Изгледот и функциите на Cinema Line

Слика од користење Слика од користење

Изгледот и функциите на Cinema Line

Дизајнирана за раскажување визуелни приказни

Профилот на слика S-Cinetone на FX30 ви нуди прекрасен филмски изглед без потреба од дополнителни поставки. Функциите како две основни вредности за ISO и Cine EI се дизајнирани да обезбедат прекрасни слики при снимањето и врвни работни процеси.

Креатори прилагодуваат механизам за стабилизација

Примена на професионалното искуство од Cinema Line

Искуство од филмската индустрија со најсовремена технологија за снимање

Одличната серија на филмски камери Cinema Line се темели на повеќедецениско искуство во филмската индустрија и е поддржана со нови технологии од Sony за најсовремена дигитална обработка на слика.

Прекрасни слики

Напредна технологија за неверојатна резолуција

Сензорот Exmor R™ APS-C CMOS со задно осветлување кај FX30 снима слики за паметење со неверојатна резолуција и мала длабочина на полето. Прекумерното семплирање со 6K-резолуција компресира многу податоци при снимањето и репродукцијата во 4K-резолуција, а процесорот BIONZ XR™ нуди природни градации, реални бои, мал шум и други подобрувања на квалитетот на сликата.
Слика од сензорот на камерата
Жена седи на трпезариска маса

S-Cinetone ви нуди филмски изглед без градација

Профилот на слика S-Cinetone нуди бои, тонови на кожата и други визуелни аспекти со филмски изглед, без потреба од градација на бои при обработката по снимањето.
Жена седи во градина

Неограничени можности за изразување со S-Log3

За усогласување на боите при продукција и за максимално искористување на сензорот за слика, FX30 може да снима со S-Log3. Таа ви нуди пристап до широката палета на бои на FX30 и маргина на грешка со 14+ чекори, за филмски квалитет на слика при градација во обработката по снимањето.
Три слики од жени, секоја од нив користи различен LUT

Кориснички LUT за прецизно прегледување на сликите

Приспособливите LUT, и однапред поставените и тие од корисникот, може да се применат на LCD-екранот и во излезниот сигнал од HDMI на FX30 за да добиете подобра и попрецизна идеја за изгледот на конечната слика.
Камера со екран што прикажува мени за излезен сигнал во RAW-формат

Репродукција на 16-битен RAW-формат преку HDMI

За обемните работни процеси е достапно снимање во 16-битен RAW-формат преку HDMI-врска со компатибилни надворешни снимачи. Видеоснимките во RAW-формат имаат резолуција од 4672 x 2628 [16:9], која ја надминува резолуцијата DCI-4K. Исто така, кога користите надворешен снимач, поддржани се RAW-форматите како ProRes RAW и Blackmagic RAW, кои нудат поголема флексибилност за професионалните опкружувања за уредување.

Режими Cine EI, Cine EI Quick и Flexible ISO

Флексибилно ракување со режими за експозиција

Cine EI1 нуди широка маргина на грешка и највисок можен квалитет на слика, а Cine EI Quick1 го олеснува поставувањето преку автоматско избирање на основната вредност за ISO на камерата. Flexible ISO нуди најголема флексибилност за поставките за експозиција.
Дрва со ограда

Снимање со 10 бита и 4:2:2 за послободно уредување

FX30 може внатрешно да снима видео со 10 бита и 4:2:2 при користење компресија Long GOP или All-Intra, со што добивате повеќе информации за бои за да создадете побогати и поприродни градации во обработката по снимањето.
Жена се симнува по скали

Две основни вредности за ISO (ISO800 / ISO2500)

Со оваа функција може рачно да ја поставите основната вредност за ISO на 2500 наместо на 800 во ситуации со слабо осветлување. Нивоата на шум и за двете поставки се приближно исти, па затоа ќе добиете поостри слики при слаба осветленост.
Жена вози велосипед, прикажана е со слики снимени со голема брзина

Забавени движења со брзина до 120 слики во секунда

Снимањето со 4K-резолуција, брзина до 120 слики во секунда и автоматски фокус ви овозможува да создавате извонредно јасни забавени движења до 5x (макс.) со кои ќе добиете повеќе опции за раскажување приказни.

Сигурниот AF нуди стабилно фокусирање

Современите функции за следење ви помагаат да се фокусирате на снимањето

FX30 нуди стабилен AF и флексибилно фокусирање за различни ситуации при снимањето. AF со широка површина нуди континуирано следење на субјектот речиси низ целиот кадар, со следење во реално време врз основа на уникатното препознавање субјекти со AI од Sony. AF на очи во реално време нуди прецизно фокусирање на лицето и очите, а може да се користи за луѓе, птици и животни0.
Слика за пример

Вградена стабилизација на слика за рачно снимање

Активниот режим нуди стабилизација на слика со 5 оски, користи прецизен жироскоп и врши оптичка компензација за да овозможи рачно снимање со 4K-резолуција без потреба од механизам за стабилизација.
Млад пар снимаат видео пред мурал

Компензација за промени во фокусната должина

Вградената компензација за промени во фокусната должина обезбедува постабилни слики преку минимизирање на поместувањето на видното поле. Софтверот за обработка по снимањето нуди дополнителна компензација за промени во фокусната должина, поддржана од метаподатоците на камерата.