Двата микрофони што откриваат шум - по еден на предната и задната страна - на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата.
Ушните влошки за изолирање на шумот се направени од полиуретанска пена. Таа е мека, еластична и ја зголемува контактната површина помеѓу врвот на ушните влошки и ушниот канал и го елиминира празниот простор за да го изолира звукот и да го намали шумот. Го подобрува и прилепувањето до ушниот канал и ги прави слушалките WF-1000XM4 лесни за носење.