Дознајте за INZONE KBD-H75

Прекинувач од копче на тастатура, кој свети во виолетова боја.

Неверојатна брзина. Брзо регистрирање. Стапка на праќање информации од 8000 Hz.

Преземете ја контролата со брзина на рефлексите. Брзото регистрирање нуди прецизно половично притискање на копчињата, при што ги открива сите делумни притискања или отпуштања на копчињата - приспособено според вашиот стил на играње. Заедно со стапката на праќање информации до 8000 Hz, тастатурата нуди предност која трае дел од секундата и која им е потребна на професионалните играчи.
 
Напречен пресек на тастатурата, каде што се гледаат прекинувачите со заптивки.

Дизајн со заптивки - удобност при притискање на секое копче

Дизајнот со заптивки го амортизира секое притискање, што е овозможено со ставање на плочата помеѓу две меки заптивки. На тој начин се намалуваат вибрациите и се подобрува повратната реакција, за порамномерно и подобро притискање на копчињата со чист и прецизен звук - што резултира со удобност која трае при долгите периоди на играње игри.
 
Работна маса со тастатура од 75% и глувче.

Компактен распоред од 75%.
Создадена за важни натпревари.

Дизајниран заедно со најдобрите играчи од Fnatic, компактниот распоред од 75% е создаден преку намалување на просторот помеѓу копчињата за да им понуди повеќе простор за глувчето на професионалните играчи на FPS-игри, без изоставување на неопходните копчиња за секојдневна употреба. Вртливото копче, создадено за прецизно користење, е однапред поставено за брзо менување на јачината на звукот, за вашите раце да останат во играта.
 
Слика одблиску од металната рамка на тастатурата.

Обработен алуминиум. Безвременска и подготвена за натпреварувања.

Елегантна. Цврста. Без отстапки. Оваа тастатура, со куќиште од алуминиум обработен со CNC, нуди комбинација од долготрајна издржливост и префинет изглед кој е еднакво добар и на допир.
 
Е-спортисти од Fnatic на настан, каде што има екран кој го прикажува брендот INZONE.

Создадени со Fnatic

Од распоредот, па сè до чувството при притиснување на копчињата, сите елементи беа создадени со елитните членови на Fnatic, приспособени за потребите за натпреварување на високо ниво.
 
Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.