Синхронизиран. Вибрирачки. Звук како во кино.

Четири високотонци во рамката што вибрираат. Слушајте звук што излегува директно од екранот и е совршено синхронизиран со случувањата. Благодарение на Cognitive Processor XR™, сите звуци стануваат реални.

Телевизор BRAVIA што прикажува диригент и оркестар со звучни бранови што се распространуваат во концентрични прстени од центарот на екранот

Звук и слики, усогласени прецизно

Благодарение на Acoustic Multi-Audio™, звукот се репродуцира од соодветно место во сцената и е прецизно усогласен со сликата. Така добивате многу пореално доживување за разлика од стандардните телевизори што репродуцираат звук под екранот.
Две слики од гитарист, на левата слика е прикажано како стандарден телевизор емитува звук под екранот, на десната слика е прикажано како телевизор BRAVIA со Acoustic Multi-Audio емитува звук од гитаристот заради пореално доживување

Високотонец во рамката.
Оптимална положба на звукот.

Поголемо распространување, поголема моќ, поголем простор. Високотонецот во рамката ја вибрира рамката и го проектира звукот нанапред. Со утврдување на положбата на сите звучници се добива совршена рамнотежа на звукот.
Слика од телевизор на која се прикажува локацијата и деталите за високотонецот во рамката и звучни бранови што се емитуваат во концентрични прстени

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук користејќи ги звучниците на телевизорот за да добиете 3D-звук без да вградувате звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.
Сцена од дневна соба со жена која седи на кревет и гледа телевизија и ефекти на опкружувачкиот звук, а во долниот десен агол има лого за XR Surround и Dolby Atmos

Јасен глас.
Прецизен дијалог.

Voice Zoom 2™ ги открива гласовите, ги анализира и ги прави појасни. Со користење на напредно филтрирање, амбиенталните елементи се придушуваат за да можете јасно да ги слушнете дури и тивките дијалози.
Жена во автомобил со нацртани звучни бранови во сина боја што ги претставуваат јасните гласови што се добиваат од Voice Zoom 2

BRAVIA и звук од Sony - тим од соништата

Подобрете ја забавата со поврзување на вашиот телевизор BRAVIA XR™ со аудиоопрема од Sony. Ќе добиете неспоредливо аудиовизуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.

Acoustic Center Sync

Вашиот компатибилен телевизор BRAVIA™ и звучник во вид на лента може да се претворат во централен звучник со Acoustic Center Sync. Прецизното усогласување на звукот што го слушате и случувањата што ги гледате на екранот ќе ви понуди уште пореална забава во вашиот дом.0
Слика од вљубен пар во дневна соба кои гледаат кон телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync

Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® преку спојување на нашиот пренослив звучник SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да добиете простран опкружувачки звук. Со некои слушалки од Sony може да уживате и во симулиран опкружувачки звук 360 Spatial Sound.0
Слика од маж во дневна соба кој гледа кон телевизор BRAVIA со 360 Spatial Sound

BRAVIA CAM

Идеално звучно доживување од секое место

BRAVIA CAM™ ја следи вашата положба и го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите, ќе слушате звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.
Две слики за споредба на кои има човек кој слуша звук пред телевизорот и човек кој слуша звук странично од телевизорот
Слика од вљубен пар во дневна соба кои гледаат кон телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync

Acoustic Center Sync

Поврзете го BRAVIA XR со звучник во вид на лента од Sony и звучникот ќе го засили централниот канал за да создаде подобри вокали. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате прекрасно доживување.
Погледнете го звучникот A7000
Слика од маж во дневна соба кој гледа кон телевизор BRAVIA со 360 Spatial Sound

Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® преку спојување на преносливиот звучник SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да добиете простран опкружувачки звук. Со одредени слушалки од Sony може да уживате и во симулиран опкружувачки звук 360 Spatial Sound преку безжичниот предавател WLA-NS7 (се продава посебно). 
Погледнете го звучникот NS7

Слушајте јасни гласови,
независно каде се наоѓате

BRAVIA CAM™ открива на која оддалеченост гледате и автоматски го прилагодува зумот на гласовите за да слушате јасни дијалози. Јачината на звукот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.
Две слики за споредба на кои има човек кој слуша звук од телевизор одблиску и човек кој слуша звук од телевизор од далечина