Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Овој 4K-телевизор BRAVIA од Sony прикажува живописни и реални слики за да уживате во возбудата што ја нудат филмовите и игрите. Благодарение на поддршката за различни HDR-формати, меѓу кои и HDR10 и Hybrid Log-Gamma, тој нуди максимален 4K-квалитет од дисковите, емитувањата или проследувањата во вашиот дом.
Независно дали гледате дигитални или аналогни содржини, BRAVIA ENGINE врши дигитална обработка за да создаде детални слики со висока резолуција и помалку шум. Тој ги оптимизира боите и контрастот на телевизорот за да уживате во живописни и длабоки сцени.
TRILUMINOS, со помош на процесорите BRAVIA Engine, го проширува спектарот на бои и репродуцира повеќе бои од стандардните телевизори. Ги анализира и обработува податоците од сликите за да понуди поприродни и попрецизни бои, за сликите да изгледаат колку што е можно пореално.
Пронајдете нови омилени содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за да започнете.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот