со 60 fps (горе) и 4K со 120 fps (долу)
Рамномерен и брз приказ на игрите во 4K со 120 fps и 120 Hz

Со HDMI 2.1 добивате стапка на слики до 120 fps кај компатибилните игри, така што ќе имате предност во игрите со пукање, спорт и динамички движења во кои има моментални промени на екранот. Игрите ќе изгледаат рамномерни со намалено доцнење на влезниот сигнал од 8,5 ms со 4K/120 fps и режимот за игри.

Игри со брз одзив, лесна контрола

Не чекајте за да играте. Приклучете го HDMI-кабелот и BRAVIA XR ќе препознае дека приклучувате конзола и автоматски ќе премине во режим за игри. Ќе уживате во рамномерен и брз приказ на игрите. 

Пронајдете BRAVIA XR што одговара на вашиот стил на играње