ILME-FX30 Текст за видео за сигурен AF

Текст „Следење во реално време за прецизно фокусирање на субјект што се движи“ прикажан врз снимка од LCD-екранот на камерата, на кој се гледа велосипедистка со бел правоаголник врз нејзиното лице што означува дека следењето во реално време е активно; потоа следи оригиналната снимка без ознаки на LCD-екранот, прикажувајќи како фокусот се задржува на лицето на велосипедистката

Нарација: „Следењето во реално време, на пример, се фокусира на субјекти што се движат и не се поместува“.

 

Текст „Функцијата AF на очи во реално време овозможува континуирано задржување на фокусот“ прикажан врз снимка од LCD-екранот на камерата, на кој се гледа субјект кој оди кон камерата со бел правоаголник врз окото на субјектот што означува дека функционира AF на очи во реално време, а лицето останува во фокус

Нарација: „Кога снимате луѓе, птици или животни, AF на очи во реално време овозможува прецизно и сигурно задржување на фокусот дури и додека субјектот се движи“.

 

Текст „Брзо и сигурно следење за 4K 120p“ прикажан врз оригиналната снимка од субјектот кој оди кон камерата, без ознаки на LCD-екранот и со забавено движење, на која се гледа како фокусот се задржува на лицето на субјектот; потоа следи одблиску снимен портрет од субјект до прозорец во воз, а подлабоко во заднината има многу силни ефекти на дефокусирање видливи преку прозорецот

Нарација: „Извонредното следење со фокусот овозможува доследен и прецизен фокус во ситуации кога е потребен автоматски фокус, како на пример кога користите механизам за стабилизација за да снимате во 4K со 120p со длабоко дефокусирана заднина“.

 

Снимка од корисник кој држи камера FX30 ставена во механизам за стабилизација и го следи субјектот кој оди со бастун од потемно во посветло опкружување

Нарација: „Препуштете ѝ го фокусирањето на камерата и целосно посветете се на композицијата и обликувањето на кадарот“.