360 Spatial Sound се прилагодува кон вашето опкружување
Со изборни задни звучници од Sony
Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping и задните звучници од Sony создаваат повеќе фантомски звучници користејќи го звучникот во вид на лента и задните звучници. Со повеќе фантомски звучници околу вас подредени во оптимално звучно поле за вашата просторија, добивате ново звучно доживување. Уживајте во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X® и слушнете го секој здив, чекор и збор како да сте дел од филмот.
Уживајте во простран 360 Spatial Sound
Со изборни задни звучници од Sony
Широка површина за слушање што ќе го исполни секој дел од вашиот простор на живеење за да може вашето семејство и пријателите да уживаат во звукот подеднакво. Површината за слушање не е ограничена во делот пред телевизорот, туку опфаќа многу поширок простор.
Погледнете го видеозаписот за 360 Spatial Sound Mapping
Дали сакате да дознаете како звучи 360 Spatial Sound од звучник во вид на лента со изборни задни звучници? Ставете ги вашите слушалки и уживајте.
Иновативни технологии за оптимизација на звучното поле
Оптимизиран за положбата на звучниците
Не е потребно прецизно позиционирање на изборните звучници. Звучникот во вид на лента со вградените микрофони ќе ја измери положбата на сите звучници и ќе го оптимизира звукот според собата. Тој ќе ви овозможи да уживате во оптимизација на звучното поле со или без изборни звучници. Активирајте го процесот на калибрација при почетното поставување или во почетното мени.
Прекрасен опкружувачки звук од врвен звучник во вид на лента
HT-A5000 нуди 5.1.2 канали: Два звучници насочени нагоре, два beam-високотонци и три предни звучници за поширок опкружувачки звук и два вградени сабвуфери за длабок бас. Со Vertical Surround Engine и S-Force PRO Front Surround, тој создава виртуелен опкружувачки звук што ќе ве обвитка од сите страни за потполно уживање во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X®.
Уживајте во звук одозгора
Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот во вертикален простор за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот. Освен Dolby Atmos и DTS:X, Vertical Surround Engine придонесува за пореален и повеќедимензионален звук од другите формати.
Опкружувачки звук на едноставен начин
Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Звук од напредни звучници и сабвуфер
Моќните звучници работат заедно за да создадат јасен звук со широк опсег низ целата ваша просторија. Два звучници насочени нагоре што репродуцираат звук над вас, два beam-високотонци и три предни звучници за опкружувачки звук, како и сабвуфер за силен бас.
X-Balanced Speaker Unit
Звучниците насочени нагоре, двата вградени сабвуфери и предниот звучник ја користат технологијата X-Balanced Speaker Unit. Правоаголната форма на звучниците максимално ја зголемува површината на мембраната. Исто така, го намалува нејзиното движење без да го намали звучниот притисок, за помало изобличување и остри вокали.
Подобар квалитет на дигиталната музика во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
A = Проширена динамика на звукот (жици и детали тивки како шепот)
B = Обновени високи фреквенции (реални вокали и акустика)
Овој графикон има илустративна намена.
1. Бранова форма на глас 2. Бранова форма на бас 3. Модулирана бранова форма
Појасен глас
Колку подлабок бас, толку повеќе движење на мембраната на звучникот. Тоа предизвикува изобличување со модулација на фаза кога мембраната истовремено репродуцира и високи фреквенции. Технологијата на Sony за обработка на сигнали врши компензација за овој ефект за да добиете појасни дијалози и локализиран звук. Подобрувањата во модулираната бранова форма ја зголемуваат острината и спречуваат изобличување на вокалите.
Продолжен бас
Потребна е голема моќ за репродукција на ниските фреквенции за бас, а постои и ризик од изобличување(A). За да го спречи тоа, HT-A5000 ја користи уникатната технологија на Sony за да создаде динамички продолжен бас при секоја јачина на звукот (B).
Овој графикон има илустративна намена.
1. Ниво 2. Ниско 3. Високо 4. Фреквенција
Запознајте се одново со вашата омилена музика
Звукот со висока резолуција ќе ви овозможи да уживате во музиката што ја сакате со извонредна реалност и прецизност. 360 Reality Audio нуди нов начин за уживање во музиката што ќе ве пренесе во центарот на случувањата користејќи звуци и различни инструменти.
Нема загуби во квалитетот на сликата
Гледајте живописни сцени исполнети со реални бои и длабочина. Оригиналниот квалитет на сликата се зачувува при репродукција преку звучникот во вид на лента HT-A5000 за да можете да уживате максимално во филмовите. И игрите се повозбудливи и пореални поради поддршката за најновите формати, како што се променливата стапка на освежување (VRR) и автоматскиот режим со мало доцнење (ALLM) на HDMI 2.1.
Уживајте во прекрасно доживување со игрите и филмовите
Уживајте во прекрасни игри и филмови со оптимизирани поставки за слика од автоматскиот HDR со мапирање на тонови и режимот на слика со автоматски жанр, кога ќе поврзете телевизор BRAVIA XR™ и PlayStation®5 преку овој производ.
Добијте поширок и побогат звук со безжичниот сабвуфер и задните звучници
Ако користите изборен безжичен сабвуфер, тогаш двата сабвуфери вградени во звучникот во вид на лента ќе репродуцираат бас и вокали, а изборниот безжичен сабвуфер ќе репродуцира нискофреквентни звуци. Додајте ги нашите изборни безжични задни звучници за да добиете подобро филмско доживување со звук што се репродуцира директно зад вас.
SA-SW5
Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.
SA-SW3
Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.
BRAVIA Theatre Sub 7
Моќен бас преку звучник од 130 мм.
Задни звучници SA-RS5
Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 180 W и звучници насочени нагоре со внатрешни батерии.
BRAVIA Theatre Rear 8
Простран опкружувачки звук со моќност од 100 W и двосистемски звучници.
Задни звучници SA-RS3S
Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 100 W.
Најдобри перформанси со телевизори од Sony
Ако го впарите со телевизор BRAVIA™, HT-A5000 ќе ви понуди прекрасно аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен звучник во вид на лента за телевизори BRAVIA.
Уште поголемо уживање со BRAVIA Acoustic Center Sync
Ако го поврзете со телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync тогаш и звучникот во вид на лента и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник во системот за домашно кино. Ако го поврзете звучникот во вид на лента со изборни безжични звучници, тогаш телевизорот и звучникот во вид на лента ќе добијат улога на централен канал во системот со 360 Spatial Sound Mapping. Звукот се усогласува со сликата на екранот.
Контрола без напор преку BRAVIA
Благодарение на корисничкиот интерфејс, поставките на звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA заради лесна контрола на режимите за звук, звучното поле и јачината на звукот.
Положба на звучникот во вид на лента
Ако имате BRAVIA со држач со повеќе положби, тогаш променете ја положбата на држачот на телевизорот за да го поставите HT-A5000 под телевизорот и да добиете модерен изглед.
Блок за повеќенасочен дизајн
HT-A5000 и изборните звучници се дизајнирани со ист концепт за повеќенасочен блок. Неговите модерни и заоблени рабови оформуваат цврст блок што нуди распространувачки звук. Комбинацијата од текстури на скапи материјали овозможува вклопување во сите опкружувања за дневен престој.
Поврзување преку Bluetooth®
Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®.
Проследување преку Wi-Fi
Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.
Spotify Connect™
Репродуцирајте од Spotify директно преку вашиот звучник користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред како далечински управувач.
Chromecast built-in
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Apple AirPlay 2
Споделувајте музика и други содржини од вашите уреди од Apple кон вашиот звучник во вид на лента. Сето тоа е можно со допир.
Гласовна контрола
Звучникот во вид на лента е компатибилен со уреди со Google Assistant и Chromecast built-in™ и уреди со Amazon Alexa. Додајте го HT-A5000 во вашата група звучници преку Google Home за да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот и многу други функции користејќи го вашиот глас.
Пријатен и амбиентален звук
За да уживате во пореални филмови, притиснете го копчето „Sound Field“ на далечинскиот управувач и уживајте во амбиентален звук што ќе ве внесе во центарот на случувањата. Или, пак, исклучете ја опцијата „Sound Field“ за јасен звук кога слушате звук со висока резолуција или стерео музика.
Спецификации и функции
Уживајте во филмовите и забавата на повисоко ниво со HT-A5000. Ако го користите само звучникот во вид на лента ќе слушате реален 5.1.2-канален опкружувачки звук со S-Force PRO Front Surround и Vertical Surround Engine. Или може да додадете изборни задни звучници за да уживате во 360 Spatial Sound Mapping со повеќе фантомски звучници.