Доживувањето со голем екран кое отсекогаш го посакувавте е тука. Уживајте во неверојатна слика и звук кој ја исполнува собата, со кои сите филмски ноќи ќе бидат незаборавни.
Сите детали, сите бои, токму така како што ги замислил креаторот. BRAVIA ја доловува целосната длабочина на приказната и репродуцира богати и реални слики кои уште повеќе ќе ве задлабочат во секоја сцена.
Светла и прекрасна слика, полна со живот. Нашиот телевизор нуди богати бои и детален контраст, поради што сите сцени изгледаат живописни и привлечни, независно што гледате.
Сите моменти стануваат реални. Слично на технологијата за контрола на задното осветлување кај нашите филмски монитори (професионални монитори), XR Backlight Master Drive со уникатен алгоритам за локално затемнување ги контролира илјадниците LED-светилки прецизно за да создаде неверојатен контраст. На овој начин, светлината и сенките се доловуваат прекрасно и со прецизна градација, почнувајќи од дискретни нијанси на лицата, па сè до неверојатно светли тонови.0
Откријте ги деталите одново. XR Clear Image интелигентно ја зголемува резолуцијата на вашите омилени содржини приближно до 4K и ја приспособува обработката врз основа на квалитетот на оригиналната содржина. Тоа овозможува природни текстури и извонредни детали, а динамичката анализа на кадрите и поделбата во зони го минимизираат шумот.1
Погледнете ги боите на светот исполнети со реална живописност. BRAVIA 5 има новосоздаден систем за задно осветлување Mini LED со сини и зелени LED-светилки, кој ја проширува палетата на бои и ја зголемува прецизноста. Ваквиот систем, во комбинација со нашиот XR Triluminos Pro™, создава повеќе од милијарда тонови со природна градација на нијанси и заситеност во сите детали.
Заборавете на заматувањето. XR Motion Clarity™ ги анализира движењата низ повеќе кадри и прецизно го синхронизира задното осветлување со движењата на екранот за да гледате јасни и светли слики, независно колку се брзи движењата.
Подготвени за прецизност. Нашиот XR Processor користи AI-систем за препознавање сцени кој сега открива и анализира со уште поголема прецизност, за да ја оптимизира сликата и да ја направи пореална. Благодарение на подоброто откривање, сите сцени се приспособени за да добиете пореално доживување при гледањето.
Опуштете се и почувствувајте како звукот ќе ја трансформира вашата соба. Благодарение на двата странично монтирани и моќни звучници кои репродуцираат јасен звук од екранот, сите ќе уживаат во незаборавна филмска ноќ.
Слушајте звук од соодветно место. Не само под екранот, туку и директно од самиот екран. Благодарение на Acoustic Multi-Audio™, сликите што ги гледате и звукот што го слушате се совршено усогласени.
Острината е многу важна. За разлика од стандардните звучници за телевизори кои може да ги заматат звучните бранови, нашиот X-Balanced Speaker™ со својата уникатно обликувана мембрана го намалува изобличувањето за да ја подобри резолуцијата на звукот.
Нема повеќе придушени гласови. Нашата технологија Voice Zoom 3™ препознава човечки дијалози користејќи машинско учење со AI и соодветно ја зголемува или намалува јачината на звукот за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно. Може да се користи и со нашите производи за домашно кино.0
Уживајте во реален звук. Нашата технологија за конверзија во 3D-опкружувачки звук создава виртуелен опкружувачки звук од горната, левата и десната страна користејќи ги само звучниците на телевизорот. Дури и звукот со 2 и 5.1 канали се претвора во реален 5.1.2-канален звук. Освен тоа, поддршката за Dolby Atmos® и DTS:X® нуди незаборавен просторен звук.
Исполнете ги сите делови на просторијата со возбудлив филмски звук. Спојувањето на BRAVIA со BRAVIA Theatre ги пренесува чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом, создавајќи ненадминато аудиовизуелно доживување.012
Изберете различни комбинации на производи за да видите каков ефект ќе имаат врз вашиот филмски звук.
Тоа е револуционерно. Нашата технологија 360 Spatial Sound Mapping создава фантомски звучници како дополнување на физичките звучници, за да создаде распоред на звучници како во кино и реална забава како од кино во вашиот дом.345
Звукот се калибрира како систем со вградени звучници. Acoustic Center Sync ѝ овозможува на нашата опрема за домашно кино да го користи BRAVIA како централен звучник, за звукот да излегува директно од екранот наместо само од долгнавестиот звучник.
Нема повеќе придушени гласови. Нашата технологија Voice Zoom 3™ препознава човечки дијалози користејќи машинско учење со AI и соодветно ја зголемува или намалува јачината на звукот за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно. Може да се користи и со нашите производи за домашно кино.6
Контролирајте ги BRAVIA и BRAVIA Theatre преку вашиот паметен телефон. Со апликацијата BRAVIA Connect може да ги прилагодувате јачината на звукот и поставките, па дури и да ја проверите вашата опрема без да го користите далечинскиот управувач или менито на екранот.78
Разгледајте ја апликацијата BRAVIA ConnectФункциите, како што се звучното поле и јачината на звукот, може лесно да ги контролирате преку далечинскиот управувач на телевизорот. Благодарение на вградениот кориснички интерфејс, поставките за звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на BRAVIA.914
Паметно скриен. Нашиот дискретен држач е тенка и рамна челична плоча дизајнирана со метална завршна обработка со паралелни вдлабнатини. Ставете го BRAVIA Theatre врз држачот и тој ќе исчезне.1112
Никогаш повеќе нема да имате проблеми при приклучувањето на вашиот звучник во вид на лента и телевизорот преку HDMI. Опипливите точки на приклучокот ARC/ACS овозможува полесно поврзување за сите.13
Дознајте за пристапноста на HDMIПриспособете го доживувањето со Dolby Atmos® и DTS:X® преку спојување на нашиот пренослив звучник или BRAVIA Theatre U со BRAVIA за да добиете простран опкружувачки звук. Може да се користи и со одредени слушалки од Sony.14
Нашиот телевизор со истовремена репродукција на звук ви овозможува да слушате серија на вашите слушалки, а вашиот партнер да ја слуша истата серија преку звучниците на телевизорот. Исто така, може посебно да ја менувате јачината на звукот преку уредите со Bluetooth. Ако користите слушалки од Sony, ќе можете лесно да избирате помеѓу Bluetooth®-врски со други уреди.15
Google TV™ ги обединува филмовите, сериите и другите содржини од вашите апликации и претплати и ги организира специјално за вас.0123
Сè е во хармонија. Нашите нови дизајни на телевизори го разубавуваат вашиот животен простор со форми, материјали, бои и завршни обработки што прекрасно се вклопуваат со ентериерот, ѕидовите и производите за домашно кино.
Целосно обединет. Нашиот концепт за дизајн во вид на плоча ги спојува екранот и рамката во една плоча, ги минимизира пречките и максимално го подобрува вашето доживување.0
Прекрасен спој на форма и функција. Уникатниот дизајн со рамна површина му дава едноставен и современ изглед на телевизорот. Убавина која нема да ви пречи додека гледате.1
Паметно скриен. Нашиот дискретен држач е тенка и рамна челична плоча дизајнирана со метална завршна обработка со паралелни вдлабнатини. Ставете го BRAVIA Theatre врз држачот и тој ќе исчезне.45
Одговара во вашата соба. Нашиот 2-насочен држач ви нуди избор помеѓу компактна внатрешна положба за помали полици и положба која е соодветна за долгнавест звучник - не треба да правите отстапки во стилот.45
BRAVIA ги доловува извонредната графика и звучните ефекти на денешните најпопуларни игри. Поврзете конзола PlayStation®5 и PlayStation®5 Pro за неверојатно уживање.0
Производите BRAVIA се дизајнирани да се хармонизираат со потребите на луѓето, а притоа да водат сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да користат уреди од Sony и ги прошируваме нашите иницијативи за животната средина преку употреба на рециклирани пластики во нашите производи. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.