Televisions

LED телевизори

Уживајте во неверојатна острина, живописни бои и енергетска ефикасност со нашите LED телевизори со рамен екран. Разгледајте ја целата палета подолу и пронајдете го совршениот модел за вашиот дом.

Поостри, појасни и поприродни слики

Добијте неверојатен квалитет на слика со нашите LED телевизори. Одредени модели во палетата нудат 4K обработка – 8 милиони точки за детали. Сликите отскокнуваат од екранот на LED 3D телевизорите, а Motionflow XR нуди беспрекорни брзи случувања.

Остри слики на паметен LED телевизор од Sony
LED телевизор со јасен звук
Звук со врвни перформанси

Кај нашите најдобри LED телевизори, неверојатниот квалитет на слика е надополнет со моќен звук. Високите, средните и ниските тонови автоматски се балансираат со ClearAudio+, а одредени модели имаат вградени сабвуфери и Magnetic Fluid звучници.

Футуристичкиот дизајн на најдобриот LED телевизор од Sony
Формата на квалитетот

Уникатната форма во вид на клин кај одредени модели заштедува простор и го зголемува капацитетот за звучници кои нудат побогат звук. Оние кои сакаат подобро доживување може да набават еден од нашите нежно заоблени LED 3D телевизори.