Млада жена носи бели слушалки WH-CH530 и учи на лаптоп во библиотека

Практично користење. Поврзување. Сигурност.

Со енергијата за репродукција до 55 часа и брзото полнење (3 минути за 1,5 часа слушање), батеријата на слушалките WH-CH530 трае подолго дури и од издржливоста на најголемите љубители на содржини. Контролата на максимална јачина на звук нуди 5 приспособливи нивоа на максимална јачина за заштита на вашиот слух, а гласовната контрола овозможува непречено и долготрајно користење. Различните опции за поврзување вклучуваат истовремено впарување со повеќе уреди и брзо впарување со голем избор на уреди, како и новата генерација на LE Audio за слушање со мало доцнење и поддршката за Auracast.

Долготрајна батерија и брзо полнење

Ништо не ја запира музиката, со траење на батеријата до 55 часа и брзо полнење од 3 минути за дополнителни 1,5 часа непрекинато репродуцирање содржини.
Слика од икона за батерија, репродукција до 55 часа, брзо полнење од 3 минути за користење до 1,5 часа

Приспособлива максимална јачина на звук за безбедно слушање

Контролата на максимална јачина на звук го заштитува слухот на корисниците за долготрајно уживање во музика и содржини. Изберете од 5 нивоа на максимална јачина на звук во апликацијата за да го приспособите слушањето по ваша желба.
Млада жена користи паметен телефон за да ги приспособи ограничувањата за јачина на звук на розови слушалки WH-CH530 од Sony

Поврзување со повеќе уреди

Заради максимална практичност, вашите слушалки може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено, а потоа автоматски да избираат помеѓу уредите кога ќе добиете повик или кога ќе активирате репродукција на некој од уредите.
Млад маж во надворешно опкружување кој носи слушалки WH-CH530 од Sony во светлозелена боја и користи лаптоп и мобилен телефон

Новата генерација на звук преку Bluetooth®

Уживајте во извонредно мало доцнење за беспрекорно играње игри, лесен пристап до јавни емитувања со Auracast™ и секако, извонреден квалитет на звук. Истовременото поврзување со повеќе уреди и автоматското преминување ве поврзуваат без прекини01.
Млад маж и жена во надворешно опкружување носат безжични слушалки WH-CH530 од Sony во кобалтна сина и светлозелена боја

Практични копчиња за контрола

Практичните копчиња на слушалките овозможуваат брзо приспособување на јачината на звукот, управување со повиците и активирање гласовна контрола.
Слика одблиску од црните слушалки WH-CH530 со приказ на копчињата за јачина на звук, прескокнување песни и за повици, како и приклучокот за полнење USB-C
Слика од лого за Fast Pair

Најдете ги вашите слушалки со Fast Pair

Со само еден допир, слушалките WH-CH530 овозможуваат лесно впарување со вашите уреди со Android™ преку Bluetooth®0. Може дури и да активирате звучен сигнал кај вашиот уред, за да го пронајдете лесно кога е во ваша близина.
Слика од икона од лаптоп покрај симбол за безжично поврзување

Лесно впарување со вашиот компјутер

Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на вашите слушалки со вашиот лаптоп со Windows 11, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.
Човек носи слушалки WH-CH530 и зборува, со симбол за микрофон покрај горниот дел на неговата глава

Гласовна контрола

Притиснете го копчето за гласовна контрола за да добиете помош од Google или Siri и да ги задоволите потребите без прекини во вашата работа - како репродукција на вашите омилени песни, праќање пораки и воспоставување повици, добивање брзи одговори и управување со вашиот календар и потсетници0.