Листа со функции

Слика од сензорот на камерата

Содржини за паметење од сензорот Exmor R™ CMOS

Сензорот Exmor R APS-C CMOS со задно осветлување на FX30 е подготвен да создаде содржини за паметење со неверојатна резолуција и мала длабочина на поле. Технологијата за слики на Sony, која е водечка во индустријата, е вградена во нов сензор со формат Super 35 (20,1 милиони точки0) и широка маргина на грешка. Доловете ја сцената со 4K-резолуција, креативна длабочина на поле, прекрасни ефекти на дефокусирање и филмска слобода.
Жена седи на трпезариска маса

S-Cinetone™ за филмски изглед без градација

FX30 има вграден S-Cinetone врз основа на науката за бои вградена во FX9 и FX6 кои создаваат врвни бои и тонови на кожа. Таа нуди природни средни тонови што се неопходни за природниот изглед на кожата, како и меки бои и прекрасни светли тонови. Бидејќи S-Cinetone го создава сето ова директно во камерата, лесно може да добиете прекрасен филмски изглед без потреба од градација во обработката по снимањето.
Дрва со ограда

Формати за снимање создадени за квалитетна слика и обработка по снимањето

FX30 може внатрешно да снима видео со 10 бита и 4:2:2 при користење компресија Long GOP или All-Intra, овозможувајќи побогати и поприродни градации и поголема слобода за уредување. Снимањето во форматот XAVC HS нуди приближно двапати поефикасна компресија01, овозможувајќи детални видеоснимки со 10 бита и семплирање на бои 4:2:2 со приближни или помали стапки на податоци, за да обезбеди уште подобар квалитет на слика и датотеки со практична големина.
Екран за поставување формат на датотеки

Снимање во форматот DCI 4K со реални 24p

FX30 ви овозможува да снимате во различни формати што ќе одговараат на вашите потреби за снимање. Исто така, може да го изберете форматот XAVC S-I DCI 4K (4096 x 2160) што често се користи за снимање филмови. Опцијата за реални 24p (24,00p) може да се избере како опција за стапка на слики за снимање кога го избирате форматот XAVC S-I DCI 4K. Оваа поставка е достапна во верзијата 2.00 на софтверот или понова верзија.
Жена седи во градина

Снимање со Log за филмски бои со рамномерна градација

За сеопфатни продукции, кривата за гама S-Log3 вградена во FX30 е дизајнирана за рамномерни градации и за полесно добивање слики со филмски квалитет при градација на боите во обработката по снимањето. И S-Log3 и S-Gamut3.Cine нудат репродукција на висококвалитетни бои со широка маргина на грешка, а посветено е и големо внимание на прилагодување на излезниот сигнал на камерата за да може лесно да се обезбеди највисок квалитет на слика при обработката по снимањето.
Камера поврзана со надворешен уред за снимање

Репродукција на 16-битен RAW-формат преку HDMI

За обемните работни процеси е достапно снимање во 16-битен RAW-формат0 преку HDMI-врска со компатибилни надворешни снимачи1. Видеоснимките во RAW-формат имаат резолуција од 4672 x 2628 [16:9], која ја надминува резолуцијата DCI-4K2. Исто така, кога користите надворешен снимач, поддржани се RAW-форматите како ProRes RAW и Blackmagic RAW3, кои нудат поголема флексибилност за професионалните опкружувања за уредување.
Илустрација

Три режими за снимање со Log за оптимизиран квалитет на слика

За снимање со кривата за гама S-Log3 се достапни три режими. Cine EI1, што се користи кај врвните модели Cinema Line од Sony, нуди широка маргина на грешка и највисок можен квалитет на слика. Cine EI Quick1 го олеснува поставувањето преку автоматско менување на основната вредност на ISO на камерата според избраниот индекс за експозиција (EI). Flexible ISO, пак, нуди најголема флексибилност за поставките за експозиција. Исто така, во достапните и однапред поставени LUT е додадена опцијата s709 од Sony.
Жена се симнува по скали

Две основни вредности за ISO за појасни слики при слаба осветленост

Функцијата за две основни вредности за ISO нуди две поставки за основни вредности за ISO; едната е ISO 800, а другата ISO 2500. Таа ви овозможува да изберете соодветна најниска граница за шумот, за да добиете чисти слики и максимален динамички опсег кај FX30 при снимање во услови со силна или слаба осветленост. Освен тоа, широка маргина на грешка со 14+ чекори0 го минимизира ризикот од премногу осветлени површини или блокирани сенки во различни услови на осветленост.
Слика од менито со поставки за режим

Практична поставка за фотографирање во режимот S&Q

Освен режимот [S&Q Motion] (Забавени и забрзани движења), достапен е и режимот [Fixed/Variable] (Фиксно/Променливо) што се користи кај камерите CineAlta, како што е Venice. Со поставката за променлива стапка на слики, можете брзо да ја приспособите стапката на слики за да снимите и прегледате неверојатно забавени или забрзани движења на самата камерата, а притоа задржувајќи ја снимената стапка на слики.
Две слики за споредба помеѓу вклучена и исклучена функција за LUT

Погледнете прецизен приказ од конечната слика со корисничките LUT

Кога снимате со кривата за гама S-Log3, сликата со мал контраст на екранот ќе го отежни утврдувањето на изгледот на конечната слика. За попрецизно прегледување, FX30 ви овозможува да користите приспособливи LUT за сликата на LCD-екранот и за излезниот HDMI-сигнал, а може и да ги вметнувате во видеозаписите заради полесна обработка по снимањето0. Освен однапред поставените LUT, може да увезете уште 16 кориснички LUT во камерата преку мемориска картичка1.
Екран со поставки за корективно прилагодување на приказот

Корективно прилагодување на приказот за анаморфни објективи

Кога снимате со анаморфни објективи, може да изберете сооднос на корективно прилагодување (1,3 x, 1,5 x., 1,6 x и 2,0 x)0 во менито за да го прикажете видеозаписот со хоризонтална корекција на LCD-екранот, според соодносот на прикачениот анаморфен објектив. 
Жена влегува во хотел

Сигурен и прецизен автоматски фокус

Современите функции за следење овозможуваат стабилен фокус за вашиот субјект, за да може да се концентрирате на композицијата. AF со широка површина и интелигентно следење врши откривање фаза во фокусната рамнина за да овозможи континуирано следење на субјектот речиси низ целиот кадар. AF на очи во реално време нуди прецизно фокусирање на лицето и очите (за луѓе, птици и животни0), а следењето во реално време нуди сигурно следење врз основа на уникатното препознавање субјекти со AI од Sony.
Лице на жена со квадратни ознаки од автоматскиот фокус што ги следат нејзините очи

Современи функции за фокусирање за да се справите со сите ситуации

FX30 нуди брзо и прецизно фокусирање на наједноставен можен начин. Функцијата за помош при AF0 нуди непречен избор помеѓу автоматски и рачен фокус, овозможува лесно поместување на фокусот и може да ви заштеди време дури и кога претежно користите рачен фокус. Функцијата за мапа на фокусот1 овозможува лесно визуелизирање на длабочината на полето при снимањето, а компензацијата на промените во фокусната должина2 нуди стабилен агол на гледање при менување на фокусната должина преку минимизирање на поместувањето на видното поле што може да се појави кај некои објективи.
Жена вози велосипед, прикажана е со слики снимени со голема брзина

Флексибилно движење при снимање со резолуција 4K / 120p

FX30 нуди снимање со 4K-резолуција и најмногу 120 слики во секунда0. Снимањето извонредно јасни движења забавени до 5x (макс.)1 со автоматски фокус нуди нови можности за изразување и отвора потполно нов свет на креативен потенцијал.
Фотограф снима жена

Стабилизацијата на слика со активен режим овозможува рачно снимање видео

Активниот режим0 е вграден режим за оптичка стабилизација на слика со 5 оски што нуди подобра стабилизација на слика за снимање видео. Прецизниот жироскоп го мери тресењето на камерата и врши оптичка компензација, при што добивате стабилни видеоснимки дури и кога снимате рачно без механизам за стабилизација, кога пешачите, па дури и во 4K-резолуција.
spacer

Снимање преку прокси сервер заради ефикасни работни процеси за уредување

Можно е истовремено да снимате HD-прокси датотеки со мала бит-стапка во речиси сите формати за снимање. Помалите прокси датотеки со видео може да се користат за прелиминарно уредување пред конечното онлајн уредување со 4K-резолуција, со што се намалува оптоварувањето на компјутерот и се забрзува работниот процес0.
Фотограф снима фотографија

Функција за снимање фотографии

Бидејќи може да снима и фотографии и видеоснимки, камерата FX30 е практична за користење кога барате локација. На пример, може да ја користите за снимање фотографии што ќе ги искористите за табли со приказни или презентации пред продукцијата.
Фотограф снима држејќи ја рачката и екранот

Отвори со навој на куќиштето што ја елиминираат потребата од кафез

Дизајнирано за преносливост и ефикасност, куќиштето на FX30 има пет отвори со навој (1/4-20 UNC) за галантерија, поради што се елиминира потребата од кафез. Освен тоа што нуди голем капацитет за приклучување галантерија, елиминирањето на потребата од кафез придонесува за намалување на големината и тежината на системот и полесно рачно снимање. Рачката со XLR0 нуди уште три отвори со навој за стабилно и сигурно приклучување галантерија и додатоци.
BIG6 (Home) screen наследен од врвната камера FX3 од серијата CineAlta

Често користени параметри на едно место

FX30 го наследува BIG60 (Home) screen од врвните камери CineAlta, како што се моделите VENICE, кој овозможува лесно следење на шест неопходни параметри во режимот за ВИДЕО: FPS (стапка на слики), ISO, бленда (брзина/агол), решетка или ND-филтер, изглед и баланс на белата боја. Докажаниот BIG6 (Home) screen придонесува за непречено и интуитивно ракување, а нуди и брз пристап до променливи/фиксни параметри.
Слика од LCD-екранот на камерата на кој е прикажано мени во црната површина

Екран за режимот на подготвеност за снимање

Распоредот на информациите и приказот на иконите што се појавуваат во режимот на подготвеност се оптимизирани за снимање видео за да можете да се фокусирате повеќе на композицијата и кадарот. Само неопходните елементи се прикажуваат во црните ленти над и под сликата.
Камера со вклучена сигнална светилка

Сигнални светилки

Светилките (сигнални) за снимање се поставени на горната предна страна и на задната страна на камерата. Исто така, копчето REC на горната страна на камерата е осветлено и поврзано со задната светилка за снимање. За јасно да посочи дека камерата е во режим на снимање, екранот прикажува црвена рамка што на операторот му овозможува лесно да утврди дека снимањето е во тек.
Допирање врз екранот на камерата

Флексибилен LCD-екран на допир со висока резолуција

FX30 има заден екран што се отвора странично и се врти за да овозможи голема слобода при позиционирањето и обликувањето на кадарот при снимање со механизми за стабилизација, рачно снимање, снимање од многу ниска положба на подот или други потреби при снимањето. Големиот LCD-екран на допир од тип 3,0 со 2,36 милион точки0 прикажува јасна слика во надворешни услови со силно осветлување. Менито со функции (Fn) може да се прикаже со движење на прстот нагоре по екранот, заради брз пристап до доделените функции што често се користат.
Двајца стојат покрај морето

Маркери за вертикален сооднос

Како резултат на зголемената употреба на паметни телефони и социјални медиуми, креаторите создаваат содржини со различни соодноси и ориентации на слика, а вертикалната ориентација станува сè почест избор. FX30 нуди повеќе маркери за сооднос на слика што помагаат при обликување на кадарот додека снимате во стандардна хоризонтална ориентација. Достапни се и маркери за сооднос на слика што се корисни за снимање реклами за социјалните медиуми и за снимање вертикални видеоснимки.
Маж држи камера со микрофон покрај море

XLR-приклучоци за висококвалитетен влезен аудиосигнал

Рачката со XLR0 има два XLR-влезови за звук за полесно снимање на висококвалитетен звук. Со помош на изборен XLR-микрофон, дигиталните податоци за звук може да се префрлат директно во камерата за да добиете звук со неверојатен квалитет без шум или деградација на сигналот. Достапен е и мини стерео приклучок од 3,5 мм за 4-канално снимање, што нуди компатибилност со 2-канални и 4-канални формати за звук.
Држење на камерата со прикачен екран

Многу опции за поврзување за различните потреби при снимањето

Потребен е приклучок HDMI Type-A за пренос на RAW-формат0 со 4K-резолуција и 16 бита, или други формати за видео, кон надворешен снимач или уред за приказ, со опција за прикажување статуси врз сликата што се дел од излезниот HDMI-сигнал. Во другите приклучоци спаѓаат USB Type-C® , повеќенаменски/микро USB-приклучок, приклучоци за микрофон и слушалки и приклучок за повеќе интерфејси (MI) со вграден интерфејс за дигитален звук. Исто така, FX30 ги поддржува стандардите UVC (USB Video Class) и UAC (USB Audio Class) и може да се користи како веб-камера или камера за проследување со високи перформанси.
spacer

Синхронизација со временски код

FX30 може да се синхронизира (TC-IN) со втора камера која има излезен приклучок што поддржува временски код доколку го поврзете повеќенаменскиот/микро USB-приклучок на FX30 и изворот за временски код користејќи го адаптерот VMC-BNCM10 и стандарден BNC-кабел.
Камера со SD-картички и CFexpress-картички

Два отвори за медиуми CFexpress Type A

Двата отвори за медиуми на камерата се компатибилни со картичките CFexpress Type A, како и со картичките SDXC/SDHC што ги поддржуваат класите на брзина UHS-I и UHS-II. Картичките CFexpress Type A се новиот стандард за компактно складирање со големи брзини на запишување/читање што се неопходни за снимање 4K-видеоснимки со високи бит-стапки. Двата отвори овозможуваат снимање со пренасочување или истовремено снимање.
spacer

Непрекинато снимање во 4K со 60p

За да овозможи непрекинато снимање во 4K со 60p, FX30 има иновативна структура за дисипација на топлина со уникатен ладилник од графитна легура од Sony во форма на Σ (sigma). Целосниот внатрешен редизајн го оптимизираше поставувањето ладилници и протокот на воздухот на камерата. Кога е потребно, бесшумниот0 вентилатор за ладење ја подобрува вентилацијата заради континуирано снимање со максимална резолуција, а влезниот и излезниот воздух се структурно изолирани за да се овозможи отпорност на прав и влага.
Камера ставена во шума

Дизајн со отпорност на прав и влага

Имплементирана е подобра отпорност на прав и влага низ целата камера FX30. Заштитено е целото куќиште, како и капакот на преградата за батерии, а отворите за медиуми имаат двоен лизгачки капак и рачка за заклучување што спречуваат навлегување на вода. Протокот на воздух за ладење, почнувајќи од влезниот отвор па сè до излезниот отвор, е потполно изолиран од внатрешноста. Ги разгледавме сите отвори низ кои може да навлезе прав и влага за да обезбедиме сигурно ракување во лоши услови.
Слика од куќиштето изработено од легура од магнезиум

Цврсто куќиште од легура од магнезиум

Куќиштето и капаците на камерата се изработени од лесна магнезиумска легура што ја зголемува издржливоста и перформансите дури и во опкружувања со лоши услови.
слика од менито за приспособливи копчиња на камерата

Ставајте ознаки во видеозаписите за ефикасна обработка по снимањето

За време на сложените фотосесии или за побрзо уредување, корисниците може да ставаат ознаки во видеозаписите, како OK, NG или KEEP, преку менито или со помош на приспособливо копче0. Ознаките се видливи во приказот на мали сликички и во софтверот Catalyst, за брзо филтрирање и избирање за време на уредувањето.
Слика од користење

Метаподатоци за полесно уредување со Catalyst

Софтверите Catalyst Browse и Prepare на Sony се идеални партнери за продукција за FX30. Камерата снима повеќе видови метаподатоци: LUT, стабилизација на слика, промени во фокусната должина, поставки за ND-филтер конфигурирани на камерата и ознаки за снимки. Тие може да се искористат при прегледувањето и подготовката за уредување во бесплатниот софтвер Catalyst Browse или во платениот софтвер Catalyst Prepare од Sony.
Илустрација

Безжично следење и далечинска контрола

Поврзувањето паметен телефон или таблет-уред со камерата преку апликацијата Monitor & Control овозможува безжично следење, приспособување на експозицијата со голема прецизност и контрола на фокусот на поголем екран.
 
spacer

Еколошка свест без компромиси во перформансите

Sony Group продолжува да го забрзува својот еколошки план „Патот кон достигнување на нулата“ чија цел е целосно елиминирање на штетното влијание врз животната средина до 2040 година. Преземени се мерки за намалување на штетното влијание на овој производ врз животната средина во секоја фаза на неговиот работен циклус. Тука спаѓаат користење рециклирани материјали во производството; управување со влијанието врз животната средина преку ланецот на испорака; користење обновлива енергија во производството и користење материјали за пакување што можат да се рециклираат и не содржат пластика.