360 Spatial Sound што се прилагодува кон вашето опкружување
Со изборни задни звучници од Sony
Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping и задните звучници од Sony создаваат повеќе фантомски звучници користејќи го звучникот во вид на лента и задните звучници. Со повеќе фантомски звучници околу вас подредени во оптимално звучно поле за вашата просторија, добивате ново звучно доживување. Уживајте во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X® и слушнете го секој здив, чекор и збор како да сте дел од филмот.
Иновативна технологија за оптимизација на звучното поле
Оптимизиран за положбата на звучниците
Не е потребно прецизно позиционирање на изборните звучници. Звучникот во вид на лента со вградените микрофони ќе ја измери положбата на сите звучници и ќе го оптимизира звукот според вашата соба. Тој ќе ви овозможи да уживате во оптимизација на звучното поле со изборни звучници. Активирајте го процесот на калибрација при почетното поставување или во почетното мени.
Прекрасен опкружувачки звук од звучник во вид на лента
HT-A3000 има 3.1 канали: три предни звучници, вклучувајќи и централен звучник за јасни дијалози, како и два вградени сабвуфери за длабок бас. Благодарение на Vertical Surround Engine и S-Force PRO Front Surround, тој создава виртуелен опкружувачки звук што ќе ве обвитка од сите страни за потполно уживање во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X®.
Уживајте во звук одозгора
Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот вертикално за да може да уживате во 3D звук без потреба од звучници во таванот или звучници насочени нагоре. Како и Dolby Atmos и DTS:X, технологијата Vertical Surround Engine нуди пореален, повеќедимензионален звук и за другите формати.
Опкружувачки звук на едноставен начин
Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Прекрасно. Реално.
Откријте нов начин на слушање со 360 Reality Audio што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио.
Звук од напредни звучници и сабвуфер
Моќните звучници - три предни звучници за опкружувачки звук и два вградени сабвуфери за моќен бас - работат заедно за да создадат јасен звук со широк опсег низ целата ваша просторија.
Централен звучник за јасен дијалог
Со наменскиот централен звучник (1) ќе ги слушате гласовите јасно, без разлика дали се работи за брз дијалог од омилените серии или шепотење во филмовите. Одличен е и за музика бидејќи создава звук со врвни детали.
Два вградени сабвуфери за звук со длабок бас
Звучникот во вид на лента има два моќни вградени сабвуфери (2) во средината за да уживате во звук со длабок бас и минимална опрема во вашиот животен простор.
X-Balanced Speaker Unit
Двата вградени сабвуфери и предните звучници ја користат технологијата X-Balanced Speaker Unit. Правоаголната форма на звучниците максимално ја зголемува површината на мембраната. Исто така, го намалува нејзиното движење без да го намали звучниот притисок, за помало изобличување и остри вокали.
Појасен глас
Колку подлабок бас, толку повеќе движење на мембраната на звучникот. Тоа предизвикува изобличување со модулација на фаза кога мембраната истовремено репродуцира и високи фреквенции. Технологијата на Sony за обработка на сигнали врши компензација за овој ефект за да добиете појасни дијалози и локализиран звук. Подобрувањата во модулираната бранова форма ја зголемуваат острината и спречуваат изобличување на вокалите.
Овој графикон има илустративна намена.
1. Бранова форма на глас 2. Бранова форма на бас 3. Модулирана бранова форма
Овој графикон има илустративна намена.
1. Ниво 2. Ниско 3. Високо 4. Фреквенција
Продолжен бас
Потребна е голема моќ за репродукција на ниските фреквенции за бас, а постои и ризик од изобличување(A). Звучникот во вид на лента ја користи технологијата на Sony за обработка на сигнали за да создаде динамички бас при секоја јачина на звукот (B).
Подобар квалитет на дигиталната музика во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
A = Проширена динамика на звукот (жици и детали тивки како шепот)
B = Обновени високи фреквенции (реални вокали и акустика)
Добијте поширок и побогат звук со безжичниот сабвуфер и задните звучници
Ако користите изборен безжичен сабвуфер, тогаш двата сабвуфери вградени во звучникот во вид на лента ќе репродуцираат бас и вокали, а изборниот безжичен сабвуфер ќе репродуцира нискофреквентни звуци. Додајте ги нашите изборни безжични задни звучници за да добиете подобро филмско доживување со звук што се репродуцира директно зад вас.
SA-SW5
Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.
SA-SW3
Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.
BRAVIA Theatre Sub 7
Моќен бас преку звучник од 130 мм.
Задни звучници SA-RS5
Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 180 W и звучници насочени нагоре со внатрешни батерии.
BRAVIA Theatre Rear 8
Простран опкружувачки звук со моќност од 100 W и двосистемски звучници.
Задни звучници SA-RS3S
Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 100 W.
Најдобри перформанси со телевизори од Sony
Ако го впарите со телевизор BRAVIA™, HT-A3000 ќе ви понуди прекрасно аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен звучник во вид на лента за телевизори BRAVIA.
Уште поголемо уживање со BRAVIA Acoustic Center Sync
Ако го поврзете со телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync, тогаш и звучникот и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник. Ако го поврзете звучникот во вид на лента со безжични задни звучници, тогаш звучникот на телевизорот и звучникот во вид на лента ќе добијат улога на централен канал за звук во системот со 360 Spatial Sound Mapping. Звукот ќе се усогласи со сликата и ќе добиете појасни дијалози и пореално доживување.
Звукот совршено одговара на случувањата
Со Acoustic Center Sync ќе слушате дијалози точно од местото каде што стои ликот на екранот. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.
Блок за повеќенасочен дизајн
HT-A3000 и изборните звучници се дизајнирани со ист концепт за повеќенасочен блок. Неговите модерни и заоблени рабови оформуваат цврст блок што нуди распространувачки звук. Комбинацијата од текстури на скапи материјали овозможува вклопување во сите опкружувања за дневен престој.
Проследувајте музика од вашите омилени услуги
Благодарение на вградената поддршка за Spotify Connect™, како и други услуги за музика преку Bluetooth®, Chromecast или Apple AirPlay 2, лесно ќе можете да уживате во омилената музика со целото семејство.
Гласовна контрола
Звучникот во вид на лента е компатибилен со уреди со Google Assistant и Chromecast built-in™ и уреди со Amazon Alexa. Додајте го HT-A3000 во вашата група звучници преку Google Home за да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции со помош на вашиот глас.
Пријатен и амбиентален звук
За да уживате во пореални филмови, притиснете го копчето „Sound Field“ на далечинскиот управувач и уживајте во амбиентален звук што ќе ве внесе во центарот на случувањата. Или, пак, исклучете ја опцијата „Sound Field“ за јасен звук кога слушате стерео музика.
Поставете го за неколку секунди
Треба само да го приклучите звучникот во вид на лента во струја, да го поврзете во приклучокот HDMI eARC на телевизорот и да го вклучите напојувањето. USB-приклучок и влезен оптички приклучок, како и HDMI-излез (eARC) и S-CENTER OUT за компатибилните модели на BRAVIA - достапни ви се сите потребни приклучоци за извонредно доживување со опкружувачки звук.
Спецификации и функции
Доживејте ги и уживајте во омилените филмови, серии и музика со HT-A3000. Ако го користите само звучникот во вид на лента ќе слушате реален 3.1-канален опкружувачки звук со S-Force PRO Front Surround и Vertical Surround Engine. Или може да додадете изборни задни звучници за да уживате во 360 Spatial Sound Mapping со повеќе фантомски звучници.