Слика од маж дома кој ужива во слушањето музика преку црни слушалки WH-CH720 од Sony

Врвен звук за секоја песна

Уживајте во природни вокали, кристално јасен звук и балансирано приспособување на звукот благодарение на вградениот процесор V1 и процесорот за подобрување на дигиталниот звук (DSEE) кои создаваат висококвалитетен звук што одговара на замислата на изведувачите.

Уживајте во подобро балансиран звук

Нашиот вграден процесор V1 нуди реално доживување при слушањето преку репродукција на деталите во вашата музика со минимално изобличување. Приспособувањето на звукот е намерно дизајнирано да биде одлично балансирано, од ниските па сè до високите фреквенции, со природни и јасни вокали.
Слика од вградениот процесор V1 од Sony

Зачувајте го оригиналниот звук

Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
Слика од логото DSEE

Максимална практичност, максимално приспособување

Слушалките WH-CH720N се уште подобри со апликацијата Sound Connect. Едноставниот и интуитивен интерфејс ви овозможува да добиете идеален звук и поставки за кратенки, и да ја прегледувате вашата неодамнешна историја на слушање. Безбедното слушање ви овозможува да проверите дали ги следите препорачаните навики за здраво слушање според СЗО.
Слика од логото на апликацијата Sony Sound Connect
Слика од жена која носи слушалки во глобусна мрежа со различни слики што кружат околу нејзината глава

Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.