Бидете во центарот на случувањата со BRAVIA. Раскошни сцени, амбиентален звук и ексклузивни функции кои внесуваат реалистичност во вашите омилени игри како никогаш досега.0123
Автоматски HDR со мапирање на тонови
Автоматското мапирање на HDR-тоновите веднаш ги оптимизира поставките за HDR при почетното поставување на вашата конзола PS5® и PS5® Pro. Дури и во темните сенки и во премногу светлите површини, ќе гледате врвни детали и реални бои.012
Режим на слика со автоматски жанр
BRAVIA автоматски преминува во режимот за игри кога се приклучени конзолите PS5® и PS5® Pro за да го минимизира доцнењето и да го максимизира одзивот. Се враќа во стандарден режим кога гледате филмови за да прикаже пораскошни сцени.012
Проследувајте игри од PlayStation® на вашиот BRAVIA
Контролирајте ја вашата конзола PlayStation® далечински, секаде каде што имате компатибилен телевизор BRAVIA што е поврзан на интернет. Апликацијата PS Remote Play ви овозможува да ја контролирате вашата конзола PS5®, PS5® Pro или PS4™ од друга просторија или локација, на пример, куќата на некој ваш пријател.01
Сите неопходни функции за игри на едно место
Сè е лесно со Мени за игри 2. Проверувајте го вашиот статус, менувајте ги поставките и пристапувајте до помошните функции од едно место. Исто така, може да барате видеоснимки на YouTube и да ја изберете опцијата за приказ на повеќе слики од игри на YouTube веднаш.0123
Приказ на повеќе слики од игри на YouTube, револуционерна функција
Замислете си да можете да играте игра на едната страна на екранот и да гледате видео за играта од YouTube на другата страна. Функцијата за приказ на повеќе слики од игри на YouTube ќе ви го овозможи токму тоа, без да ви биде потребен дополнителен монитор.0
Поддршката за Dolby Vision® внесува реалистичност во игрите
Еве како треба да изгледа светот на вашите игри. Неверојатно живописни бои, реален контраст во светли и темни површини, интензивна светлина. Со Dolby Vision®, играњето игри достигнува потполно ново ниво на длабочина и реалност.
Различни функции на HDMI 2.1
Нашите телевизори нудат 4K со 120 fps, променлива стапка на освежување и автоматски режим со мало доцнење, за да овозможат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри.012