Големина и тежина

ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
950 мм X 64 мм X 128 мм
ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
4,6 кг

Засилувач

Тип на засилувач
Дигитален засилувач, S-Master
Канали на засилувач
5 канали
Излезна моќност (вкупна)
250W

Сабвуфер

Вид на сабвуфер
Вграден сабвуфер

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Оптички влез за звук, USB typeA, exFAT, FAT12 / 16 / 32, vFAT
Верзија IEEE802.11
a / b / g / n / ac
Bluetooth®
RX / TX
ВЕРЗИЈА НА BLUETOOTH®
Вер. 5.0
HDCP2.2
Да

HDMI®

Број на влезови/излези
Влез / излез: - / 1 (eARC / ARC)
eARC
Да
BRAVIA Sync
Да
HDMI® CEC
Да

Аудио формати

HDMI eARC
Dolby Digital, Dolby Digital Plus, Dolby TrueHD, Dolby Atmos, Dolby Dual mono, DTS, DTS HD High Resolution Audio, DTS HD Master Audio, DTS ES, DTS 96 / 24, DTS: X, LPCM 5ch/5.1ch/7.1ch, LPCM 192 kHz/24 бита
ОПТИЧКИ ВЛЕЗ
Dolby Digital, Dolby Dual mono, DTS, LPCM 2ch, LPCM 48 kHz/24 бита
USB
DSD (.dsf / .dff ) DSD 5,6 MHz, WAV, Flac, ALAC (.m4a, .mov), AIFF (.aiff, .aif), HE AAC, AAC, MP3, Monkey Audio, WMA, Ogg Vorbis
BLUETOOTH®-КОМУНИКАЦИЈА (ПРИЕМНИК)
SBC, AAC, LDAC
BLUETOOTH®-КОМУНИКАЦИЈА (ПРЕДАВАТЕЛ)
SBC, LDAC

Функција за звук

Режим на звук
Звучно поле
Звучен ефект
Ноќен режим, режим за гласови, Immersive Audio Enhancement (со вклучена опција за звучно поле)
Технологија за виртуелен опкружувачки звук
S-Force PRO, Vertical Surround Engine, 360 Spatial sound mapping, Dolby Speaker Virtual, DTS Virtual: X

Распоред на звучници

Структура на звучници
3.1-кан. (вграден сабвуфер)
Сабвуфер
Вграден сабвуфер

Мрежна функција

Мрежна функција
Chromecast built-in, Spotify Connect, копче за услуги за музика, може да се користи со Google Assistant, може да се користи со Alexa

Безжични функции

Безжичен опкружувачки звук (со изборни безжични звучници)
Да
Безжично поврзување со телевизор
Да

Детали

ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
50W
Потрошувачка на енергија(во режим за брзо вклучување)
Помалку од 0,5 W
Потрошувачка на енергија(во режим за далечинско активирање)
Помалку од 3 W
Поставување на ѕид
Да

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА)
0,5 W
АКТИВИРАН Е ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ / РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
По 20 минути
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
0,5 W (HDMI CEC) / 3,0 W (поврзување преку WiFi, Bluetooth®, сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 20 минути (поврзување преку HDMI CEC, WiFi, Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
За да ги вклучите функциите за WiFi и Bluetooth®, притиснете го копчето HOME и изберете го следното. 1. [Поставување] - [Напредни поставки] - [Мрежни поставки] - [Поврзување преку Wi-Fi]
  - [Вклучено/исклучено]
2. [Поставување] - [Напредни поставки] - [Поставки за Bluetooth] - [Режим за Bluetooth]   - [Приемник/предавател/исклучено]

Што има во пакетот

  • Далечински управувач:
  • Батерии за далечинскиот управувач
  • Кабел за режимот за централен звучник на телевизорот
  • HDMI кабел
  • Кабел за наизменична струја
  • Гарантен лист
  • Водич за брзо поставување
  • Упатство за употреба
Placeholder

Функции

Слика од дневна соба со кревет и систем за опкружувачки звук во раскошна сцена од џунгла.

360 Spatial Sound се прилагодува кон вашето опкружување со изборните задни звучници од Sony

Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping и задните звучници од Sony создаваат повеќе фантомски звучници користејќи го звучникот во вид на лента и задните звучници. Со повеќе фантомски звучници околу вас подредени во оптимално звучно поле за вашата просторија, добивате ново звучно доживување. Уживајте во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X® и слушнете го секој здив, чекор и збор како да сте дел од филмот.

Слика на која е прикажана оптимизацијата на звучното поле

Оптимизиран за положбата на звучниците

Не е потребно прецизно позиционирање на изборните звучници. Звучникот во вид на лента со вградените микрофони ќе направи сè што е потребно - интелигентно ќе ја измери положбата на сите звучници и ќе го оптимизира звукот според вашата соба. Тој ќе ви овозможи да уживате во оптимизација на звучното поле со изборни звучници. Активирајте го едноставниот процес на калибрација при почетното поставување или во почетното мени.

Графикон што прикажува како S-Force PRO Front Surround создава виртуелен опкружувачки звук користејќи само предни звучници

Опкружувачки звук на едноставен начин

Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.

Лого за 360 Reality Audio

Прекрасно. Реално.

Откријте нов начин на слушање со 360 Reality Audio што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио.

Дознајте за 360 Reality Audio

Слика што прикажува како Vertical Surround Engine го позиционира звукот над слушателот за да создаде 3D-звук без звучници на таванот

Уживајте во звук одозгора

Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот вертикално за да може да уживате во 3D звук без потреба од звучници во таванот или звучници насочени нагоре. Како и Dolby Atmos и DTS:X, технологијата Vertical Surround Engine нуди пореален, повеќедимензионален звук и за другите формати.

Рендгенска слика од HT-A3000 на која е прикажан вградениот двоен вуфер

Два вградени сабвуфери за звук со длабок бас

Звучникот во вид на лента има два моќни вградени сабвуфери во средината за да уживате во звук со длабок бас и минимална опрема во вашиот животен простор.

Рендгенска слика од HT-A3000 на која е прикажан централниот звучник

Централен звучник за јасен дијалог

Со наменскиот централен звучник ќе ги слушате гласовите јасно, без разлика дали се работи за брз дијалог од омилените серии или шепотење во филмовите. Одличен е и за музика бидејќи создава звук со врвни детали.

Рендгенска слика од звучникот во вид на лента HT-A3000 на која се прикажани внатрешните компоненти

Звук од напредни звучници и сабвуфер

Моќните звучници - три предни звучници за опкружувачки звук и два вградени сабвуфери за моќен бас - работат заедно за да создадат јасен звук со широк опсег низ целата ваша просторија.

Графикон што прикажува како уникатната обработка на сигнали на Sony создава динамички продолжен бас

Продолжен бас 

Потребна е голема моќ за репродукција на ниските фреквенции за бас, а постои и ризик од изобличување(A). За да го спречи тоа, звучникот во вид на лента ја користи уникатната технологија на Sony за обработка на сигнали за да создаде динамички продолжен бас при секоја јачина на звукот (B). Овој графикон има илустративна намена. 1. Ниво 2. Ниско 3. Високо 4. Фреквенција

Графикон што прикажува разлики помеѓу бранова форма на глас, бранова форма на бас и модулирана бранова форма

Појасен глас

Колку подлабок бас, толку повеќе движење на мембраната на звучникот. Тоа предизвикува изобличување со модулација на фаза кога мембраната истовремено репродуцира и високи фреквенции. Технологијата на Sony за обработка на сигнали врши компензација за овој ефект за да добиете појасни дијалози и локализиран звук. Подобрувањата во модулираната бранова форма ја зголемуваат острината и спречуваат изобличување на вокалите. Овој графикон има илустративна намена. 1. Бранова форма на глас 2. Бранова форма на бас 3. Модулирана бранова форма

Споредба помеѓу уникатната правоаголна форма на X-Balanced Speaker Unit и стандарден звучник

X-Balanced Speaker Unit

Двата вградени сабвуфери и предните звучници ја користат технологијата X-Balanced Speaker Unit. Правоаголната форма на звучниците максимално ја зголемува површината на мембраната. Исто така, го намалува нејзиното движење без да го намали звучниот притисок, за помало изобличување и остри вокали.

Приказ од предна страна на сабвуферот SA-SW5

Изборен сабвуфер SA-SW5

Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.

Графикон што прикажува обновување на компресираните датотеки во реално време со помош на DSEE Extreme

Подобар квалитет на дигиталната музика во реално време

Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето. A = Проширена динамика на звукот (жици и детали тивки како шепот) B = Обновени високи фреквенции (реални вокали и акустика)

Дневна соба со телевизор BRAVIA поставен на ѕид, звучник во вид на лента HT-A3000, сабвуфер SA-SW3 и задни звучници SA-RS5

Добијте поширок и побогат звук со безжичниот сабвуфер и задните звучници

Ако користите изборен безжичен сабвуфер, тогаш двата сабвуфери вградени во звучникот во вид на лента ќе репродуцираат бас и вокали, а изборниот безжичен сабвуфер ќе репродуцира нискофреквентни звуци. Додајте ги нашите изборни безжични задни звучници за да добиете подобро филмско доживување со звук што се репродуцира директно зад вас. 

Приказ од предна страна на задните звучници SA-RS3S

Изборни задни звучници SA-RS3S 

Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 100 W.

Приказ од предна страна на задните звучници SA-RS5

Изборни задни звучници SA-RS5 

Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 180 W и звучници насочени нагоре.

Приказ од предна страна на сабвуферот SA-SW3

Изборен сабвуфер SA-SW3

Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.

Најдобри перформанси со телевизори од Sony

Ако го впарите со телевизор BRAVIA™, HT-A3000 ќе ви понуди прекрасно аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен звучник во вид на лента за телевизори BRAVIA.

Слика од екран на корисничкиот интерфејс за брзо поставување на BRAVIA

Лесна контрола преку телевизори BRAVIA

Благодарение на вградениот кориснички интерфејс, поставките за звук на звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA заради лесна контрола на функциите како звучно поле и јачина на звукот.

Слика од телевизор што ги насочува звучните бранови кон кревет

Звукот совршено одговара на случувањата

Со Acoustic Center Sync ќе слушате дијалози точно од местото каде што стои ликот на екранот. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.

Слика од телевизор BRAVIA со држач со повеќе положби и звучник во вид на лента под него

Положба на звучникот во вид на лента

Ако имате телевизор BRAVIA со држач со повеќе положби, тогаш променете ја положбата на држачот на телевизорот за да го поставите HT-A3000 под телевизорот и да добиете модерен изглед.

Слика од звучни бранови што излегуваат од телевизор и звучник во вид на лента, означуваат Acoustic Center Sync

Уште поголемо уживање со BRAVIA Acoustic Center Sync

Ако го поврзете со телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync, тогаш и звучникот во вид на лента и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник во системот за домашно кино. Исто така, ако го поврзете звучникот во вид на лента со изборни безжични задни звучници, тогаш звучникот на телевизорот и звучникот во вид на лента ќе добијат улога на централен канал за звук како дел од системот со 360 Spatial Sound Mapping. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате појасни дијалози и пореално доживување.

Проследувајте музика од вашите омилени услуги

Благодарение на вградената поддршка за Spotify Connect™, како и други услуги за музика преку Bluetooth®, Chromecast или Apple AirPlay 2, лесно ќе можете да уживате во омилената музика со целото семејство.

Слики од звучник во вид на лента, вклучувајќи приказ под агол, приказ од предната страна и приказ со дополнителни звучници

Блок за повеќенасочен дизајн

HT-A3000 и изборните звучници се дизајнирани со ист концепт за повеќенасочен блок. Неговите модерни и заоблени рабови оформуваат цврст блок што нуди распространувачки звук. Комбинацијата од текстури на скапи материјали овозможува вклопување во сите опкружувања за дневен престој.

Лого за Bluetooth®

Поврзување преку Bluetooth® 

Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®.

Лого за Spotify Connect™

Spotify Connect™

Репродуцирајте од Spotify директно преку вашиот звучник користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред како далечински управувач.

Лого за Chromecast built-in

Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Лого за Wi-Fi

Проследување преку Wi-Fi

Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.

Слика од човек кој го контролира звучникот во вид на лента HT-A3000 разговарајќи со гласовен помошник на својот уред.

Гласовна контрола

Звучникот во вид на лента е компатибилен со уреди со Google Assistant и Chromecast built-in™ и уреди со Amazon Alexa. Додајте го HT-A3000 во вашата група звучници преку Google Home за да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции со помош на вашиот глас.

Лого за Може да се користи со Apple AirPlay

Apple AirPlay 2

Споделувајте музика и други содржини од вашите уреди од Apple кон вашиот звучник во вид на лента. Сето тоа е можно со допир.

Слика одблиску од далечинскиот управувач на HT-A3000

Пријатен и амбиентален звук

За да уживате во пореални филмови, притиснете го копчето „Sound Field“ на далечинскиот управувач и уживајте во амбиентален звук што ќе ве внесе во центарот на случувањата. Или, пак, исклучете ја опцијата „Sound Field“ за јасен звук кога слушате стерео музика.

Икона за режим на говор

Режим на говор

Независно дали слушате утрински вести или финалето на сезоната, режимот ќе ги прилагоди поставките за звук за да го нагласи говорот и да ги слушнете сите зборови.

Икона за ноќен режим

Ноќен режим

Гледате филм навечер? Оваа функција ја оптимизира рамнотежата на звукот за да можете јасно да слушнете сè, дури и при мала јачина на звукот.

Слика од приклучоците на задната страна на HT-A3000

Поставете го за неколку секунди

Треба само да го приклучите звучникот во вид на лента во струја, да го поврзете во приклучокот HDMI eARC на телевизорот и да го вклучите напојувањето. USB-приклучок и влезен оптички приклучок, како и HDMI-излез (eARC) и S-CENTER OUT за компатибилните модели на BRAVIA - достапни ви се сите потребни приклучоци за извонредно доживување со опкружувачки звук.