Сè што проследувате. На еден екран.

Пребарувајте повеќе од 400.000 филмови и серии во вашите услуги за проследување на едно место, организирани во теми и жанрови според вашите интереси.

Голем телевизор прикачен на ѕид, го прикажува интерфејсот на Google TV, каде што се гледа филмот The Super Mario Bros. Movie. Подолу се прикажани апликации за проследување.

Содржина

Над 10.000 апликации и игри, директно на вашиот телевизор

Вклучете и пронајдете, во исто време. Со наменските копчиња за вашите омилени апликации може да го прескокнете загревањето на телевизорот и веднаш да почнете да гледате.0123
Лого ознаки за Netflix, YouTube, Prime Video, Crunchyroll

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите што ги добивате со BRAVIA

Ве очекува огромен број на филмови. Со технологијата BRAVIA, Pure Stream™ и IMAX® Enhanced, сите содржини кои ги гледате ќе имаат одлична слика и извонреден звук.01234
Приказ под агол на телевизор BRAVIA кој го прикажува филмот „Venom: The Last Dance“ со живописна заднина и текст „Available now on SONY PICTURES CORE“.

Контрола

Апликација Sony | BRAVIA Connect 

Контролирајте ги BRAVIA и BRAVIA Theatre преку вашиот паметен телефон. Со апликацијата BRAVIA Connect може да ги прилагодувате јачината на звукот и поставките, па дури и да ја проверите вашата опрема без да го користите далечинскиот управувач или менито на екранот.01
Рака држи паметен телефон кој го прикажува интерфејсот на апликацијата BRAVIA Connect, покрај него има лого за BRAVIA Connect.

Google Cast™

Проследувајте од вашиот уред. Лесно проследувајте филмови, серии, фотографии и многу повеќе од вашиот телефон или таблет-уред, директно кон телевизорот.01
Телевизор BRAVIA прикажува сцена со кајакарство проследена од паметен телефон, користејќи Google Cast.

Компатибилност со Apple AirPlay 2

Проследувајте без напор од вашиот iPhone, iPad или Mac кон вашиот телевизор. Гледајте филмови од апликации или од Safari. Споделувајте фотографии со пријателите во просторијата.0
Лого за Може да се користи со Apple AirPlay

Кажете што сакате да гледате

Пронајдете ги омилените содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за гласовна контрола на далечинскиот управувач за да започнете.012
Лого за Google TV
Слика одблиску од човек кој држи далечински управувач и го контролира телевизорот со својот глас.

Поинтуитивен. Модерен интерфејс.

Ракувањето штотуку стана полесно. Одново го дизајниравме нашиот кориснички интерфејс заради полесно ракување, за да можете лесно да добивате информации за влезните приклучоци и да ги гледате поставките.0
Телевизор BRAVIA кој го прикажува својот одново дизајниран и модерен интерфејс за лесна навигација и брз пристап до поставките.

Адаптација

Најдоброто место за седење. На секое место. Во секое време.

Сè е совршено, каде и да сте. Со откривање на вашата положба, BRAVIA Cam™ ја прилагодува светлината, балансот и јачината на звукот за да го оптимизира вашето доживување според местото каде што седите.01234
Приказ од горна страна на човек и мачка на кревет, телевизор монтиран на ѕид кој репродуцира концерт, сини звучни бранови помеѓу телевизорот и човекот и поставки за BRAVIA Cam на десната страна на екранот.
Две слики на екранот, на левата слика се прикажани двајца кои седат на кревет и гледаат телевизија, а на десната слика е прикажан човек кој оди кон телевизор кој репродуцира звук за предупредување.

Предупредување за близина

Оддалечете ги децата од телевизорот. Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и го предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.
Човек на кревет кој контролира телевизор правејќи гестикулации со рацете.

Практичен начин за контрола на вашиот телевизор

Едноставно како мрдање со прстите. Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја прилагодувате јачината на звукот и многу повеќе користејќи едноставни гестикулации, без далечинскиот управувач.

Камерата е затворена, приватноста е заштитена

Заштитете ја вашата приватност со едно движење на прстот. Преклопникот на горната страна на BRAVIA Cam™ го затвора капакот на камерата. Прикачувањето и откачувањето на BRAVIA Cam™ е многу лесно.01
BRAVIA Cam со преклопник за приватност, за лесна контрола на капакот на камерата.

Продолжете да гледате. Останете смирени.

Гледајте ги сите содржини со попријатна светлина за да не се вознемирите. Поставката за слика за смирување е режим за квалитет на слика што ја намалува светлината и применува помеки бои и контраст.
Слика од три деца кои седат на кревет и гледаат телевизија.

Далечински управувач

Лесен за чистење и користење. Изработен од рециклирана пластика.

Контролира сè. За нашиот компактен далечински управувач се користи приближно 80% рециклирана пластика. Сепак, лесно може да го чистите бидејќи има рамна површина и полиуретански слој, а може да ги контролира сите поврзани уреди.01234
Црн и компактен далечински управувач за телевизор, направен од рециклирана пластика.
Лого за Assistive Technology



Технологија за пристапност на Google TV
Може да користите функции за читање информации на екранот, транскрипција на звук, пристап преку други уреди и многу повеќе, за да ја зголемите пристапноста на вашиот уред со Google TV.

За користење на овој телевизор се потребни задолжително ажурирање на софтверот од Google при поставувањето на телевизорот и согласност за правилата за користење на услугата и политиката за приватност на Google.