Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
X85K / X89K | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)
108 см (43”)|126 см (50")|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")
X85K / X89K | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)
TRILUMINOS PRO™ и нашиот 4K HDR-процесор X1™ внесуваат реалистичност во повеќе од милијарда бои. Екстремниот контраст ги прави реални сите содржини што ги гледате.
Уживајте во појасни движења и транзиции на овој 4K-телевизор BRAVIA од Sony со висока стапка на освежување од 120 Hz. Ќе гледате и остри детали во динамичките сцени со Motionflow™ XR. Оваа технологија создава и вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните слики преку споредба на главните визуелни фактори и пресметка на движењата што недостасуваат и траат многу кратко.
Гледајте прекрасни 4K-слики со реални детали и текстури со 4K HDR-процесорот X1™. Сликите снимени во 2K-резолуција, па дури и во HD, ќе добијат нивоа на детали слични на 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.
Дизајниран да го надополни квалитетот на звукот и тенкиот дизајн на телевизорот со својата уникатна нова форма, нашиот X-balanced speaker ќе ги збогати филмовите и музиката со јасен звук.
Гледајте ги омилените филмови со повеќе возбуда и реализам на 4K Ultra HD-телевизор што е дизајниран да создаде реално филмско доживување во домот. Dolby Vision™ внесува реалистичност во сцените, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен звук.
Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете.
Бидејќи рамката е премногу тесна, вашите очи ќе се фокусираат на сликата, а не околу неа.
Повеќенаменскиот 2-насочен држач ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата или тесно поставување за помали масички.
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Со BRAVIA CAM ќе добиете многу нови и забавни доживувања преку телевизорот, како контрола со гестикулации и многу повеќе.
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.
Телевизорите BRAVIA се дизајнирани за врвни доживувања и не се штетни за опкружувањето. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за телевизорите и пакувањата. Рамката на X85K е од рециклирана пластика. Технологиите за задно осветлување, BRAVIA CAM и сензорите нудат квалитетна слика и мала потрошувачка на енергија.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот