Поништување на шумот

Жена која носи розови слушалки WH-CH720N од Sony и е фокусирана на читањето додека заматени фигури поминуваат покрај неа.

Исклучете го звукот на светот околу вас

Технологијата со два сензори за шум и вградениот процесор V1 нудат повисоко ниво на поништување на шум. Сега може да го исклучите звукот на светот околу вас и да уживате во музиката. Исто така, може да го приспособувате амбиенталниот звук во 20 различни нивоа со апликацијата Sony | Sound Connect.

Погледнете ја разликата што ја прави поништувањето на шумот

Повеќе музика, помалку шум во заднина

Благодарение на двата микрофони во секоја слушалка и технологијата за два сензори за шум што го доловуваат амбиенталниот звук, може да го блокирате надворешниот шум каде и да одите, а единственото нешто што ќе го слушате ќе биде вашата музика.
Лого за дигитално поништување на шум
Слика од жена во ресторан која слуша музика преку бели слушалки WH-CH720 од Sony

Слушајте попаметно

Вградениот процесор V1 помага во елиминирање на надворешните звуци со мало доцнење во обработката за да овозможи најефикасно поништување на шум досега.
Слика од вградениот процесор V1 од Sony

Стишете го ветерот

Новосоздадената структура за намалување на шумот предизвикан од ветер околу микрофонот го намалува шумот во заднина и се фокусира на вашата омилена музика.
Слика од човек во град кој носи црни слушалки WH-CH720N од Sony и држи чаша кафе.

Поприроден амбиентален звук

Во режимот за амбиентален звук, слушалките WH-CH720N доловуваат повеќе амбиентални звуци околу вас благодарение на микрофоните насочени нанапред и наназад, за да можете да уживате во природно доживување при слушањето и да бидете поврзани со вашето опкружување. Освен тоа, апликацијата Sony | Sound Connect ќе ви овозможи да го приспособувате амбиенталниот звук во 20 нивоа, а може да ја користите и функцијата за фокусирање гласови за да разговарате без да ги вадите слушалките.
Лого за апликацијата Sony | Sound Connect
Слика од црни слушалки WH-CH720 од Sony наспроти бела заднина

Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите

Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Таа препознава дури и локации што често ги посетувате, како што е вашето работно место, салата за вежбање или омилениот кафе бар, а потоа избира режим на звук што е соодветен за ситуацијата.
Слика од мапа со икони за дом, канцеларија, училиште и сала за вежбање