WH-CH720N нудат функција за поврзување со повеќе уреди и лесно ракување со копчињата, а може и да ги контролирате со вашиот глас. Поради тоа што поврзувањето е лесно благодарение на Swift Pair и Fast Pair, овие слушалки се идеални за секојдневно користење0.
Поврзување со повеќе уреди
Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Кога ќе добиете повик, слушалките ќе знаат кој уред ѕвони и автоматски ќе се поврзат со тој уред.
Контрола на дофат на вашите прсти
Практично поставените копчиња ќе ви помогнат да репродуцирате, запирате или прескокнувате песни и да ја прилагодувате јачината на звукот. Ќе можете дури и да одговарате на повици и да го активирате гласовниот помошник со еден допир.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Добијте помош без да ги користите рацете - само изговорете „Ok Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник.0 Слушајте музика, поврзете се со пријателите, добивајте известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.1
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Со само еден допир, WH-CH720N овозможуваат лесно впарување со вашите уреди со Android™ преку Bluetooth®.0 Може дури и да активирате звучен сигнал кај вашиот уред, за да го пронајдете лесно кога е во ваша близина.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 10 и 11 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.