Целта е да се запре искористувањето на животната средина
Инспирирана од убавината на светот, компанијата Sony придонесува за зачувување на Земјата и нуди врвен квалитет на звук и врвни доживувања при слушањето. Со цел да постигнеме искористување на животната средина еднакво на нула низ целата групација на Sony до 2050 година, ќе ги забрзаме бројните еколошки иницијативи.
Нашите производи ја земаат предвид животната средина. Приближно 30 % рециклирана пластика се користи во повеќе делови од куќиштето на слушалките WH‑CH5300. Исто така, за нивното пакување не се користи пластика1. Овие слушалки се доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
Веруваме дека технологијата треба да го направи светот поинтерактивен, покреативен, позабавен и сеопфатен. Сеопфатниот дизајн што ги зема предвид потребите на луѓето и што го применуваме за нашите аудиопроизводи, ни помага да го пренесеме нашето доживување Kando на сите корисници, независно од нивната возраст, способност или опкружување.