Сите функции

Играч од Fnatic пишува преку тастатура за игри.

Создадени со Fnatic

Нашето партнерство со Fnatic ги обликуваше сите детали на оваа тастатура. Работејќи директно со нивните професионални играчи, постигнавме детално приспособување на компактниот формат од 75% и брзо и стабилно пишување текст, кои одговараат на темпото и притисокот на натпреварувањата.
 
Тастатура со ознаки над копчињата кои прикажуваат приспособливи растојанија на активирање од 0,1 до 3,4 мм.

Приспособлива точка на активирање. Предност во брзината.

Изберете идеално притискање на копчињата. Приспособете ја точката на активирање од 0,1 мм до 3,4 мм и добијте целосна контрола врз одзивот и чувството, независно дали правите прецизни движења или брзо ги притискате командите.
Компонентен приказ на механичкиот прекинувач, со поставки за притиснување и отпуштање.

Брзо регистрирање со контрола на притискањето

Според мислењата на професионалните играчи, притискањето на копчињата е поставено на 3,4 мм. Технологијата за брзо регистрирање ви овозможува да ги приспособите точките ON (активирање) и OFF (отпуштање) независно, при што влезните сигнали ќе се регистрираат побрзо без потреба од враќање во фиксна положба за ресетирање, што резултира со најдобар одзив.

Прекинувачи со силен стабилизатор за стабилно пишување

Цврстите стабилизатори со две шини на прекинувачот го минимизираат клатењето на копчињата, за порамномерно притиснување и доследно ресетирање, што ги зголемува и стабилноста при пишување текст и перформансите за брзо регистрирање.
Внатрешни компоненти на силниот стабилизатор на прекинувачот.

Стабилизатори за рамномерно и доследно притиснување на копчињата

Наменските стабилизатори овозможуваат рамномерно и доследно притискање на долгите копчиња, како копчињата за празно место и Shift, дури и ако не ги притиснете централно.
Долна страна на тастатура, каде што се прикажани стабилизаторите на долгите копчиња.
Страничен приказ на тастатурата INZONE KBD-H75 со намотан кабел

Извонредно брза стапка на праќање информации до 8000 Hz

Со стапка на праќање информации до 8000 Hz, сите реакции се откриваат веднаш, за извонредно брза контрола и прецизно темпирање на влезниот сигнал кога сте под притисок.
Повеќеслоен приказ на структурата на INZONE KBD-H75

Дизајн со заптивки за меко чувство, чист звук и долго играње

Дизајнот со заптивки ја става алуминиумската плоча од 1,5 мм помеѓу две меки заптивки, кои ги апсорбираат вибрациите, го подобруваат одзивот и создаваат чист и пријатен звук при притиснувањето, создавајќи помеко и порамномерно чувство на удобност при долго играње.
Систем со INZONE KBD-H75 и глувче, ставени на работна маса, под монитор.

Компактен распоред од 75%. Поголем простор за нишанење.

Компактниот распоред од 75% ви ги нуди сите потребни копчиња - без да го зафаќа просторот кој го немате. Тастатурата, дизајнирана заедно со најдобрите играчи од Fnatic, чиј помал простор помеѓу копчињата резултира со помали димензии, ослободува многу повеќе простор за движење на глувчето, особено кај системите за FPS-игри. Вграденото алуминиумско вртливо копче за јачина на звукот нуди брза и опиплива контрола, за да може да правите брзи промени за време на натпреварот, без да изгубите фокус.

Разгледајте ја тастатурата INZONE KBD-H75

Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Приказ од 360 степени на тастатурата iNZONE KBD-H75.
Слика одблиску од вртливото копче со текстура, во аголот на тастатурата.

Практично вртливо копче за контрола на јачината на звукот

Вртливото копче ви овозможува брзо менување на јачината на звукот, без да го загубите фокусот во играта.
Внатрешен приказ на капачињата со двоен PBT

Капачиња со двоен PBT. Создадени да траат.

Направени со двојно леење, овие PBT-капачиња за копчиња се отпорни на абење и имаат текстура која се чувствува на допир. Копчињата остануваат остри и мат кога играте долги периоди.
Агол на тастатура, каде што е прикажано куќиштето од обработен алуминиум.

Обработен алуминиум. Создаден да трае.

Куќиштето, кое е прецизно изработено од алуминиум обработен со CNC, нуди извонредна цврстина и врвна завршна обработка. Создадено е да се користи со години за играње на натпревари, со доследна повратна реакција и издржливост.
Тастатура INZONE KBD-H75 осветлена со градација на виолетово-сини RGB-ефекти низ сите копчиња.

Ваши копчиња. Ваше осветлување.

Направете сопствен профил за RGB-осветлување или започнете со зададениот ефект инспириран од INZONE. Системот е ваш. Осветлете го на ваш начин.
Интерфејс на INZONE Hub кој прикажува поставки за тастатурата.

Приспособувајте детално со INZONE Hub

Од активирање и брзо регистрирање, па сè до осветлување, назначување копчиња и профили, INZONE Hub ќе ви овозможи детално приспособување на вашата тастатура според начинот на кој играте. Достапно како инсталиран софтвер или преку вашиот веб-пребарувач.