Текст за видео за INZONE KBD-H75

Белото лого „INZONE“ почнува да се појавува во центарот на екранот со блесок од силни зраци светлина во виолетова и сина боја, а потоа се стабилизира врз заднина со градација на виолетовата боја.

Слика одблиску од задни потпирачи на црна тастатура, покрај логото INZONE. Тастатурата ротира наспроти црна заднина за да ги истакне дизајнот и текстурите на површината, потоа се врти за да се прикаже целосно, а бидејќи тастатурата е вклучена, копчињата се осветлени со задно осветлување во сина и виолетова боја.

Потоа повторно се врти и застанува на левата страна на екранот, покрај насловот „Тастатура за игри INZONE KBD-H75“.

Под текстот „Создадена со FNATIC“ и виолетовата боја, гледаме серија снимки од тимот за е-спортови Fnatic, кој интензивно ја тестира и разговара за тастатурата.

Се појавува анимиран син цртеж од тастатура со целосна големина. Делот со броеви на десната страна се откачува и останува дел со помал распоред, со текстот „75% помали димензии за повеќе простор и контрола“.

Се појавува анимиран напречен пресек од полупровиден прекинувач за тастатура, а копчето се движи надолу за да ја покаже „точката на активирање“ со испрекината линија која се поместува помеѓу растојанијата од 0,0 мм до 3,4 мм. Се прикажува текстот „Приспособување на точката на активирање за прецизна контрола на одзивот“. Зумираме во анимацијата за да го прикажеме копчето кое се движи и да го истакнеме текстот „Приспособување на отпуштањето“, проследен со текстот „Приспособување на притискањето“. Како што копчето се движи брзо нагоре и надолу, се прикажува текстот „Брзото регистрирање ги евидентира најбрзите реакции“.

Слика одблиску од задната страна на тастатурата со USB-C-кабел приклучен во приклучокот. Потоа камерата лета низ апстрактен тунел со бела светлина, за да симулира пренос на податоци низ кабелот. Кога камерата ќе одзумира, добиваме целосен приказ на поврзаната тастатура и текст „Извонредно брза стапка на праќање информации до 8000 Hz“.

Слоевите на структурата на тастатурата се спојуваат вертикално, под текстот „Дизајн со заптивки. Врвна удобност при притискање на секое копче“, а виолетовите прекинувачи и црните капачиња се прикачуваат на тастатурата. Се прикажува слика одблиску од тастатурата, неколку копчиња се активираат и почнуваат да светат во сина боја бидејќи некој ги притиснал. Камерата преминува на поширока слика од провидно копче за празно место, каде што се откриваат висококвалитетни внатрешни стабилизатори и се прикажува текстот „Стабилизатори за сигурно активирање на копчињата“, а виолетовите кругови ги означуваат точките за стабилизација.

Преминуваме на страничен приказ на тастатурата, ставена врз темна површина, а потоа се прикажуваат слики одблиску со текстот „Алуминиумска горна површина обработена со CNC. Одлична издржливост и врвно чувство“, заедно со копчето со текстура за јачина на звук.

Неколку слики одблиску кои го истакнуваат висококвалитетниот дизајн, потоа се враќа целосниот приказ на тастатурата, некој ја вклучува и копчињата почнуваат да светат во сина и виолетова боја, а потоа тастатурата ротира кон едната страна на екранот, каде што се прикажуваат логото INZONE и текстовите за главните функции, проследени со анимираното лого на Sony.