Слушалките WF-1000XM4 се достапни во црна или сребрена боја.
Помали димензии, без компромиси
Одново ги дизајниравме слушалките WF-1000XM4 за да ги направиме 10% помали од претходната генерација, без намалување на квалитетот на звукот или траењето на батеријата. Тежат 7,3 гр. и се доволно лесни за да ги носите цел ден. Футролата за полнење е помала за 40%, а сепак нуди енергија за 16 часа.
Подобри за животната средина
Пакувањето на WF-1000XM4 не содржи пластика0 и е дизајнирано врз основа на стандардите за мала токсичност и филозофијата "Создадено за повторно создавање" што е подобра за општеството. 99% од хартиеното пакување, освен етикетите, е произведено од рециклирани и одржливи материјали создадени специјално за Sony.