Пребарувајте повеќе од 700.000 филмови и серии во вашите услуги за проследување на едно место и организирани во теми и жанрови според вашите интереси.012
Над 10.000 апликации и игри, директно на вашиот телевизор012
Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите што ги добивате со BRAVIA™
Погледнете кои се денешните најдобри филмови, веднаш. Со BRAVIA CORE™ може да добиете најмногу 10 филмови и да проследувате најмногу 24 месеци. Нашата ексклузивна услуга за филмови со Pure Stream™ и IMAX® Enhanced нуди неверојатни слики и извонреден звук.012
Пронајдете ги омилените содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за гласовна контрола на далечинскиот управувач за да започнете.012
Контролирајте го вашиот паметен дом со помош од Google
Користете го вашиот глас за да создадете опкружување за совршено гледање. Контролирајте ги паметните уреди во вашиот дом. Прилагодете ја собната температура, осветлувањето, погледнете кој ѕвони на вратата и многу повеќе.012
Поврзување со Alexa
Поврзете ги вашите уреди што ја поддржуваат Alexa за беспрекорно контролирање на телевизорот BRAVIA™ без користење на рацете. Со Alexa може да го вклучувате вашиот телевизор, да менувате канали, да ја контролирате јачината на звукот и многу повеќе.01
Chromecast built-in™
Проследувајте од вашиот уред. Лесно проследувајте филмови, серии, фотографии и многу повеќе од вашиот телефон директно кон телевизорот.0
Компатибилност со Apple AirPlay
Проследувајте без напор од вашиот iPhone, iPad или Mac кон вашиот телевизор. Гледајте филмови од апликации или од Safari. Споделувајте фотографии со пријателите во просторијата.0
Контролирајте го телевизорот со вашиот глас преку Siri
Со Apple Home можете лесно и безбедно да контролирате телевизор од Sony преку апликацијата Home и Siri на вашиот уред од Apple, благодарение на технологијата HomeKit. Поставете го телевизорот во неколку едноставни чекори и контролирајте го со допир или разговарајќи со Siri.01
Едноставен далечински управувач
Модерен и едноставен.
Далечински управувач со осветлување.
Благодарение на неговиот компактен дизајн од алуминиум, врвниот далечински управувач е лесен за користење, има поедноставни копчиња и задно осветлување за да можете да видете сè што ви е потребно, дури и во темнина.0
Веќе никогаш нема да го изгубите далечинскиот управувач
Притиснете го копчето поставено странично на телевизорот. Далечинскиот управувач ќе почне да ѕвони и трепка за да можете брзо да го најдете
Во ова видео е претставена функцијата за пронаоѓање на далечинскиот управувач што ја нуди самиот управувач. Далечинскиот управувач ќе почне да ѕвони и трепка за да можете брзо да го најдете.
Лесно се брише,
никогаш не се валка
Кажете им збогум на нечистотиите и правта. Благодарение на рамната површина со ниски копчиња и специјалниот полиуретански слој, нашиот далечински управувач лесно се брише и чисти. Сите копчиња се специјално обложени со антибактериски материјал. 012
Контролирајте ги вашите уреди со еден далечински управувач
Сè што е потребно е еден допир. Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.01
BRAVIA CAM
Практичен начин за контрола на вашиот телевизор
Едноставно како мрдање со прстите. Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја приспособите јачината на звукот и многу повеќе со помош на едноставни гестикулации, не ви треба далечински управувач.0
Предупредување за близина
Оддалечете ги децата од телевизорот. Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и го предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.0
Камерата е затворена,
приватноста е заштитена
Заштитете ја вашата приватност со едно движење на прстот. Преклопникот на горната страна на BRAVIA CAM™ го затвора капакот на камерата. Прикачувањето и откачувањето на BRAVIA CAM™ е многу лесно.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).