Z9K | BRAVIA XR | MASTER Series | Mini LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

Z9K Series

НОВО
Z9K Series
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи

Дизајн на телевизори од 85 инчи

 

Дизајн на телевизори од 85 инчи

Дизајн на телевизори од 85 инчи

 

Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи
Дизајн на телевизори од 85 инчи

Реална возбуда во 8K.
Нереално уживање.

BRAVIA XR MASTER Series Z9K

Нашиот најдобар 8K-телевизор со Mini LED и Cognitive Processor XR™ нуди врвен контраст и извонредна острина. Квалитетот на сите содржини се подобрува приближно до 8K. Филмски звук и слики, усогласени прецизно.

()
  • XR-75Z9K

    189 cm (75")
    НОВО
  • XR-85Z9K

    215 см (85")
    НОВО


  • CES® 2022 Best of Innovation Awards Honoree, награда за BRAVIA CAM0

     

     

  • CES® 2022 Innovation Awards, награда за BRAVIA CORE0

     

Неверојатно остра и кристално јасна 8K-резолуција

Нашиот Cognitive Processor XR™ го подобрува квалитетот на сите содржини приближно до 8K, па затоа сите содржини што ги сакате ќе бидат подетални, поубави и пореални.

Детали од телевизиски екран што прикажува златни и сини кристали, со логото Sony XR во преден план

Максимален контраст. Mini LED.

Максималната светлина и длабоките црни се најважни за врвниот контраст. XR Backlight Master Drive™ го нагласува ненадминатиот контраст на нашиот 8K-екран со Mini LED.

Детали од раб на телевизор што прикажува слика од бели точки на левата страна и црвени, тиркизни и провидни кристали на десната страна

Филмски. Возбудливо.

Четирите високотонци во рамката, со помош на Cognitive Processor XR™, репродуцираат звук директно од екранот. Да, погодивте, исто како во кино.

Телевизор BRAVIA што прикажува диригент и оркестар со звучни бранови што се распространуваат во концентрични прстени од центарот на екранот

Нови начини за уживање во телевизијата со BRAVIA CAM

Со BRAVIA CAM секогаш имате најдобро место за седење во домот. Препознава каде седите и соодветно ги оптимизира сликата и звукот. Достапни се и контроли со гестикулации, видеоразговори и други нови и забавни искуства што чекаат да ги откриете. 0  1
Лого за BRAVIA CAM

Оптимално доживување при гледањето, независно каде седите

Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со испорачаната BRAVIA CAM и уживајте во телевизијата како никогаш досега. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Тоа значи дека звукот и дијалозите ќе бидат појасни и пореални, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.

Сите слики ќе се оптимизираат според вашата положба во собата

BRAVIA CAM го мери растојанието помеѓу вас и вашиот телевизор и ја прилагодува неговата светлина за да уживате во слика со совршен квалитет секогаш, независно од вашата положба во собата. Сензорот за светлина и бои на телевизорот ги оптимизира сликите според осветлувањето за да обезбеди најдобро можно доживување при гледањето.

Идеално звучно доживување од секое место

BRAVIA CAM ве следи вас и вашата положба, дури и ако гледате од страна, а потоа го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите во собата, ќе уживате во звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.

Слушајте јасни гласови, независно каде се наоѓате

BRAVIA CAM открива на која оддалеченост гледате и може автоматски да го прилагоди зумот на гласовите за да слушате јасни дијалози. Јачината на дијалозите на телевизорот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.

Откријте нови начини за уживање во телевизијата со BRAVIA CAM

Со BRAVIA CAM ќе добиете многу нови и забавни доживувања преку телевизорот, како контрола со гестикулации, видеоразговори и многу повеќе.

Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и ве предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.

Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја прилагодувате јачината на звукот и многу повеќе користејќи едноставни гестикулации, без далечинскиот управувач.

Автоматскиот режим за заштеда на енергија ја оптимизира потрошувачката на енергија преку автоматско затемнување на екранот кога не сте пред телевизорот.

Уживајте во видеоразговори со пријателите и семејството на голем екран

Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Поврзете го вашиот телевизор со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.

Лесно се поврзува, лесно се затвора

Испорачаната BRAVIA CAM се прикачува и откачува од телевизорот BRAVIA брзо и лесно. Преклопникот за капакот на камерата на горната страна на BRAVIA CAM овозможува затворање на камерата за поголема приватност во секое време.

Време е за игри. Бидете непобедливи.

Нашите телевизори BRAVIA XR™ прецизно ја репродуцираат извонредната графика и звучните ефекти на денешните игри. Сакате повеќе? Поврзете конзола PlayStation®️5 за максимално уживање.01
Телевизор BRAVIA што прикажува слика од God of War: Ragnarok на која има чамец на река и мост во заднина, со конзола PS5™, контролор и лого за PS5™ на десната страна на телевизорот и лого за PEGI 18 во долниот лев агол

Погледнете зошто овој телевизор е специјален

Извонредно реална 8K-слика, врвна светлина и контраст

Нова генерација на слика и звук со когнитивна интелигенција.

Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.

Почувствувајте реална длабочина со беспрекорен контраст и светлина

XR Backlight Master Drive користи уникатен алгоритам за локално затемнување што контролира илјадници мали и густо распоредени мини LED-светилки со апсолутна прецизност и независност. Ја фокусира светлината за да понуди максимална осветленост речиси без одблесоци или светлосни прстени. Сцените се исполнети со прекрасни светли тонови, длабоки црни тонови и природни средни тонови.

Широка палета на бои за реални тонови и нијанси

Благодарение на Cognitive Processor XR™, XR Triluminos Pro му овозможува на Z9K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики како во реалниот свет. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.

Обновување изгубени текстури, сите содржини подобрени до 8K

Со XR-подобрувањето на квалитетот до 8K ќе добиете забава со приближен квалитет до 8K, независно од содржината или изворот. Нашиот Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики.

Интелигентна обработка на движењата за сцени со брзи движења без заматување

Гледањето спорт и акциони филмови штотуку стана многу подобро. Нашиот Cognitive Processor XR™ со XR Motion Clarity™ ги анализира движењата во повеќе кадри за да создаде јасни, осветлени и остри движења.

Звук од екранот со високотонци во рамката

Нашата технологија Acoustic Multi-Audio™ користи четири високотонци во рамката за да репродуцира високофреквентни звуци од соодветно место во сцената што се прецизно усогласени со случувањата на екранот. Со сабвуферите насочени нанапред ќе добиете моќен бас, независно каде ќе го ставите телевизорот.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Сите содржини што ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.

Оптимално доживување при гледањето, независно каде седите

Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со испорачаната BRAVIA CAM и уживајте во телевизијата како никогаш досега. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Тоа значи дека звукот и дијалозите ќе бидат појасни и пореални, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.

Сите слики ќе се оптимизираат според вашата положба во собата

BRAVIA CAM го мери растојанието помеѓу вас и вашиот телевизор и ја прилагодува неговата светлина за да уживате во слика со совршен квалитет секогаш, независно од вашата положба во собата. Сензорот за светлина и бои на телевизорот ги оптимизира сликите според осветлувањето за да обезбеди најдобро можно доживување при гледањето.

Идеално звучно доживување од секое место

BRAVIA CAM ве следи вас и вашата положба, дури и ако гледате од страна, а потоа го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите во собата, ќе уживате во звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.

Слушајте јасни гласови, независно каде се наоѓате

BRAVIA CAM открива на која оддалеченост гледате и може автоматски да го прилагоди зумот на гласовите за да слушате јасни дијалози. Јачината на дијалозите на телевизорот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот