Удобно поврзување/контрола

Икона за микрофон која означува функција за гласовен помошник

Контролирајте со вашиот глас

Добијте помош без да ги користите рацете. Само изговорете „Hey Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник.0 Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Може да ги контролирате и функциите на слушалките, како поништување шум, со помош на вашиот глас.1
 
Лого ознаки за Google Assistant и Alexa
Лого за Fast Pair

Најдете ги вашите слушалки со Fast Pair

WF-1000XM4 ја поддржуваат функцијата за брзо впарување на Google. WF-1000XM4 брзо и едноставно се впаруваат со уреди со Android преку Bluetooth® со еден допир. Лесно може да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку вашиот паметен телефон. Ќе добиете дури и известување кога батеријата на слушалките има малку енергија.
Слика од лаптоп што емитува безжични сигнали

Лесно впарување со вашиот компјутер

Функцијата Swift Pair нуди брзо и лесно впарување на слушалките WF-1000XM4 со вашиот лаптоп со Windows 10, компјутер или таблет-уред. На уредите со Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Икони од лаптоп и паметен телефон

Поврзување со повеќе уреди

Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Ако добиете дојдовен повик, слушалките знаат кој уред ѕвони и автоматски се поврзуваат со него. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.0

Совршени за серии, филмови и многу повеќе

Дали гледате видеосодржини на вашиот паметен телефон или таблет-уред? Напредната безжична врска на WF-1000XM4 прецизно ги синхронизира сликите со звуците што ги слушате преку слушалките за поголемо уживање при гледањето.
Пар бели слушалки WF-1000XM4 ставени врз украсена дрвена маса, покрај нивната футрола

Појасен и постабилен Bluetooth-сигнал

Оптимизацијата на алгоритамот за пренос со вградениот процесор V1 овозможи постабилна врска со помалку прескокнувања на звукот, дури и во опкружувања со пречки. Овозможува пренос на звукот до двете уши истовремено со многу мало доцнење и посилен сигнал како никогаш досега.
Слика за споредба на преносот од лево кон десно преку BT кај WF-1000X со истовремениот пренос лево и десно преку BT кај WF-1000XM4

(A) Пренос од лево кон десно преку BT со WF-1000X.
(B) Истовремен пренос до лево и десно уво преку BT со WF-1000XM4

Сè е на дофат на вашите прсти

Слушалките WF-1000XM4 имаат поставки за интуитивна контрола на допир - на пример, допрете ја левата слушалка за да преминете од режим за поништување шум во режим за амбиентален звук или допрете ја подолго за брзо стишување или, пак, допрете ја десната слушалка двапати за да преминете на следната песна. Освен тоа, може да доделите функции по ваш избор на двете слушалки преку апликацијата Sound Connect.
Икона од дланка која притиска врз кружна допирна точка

Моментална пауза. Моментална репродукција.

Само извадете ги ушните влошки од вашите уши и музиката ќе запре - сензорот за близина знае кога носите една или две ушни влошки. Вратете ги ушните влошки во ушите и музиката ќе продолжи.
Слика од човек кој вади ушна влошка од увото
Слика од некој кој става слушалка во уво

Максимална практичност, максимално приспособување

Слушалките WF-1000XM4 се уште подобри со апликацијата Sound Connect. Едноставниот и интуитивен интерфејс ви овозможува да добиете идеален звук и поставки за кратенки, и да ја прегледувате вашата неодамнешна историја на слушање.
Лого за апликацијата Sony | Sound Connect